Пратеникот Сергеј Попов во алхохолизирана состојба и без дозвола направил сообраќајка во која имало повредено лице, но за тоа платил само казна од 500 евра! Сега ќе го менува системот што убива како ако тој систем дозволил од осуден криминалец да станеш пратеник?!

И така – додека младите протестираат, бараат правда и безбедност на улиците, излезе голем скандал кој го покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Сергеј Попов, актуелен пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во која повредил жена, рече на прес конференција претседателот на Социјалдемократската младина Трајче Стојчевски.
– Поради ова е осуден за тешко кривично дело – возење без дозвола, под дејство на алкохол и предизвикување тешка сообраќајна несреќа. Вакво неморално однесување е во суштина идентично како однесувањето на сторителот на сообраќајката на младата Фросина. Со тоа што убиецот на Фросина е во затвор, а Сергеј Попов е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ете какво е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, сосема спротивно на се’ што младите сакаат и за што се борат и залагаат. После ова ниту Попов ниту ДПМНЕ немаат право јавно да ги повикуваат младите, ниту на протести ниту да ветуваат промени. Не може осуден за несовесно возење без положен возачки испит, за возење под дејство на алкохол и за предизвикување сообраќајна несреќа, да зборува за правда и системски реформи. Сергеј Попов е дел од системот што убива и мора да понесе одговорност, да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата претседател на вмровската УМС, рече Стојчевски.
„Точно е дека пред 11 години, кога бев на 18-годишна возраст, направив грешка која, за жал, имаше последици. Бев осуден за тоа и целосно ги прифатив последиците од моите дејства. Беше многу тежок период за мене и за моите најблиски. Во меѓувреме, ги исплатив сите штети кон лицата кои беа засегнати од моето недолично однесување. Таа грешка беше не само за мене, туку и за сите околу мене, и беше навистина важна лекција во мојот живот“ вели Попов во објавата.
Тој пишува „мора да нагласам дека, по таа случка, никогаш повеќе во животот не сум возел. Никогаш не сум повторил никакво слично дејство, и дури и денес, по 11 години, не сум положил за возачка дозвола, затоа што сметам дека на безбедноста на патиштата треба да се гледа со најголема сериозност и одговорност. Така што, кога се зборува за тоа дека наводно сум прегазил жена на улица, би сакал да ја исправам оваа теза. Случајот во кој беше вмешано моето име не беше таков. Се случи сообраќајна несреќа, судар со друго возило, кој резултираше со повреда на жена која се возела во другото возило. Оваа ситуација нема никаква врска со наводните изјави и не може да биде поистоветена со трагедијата која ја доживеа Фросина. Не постојат никакви сличности помеѓу мојата ситуација и тоа што се случи со неа“.
Пратеникот Попов верува „дека целта на луѓето кои ги шират овие обвиненија не е вистински да ги истражат фактите и да го прикажат вистинскиот развој на настаните, туку се обидуваат да создадат изговори за политички поени и манипулации во овие сензитивни моменти. Ова е неприфатливо и не е фер во однос на мојата личност, која веќе се соочила со последиците од своите грешки и се труди да биде одговорна, да ги поправи своите дејства и да направи добро за општеството“.
„Од таа моја грешка до денес поминаа 11 години, или 132 месеци, или 4015 денови, а јас извлеков поука. Од овие години 7 имаа СДС и нивните ортаци од шарената револуција Левица…“ – пропдолжува синот на актуелчниот претседател на МАНУ Живко Попов. Не можел да го смени минатото, но можел да ја обликува иднината стои во неговата објава на ФБ.
Она што е секако лицемерно е фактот дека тој пратеник се обиде да го искористи случајот со усмртувањето на младата Фросина Кулакова на пешачки премин за да ја насочи енергијата на улиците, оправдана секако само кон третата власт ама притоа да не се забележат сегментите што ја обвинуваат и сегашната власт. Еден од тие моменти е дека тој помина со казна од 30 илјади денари, односно неговбата судбина е врзана за „нежноста“ на тој систем што тој сега сака да го менува.
Порталот Инфомакс ја објави пресудата против актуелниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на подмладокот на партијата, Сергеј Попов, кој инаку даде поддршка на протестот против, како што вели тој во објава на Фејсбук, „системот кој убива и дозволува криминалци да шетаат по улиците“ (уф,уф кој мирече“).
– Убиството на младата Фросина е доказ дека главната борба треба да биде насочена кон тоа да добиеме судии и обвинители кои ќе ја вршат својата работа и нема да дозволуваат апсени криминалци да шетаат по нашите улици. Заедно со моите колеги од УМС, денес ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме сочувство за Фросина, како и револт против системот кој убива. – стои во објавата на Попов на Фејсбук. Онаа пред да се објави милоста на системот што го напаѓа.
Во пресудата точно се наведени сите околности под кои се случила сообраќајката.
– На ден 24.12.2014 година во 07,00 часот во С., како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што го довел во опасност телото на луѓето, на начин што управувал патничко моторно возило марка „Форд Фокус“ со рег. бр. …, сопственост на И П од С., со правен на движење од кружен тек кон Центар, па кога пристигнал со возилото на крстосницата со ул.„Аминта Трети“ и влез-излез од паркинг просторот пред објектот на „Клуб на Пратеници“, постапил спротивно на чл.43 ст.3, чл.235 ст.1 т.4 и чл.234 ст.1 од ЗБСП, на доволна оддалеченост пред крстосницата, со возилото не зазел положба на онаа сообраќајна лента по која задолжително требало да помине низ крстосницата, со тоа што завзел положба на сообраќајна лента наменета за движење на возилата за право и десно, свртувајќи во лево со правец на движење кон ул.„Аминта Трети“, возилото го управувал без положен возачки испит за управување со моторно возило од определена категорија и при тоа возилото го управувал со концентрација од 1,43 грам промили алкохол во крвта, иако бил свесен дека поради тоа може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување, поради што во левата бочна страна на возилото, бил удрен од предниот десен дел од патничко моторно возило марка „Голф“ со рег. бр…, управувано од Д.Ц. по левата сообраќајна лента од ул.„Метрополит Теодосиј Гологанов“ со правец на движење од кружен тек кон Центар, а во моментот на незгодата со возилото навлегол на крстосницата со ул.„Аминта Трети“ и влез-излезот од паркинг просторот пред објект на „Клуб на Пратеници“, задржувајќи го правецот на движење за право по ул.„Метрополит Теодосиј Гологанов“, од кој удар оштетената С Ц, сопатник во патничкото моторно возило марка „Голф“, се здобила со телесни повреди изразени во вид на нагмечување на главата – стои во пресудата.
Накратко, Попов е осуден за исто кривично дело „Загрозувње на безбедноста на сообраќајот“ од чл.297 ст.1 од КЗ на РМ кој предвидува парична казна или казна затвор од една до три години.
Во случајов, Попов нема казна затвор, нема ниту условна казна затвор која можела да биде изречена во ситуацијава, има само парична казна и тоа од само 30.750,00 денари, што претставува 50 дневни глоби, секоја глоба од по 10 евра во денарска противвредност од 615,00 денари.