Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПИЕЊE КАФЕ НА ПЛАНЕТАТА КЕЈ ПЕКС СО РИСТО ПОПОВСКИ

August 13, 2018 Filed Under: Македонија

Заедно со сега покојниот колега Ристо Поповски проценивме еднаш дека филмот „Кеј пекс“, кој говори за преселба на душата сосе телото на покојните на една оддалечена планета  едноставно – ни пасува. Особено заради можноста пак да пиеме кафе во некои тамошно кафуле

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

ВО ПОСЛЕДЕН МИГ По агенциски ефкекси тектовите ги пишуваше во последен момент а сепак – навреме

Кога по повод смртта на еден наш колега пред девет години, со Ристо Поповски говоревме за смислата и бесмислата на нашето исчезнување од овој свет, додека пиевме кафе се допревме до филмот „Кеј пекс“ со Кевин Спејс. Ова дело кое издавачот на Утрински (и негов погребувач) – МПМ а потоа и на магазинот Глобус, во дел од неговиот живот, каде Поповски соработуваше и имаше редовна рубрика со колумни, го издаде како ДВД прилог, па на обајцата ни беше познат. Истиот говори за тоа дека ние не престануваме да постоиме после погребот, туку во часот на смртта се транспортираме на планетата Кеј пекс, оддалечена од нас 1.000 светлосни години и сместена во констелацијата Лира

Лесно се согласивме дека тоа е некаква правична солуција, бидејќи од една страна како форма на трансцеденција ги оспорува религиозните обележја на прашањето „што после смртта“ а од друга страна ни овозможува, со оглед дека имаме тело, да продолжиме со неговото користење. Пиењето на кафе беше една од тие привилегии, на пример: може да се сркнкува, да се води муабет..

Имаше, според заедничката констатација неколку дилеми и со патувањето со ултравиолетова светлина до Кеј пекс. Имено, какво ќе биде кафето ако ги немаме оние теми (политиката пред се) како мотиви за разговор и размена на мислења?! Заклучивме дека на таа планета секако ќе има некаков општествен живот. Значи не треба да му ја мислиме многу.

КАЈ РОРИ Фотографија за Глобус, под борот кај „Рори“, каде често пиеше кафе

Второто прашање беше што со нашите сеќавања, со преокупациите кои би ги носеле од овој живот? И јас и колегата Поповски знаевме, од содржината на овој филм, дека нема никаков основ да се надеваме дека ќе имаме право на минато во тој нов живот, бидејжи патувањето на Кеј пекс е токму условено со бришење на сеќавањето на било што потекнува од планетата Земја. Имено, јунакот на филмот, кој завршува на една Психијатриска клиника на Менхетен, морал да биде вратен назад, „на корекција“ токму во однос на неговите гајлиња околу членови на семејството кои ги оставил.

Значи, заклучивме, меморијата за нас ќе мора да ја оставиме на оние најблиските кои остануваат после нашата смрт, тука на планетава а тие пак на своите потомци. Тоа е секако она што како завет останува за сите кои се простија од него во еден од последнит јулски денови, кога стигна веста дека починал.

Неговата борба за живот траеше најмалку два месеци. Дознав бидејќи беше неверојанто педантен кога ги даваше своите колумни до техничкиот уредник во 22 часот секој понеделник, освен во неколку искличителни моменти, пак поврзани со здравјето. Седнуваше на компјутерот во 21 час, по негови кажувања, чекајќи ги вестите до последен миг и како искусен припадник на професијата за еден час беше готов. Ќе се јавеше следниот ден на пладне, да забележи ако има некоја грешка при преносот или ако излегувањето на бројот доцнеше.

По неколку недели отсуство Лиле Мазева ми соопшти дека бил опериран во болница и дека ситуацијатасо здравјето не е најдобра. Потоа, по многу недели стигна охрабрувачка вест – Ристо доаѓа дома и е подобар.

КОЛУМНА Неговите колумни одеа со оваа фотографија е беа преземани од многу медиуми

Се чув со него неколку дена пред да почине. Пред било што да кажам рече – и овој вторник нема да има моја колумна, се уште немам толку сила. А се разбира, се јаувавв само да го прашам за опоравувањето.

ОК, Ристо ние веќе имаме еден договор – ќе се најдеме пак на кафе во Кеј пекс и оние кои знаат што е тоа и оние кои не знаеме, со надеж дека таму овој пијалок знаат добро да го прават. Како кај „Рори“ на пример.

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet