Со одлука на Врховниот суд петонеделната суспензија на парламентот е прогласена за понижувачка за личноста на Борис Џонсон, ама таа, колкуи а е понижувачка за премиерот ги мобилизира подржувачите на Брегзит по секоја цена
ВЛАДАН МАРЈАНОВИЌ
Можете ли да замислите покатастрофален почеток на премиерскиот мандат од оној на Борис Џонсон? За само неколку месеци на чело на владата, тој остана без 23 пратеници – двајца ја оставија Конзервативната партија самите, 21 е избркан од неа, сето тоа заради опозиција на намерата на владата да ја изложи Велика Британија на напуштање на Европската унија без договор.
Тенкото парламентарно мнозинство која неговата партија ја имаше во Долниот дом – и тоа само заради поддршката на алстерските унионисти – се претвори во нефункционално малцинство: во парламентот Џонсон го изгуби секое од седумте гласања кои ги иницираше Владата, вклучувајќи и два обиди да се издејствувата предвремени избори пред крајот на октомври (опозицијата, вклчувајќи го и лабуристот Џереми Корбин, кој на избори се согласува самоп ако се изостави опцијата за напуштање на ЕУ без договор!). Се соочи со сериозни обвиненија за злоупотреба на јавните фондови додека бил градоначалник на Лондон, на кои одбива да одговори. А тогаш го понижи и Врховниот суд, едногласно пресудувајќи дека одлуката за суспендирање на на работата на парламентот на дури пет недели е незаконита.
Како што навела во образложението претседателлкта на судот Бренда Хејл, Џонсон „без разумен основ го спречил парламентот да ја обавува својата функција“. Со тоа им беше дадено за право на сите кои од стартот сметаа дека оваа суспензија има за цел да ја спречи активноста на партиите додека се приближува датумот – 31 октомври, кога од ЕУ Британија би излегла без било каков договор. Судот се воздржа експлицитно да ја спомене кралицата Елиабета Втора, која пак според вообичаена процедура морала да го поддржи премиерот во неговите намери да го суспендира парламентот. Наводно Џонсон потоа и се извинил на кралицата иако тоа јавно не го сторил. Ова се процени како факт дека премиерот нема срам, или барем ронка совест, бидејќи премиерот мораше после судската одлука да поднесе отставка.
Јасно, ништо од тоа. Одраснат во привилегии и навикнат се да му минува, Џонсон никогаш – а секако не како дописник од странство, како главен уредник или министер за наворешни работи – немаше вишок на скрупули. Саморефлексијата и преиспитувањето, толерантноста кон другите и одговорноста за јавно дадениот збор, тоа не е за него, иако во оваа земја тоа се подрабира за премиерот!
Во говорот после враќањето на парламентарците на работа Џонсон користеше многу навреди, најчесто „издјници“ а не престана и кога го опоменаа дека користи термин што потоа го користат приврзеници на Брегзитот кога им се заканувата по телефон на политичките опоненти. Посебно е недопустливо што Џонсон говорел за покојната пратеничка Џо Кокс, која беше убиена од десничар една недела пред референдумот за Брегзитот (таа беше противник на тој чекор) како за заслужена смрт! Овој говор ги констернираше и оние кои мислеа дека веќе го чуле најниското и најнедозволивото од Џонсон. А се е калкулација бидејќи во оваа ситуација, како тврд „брегзитоврц“ против кого ете сега е и судството (!) ќе ги мотивира сите кои е за брзо и без договор откинување од ЕУ, како што се симпатизрите на партијата на Нејџел Фараж, кои би биле на идните избори, до кои мора да дојде, кога-тогаш и кои би ги полниле испразнетите борбенио едови на премиерот. Именио, штабот на Конзервативците смета дека црно-белата ситуација може да обезбеди повеќе гласови. „Џонсоновото кршење на законите опасно ги приовлекува некои бирачи“, сметаат некои аналитичари. Воедно Џонсон смета и на тоа дека е доволно било која европска држава, членка на Унијата да не изгласа одложување на излегувањето на Британија, што би овозможила автоматско исклучување на Островот. Џонсон наводно смтал на Орбан, ама изгледа дека ниту тој не е подготвен на таков чекор. .