Ако нашите гласачи ама и пошироката јавност имаа проблем со енигмата на Мицковски од типот – имам план за ЕУ ама ќе го кажам кога ќе победам, се чини сега, после последниот викенд, се’ да е појасно. Како во онаа песна на Балашевиќ – „Патувај Европо и немој да чекаш на нас“…
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во редовите на симпатизерите на опозицијата, чии претставници влегоа во неделата во техничката влада на РСМ, како дел од подготовките на парламентарните избори, владее своевидна „шампањизација“. Овој пат со некои домашни видови на пијалак. Седнати по парковите истите до пладне оваа „пржинска промена“ на владините редови, последица на постоењето на 11 – годишниот режин на Груевски и на обидот на надворешниот фактор да внесе каков-таков ред во одвивање на изборите, ја доживуваат како некаков „уриет“. Барем до пладне кога „шампањското“ очевидно предизвикува и поинакви реакции, често во форма и на меѓусебни кавги.
Нови влошувања, нови влошувања…
Додуша, битно влошување на состојбите во земјата до самите избори, значи за 100-тен наредни денови најави, по кој знае кој пат и првиот човек на опозицијата Христијан Мицковски. Тој секако знае за тоа бидејќи не е само прогнозер, туку и креатор на дневната политика во стилот „што полошо – толку подобро“, што се гледа цело време откога тој ја презеде штафетната палка од својот претходник Груевски. И секако, не како разни форми на покачување на притисокот на неговите најверни фанови, пензионерите (!), после нивните редовни дневни активности по парковите на скржавото зимско сонце.
Имено, ако досегашното сценарио за создавање на анархија фунционираше со повеќе од видлива апстиненцијална криза за партијата на Мицковски, сите овие години наназад, посебно откако водењето на лидерите на пензионерите кон високо поставената американска амбасада на Калето, што за „регрутите“ даде посебно лоши последици по состојбата на колениците, па и здравјето заедно и тоа посебно во фазата на симнувањето од Тетовска трошарина наназад (па во автобусите, бесплатно достапни тој петок имаше колнења во стилот – мене никогаш повеќе нема да ме видите…), се чини дека барем во акцион смисол ги обезбрахрува црвено-црните.
Партија која верува во постоењето на перпетуум мобиле
Затоа во Палата „Татарчев“ сметаат дека присуството на нивни иЗбраници во Владата што треба да ги подготви изборите, треба да се процени како додатна шанса на нивното перпетуум мобиле во правење на белји на државата. Иако не гласаа за учествуваат во Владата за која не гласаа ниту воздржано, тие си направиле план како ќе ги билдаат своите изборни потенцијали. На демагошка основа, секако. Но и со деструкции од поголем вид, како што е најавениот штрајк навработените во ФЗО, под раководство на Ахиловата петица во синдикалното движење- УПОЗ.
Најгласен во таа тактика беше актуелниот ве-де министер за внатрешни работи – Панче Тошковски, кој процени дека турканиците пред шалтерите за промена на личните и патни документи тој лесно ќе ги среди. И на стартот доби јасна корпа, дека најпрвин си ги надминува надлежностите а потоа и во однос на она што значат обврските преземени со меѓународните договори, овој пат со Преспанскиот договор.
Споменатиот одмолча како бил примен кај дипломаската претставнилчка на Грција во земјава – Софија Филипиду на која, како што информираа од МВР, и го презентирал проблемот со недостиг на обрасци за пасошите и предложил мерки за негово решавање. Предложил одложување на рокот на важење на пасошите за одреден рок. Во вторникот, кога беше посетата од страна на времениот министер, инаку личен адвокат на Мицковски (!) немаше коментар за ефектот на пиењето кафе во грчката амбасада а во средата веќе го добивме сознанието за очекуваниот одговор од Софија Филипиду, кој треба барен уште во стартот да го направи пореален во одмерувањето на своите обврски. Поука?!
Одговорот на Софија Филипиду инаку е – нема можност за продолжување на рокот за промена на старите документи, бидејќи грчката страна опстојува на ставот да се почитуваат роковите за примена на договореното.
Добро, како омекнување на ефектот од неуспешната визита Тошковски си даде задачи од неговиот ареал. И рече дека во однос на обрасците за пасошите дека проблемот не е со добавувачот, туку во лошото планирање, а во текот на пристигнале пристигнале 50.000 нови документи. Тошковски очекува до крајот на овој месец да пристигнат уште 250.000 обрасци. Така, проблемот со издавањето на патните исправи може да се ублажи само со добра организација, со соодветно менаџирање и прераспределување на човечките ресурси што ги има МВР
И сега, за клучното прашање од политичкиот живот
Суштинско прашање од лани наваму е дали ВМРО ДПМНЕ има воопшто некакво решение за својата земја која трпи последици од фактот дека нејзините пратеници во Парламентот не сакаа да изгласаат промена на Уставот со вметнување на бугарското малцинство во основниот акт на државата. Јасно, тоа предизвика блокада пред почнување на втората фаза од преговорите со ЕУ за наше придружување во рамноправно членство. Проблемот со оваа партија – традиционален кочничар на сопствениот народ во нејзините прогресивни чекори, продолжува и тоа не води кон уште покатастрофични предвидувања по Северна Македонија. На ова алармираше и меѓународната јавност а врв на се беше, на два пати повтореното инсистирање на претставникот на Стејт департментот Џемс О”Браен, лидерот на ВМРО ДПМНЕ да се изјасни кој е неговиот пласн „Б“ во однос на евроатлантските интеграции, ако веќе го одбби најлогичното и наједноставно решение со промена на Уставот. Познато е дека Мицковски понуди „решение“ од типот ќе кажам кога ќе ме изберат. Потоа следуваше онаа асоцијација на американскиот висок функционер дека „не би купувал стар автомобил од Мицковски“ како продавач, што веќе е разглобено низ многу изнедрени шеги што таа крактеризација значи. Професорот Мицковски изгледа не го свати вицот бидјеќи изјави пред неколку дена дека положил на факултетот (каде сега предава) предмет Моторни возила… Со десетка…Да се крлстиш и со раце и со нозе?! Па тој во досетката не купува туку продава автомобил, да му појасниме.
Охридско кафенисување
Но, настрана таа констатација. Многу е битна таа „енигма“ на ВМРО ДПМНЕ да се разјасни пред гласањето во мај. Човек кој инсистира на одговорот за политиките на црвено-црните мора по малку да станува „кремљолог“ и да се обидува нешто да дознае од страна. Се чини дека во два наврати барем во настани организирани од Паневропската унија на Македонија, на чие чело е екс-амбасадорот во Брисел Андреј Лепавцев можеби – како ѕиркање низ клучалникот – да се види дали тој план „Б“ може да добие барем груби контури. Оваа организација одржа две, да ги наречеме така, изјаснување по ова прашање. Првото беше летоска во Охрид а второто последниот викенд во кој кога организацијата бележеше 20 години од основањето во земјава. Што може да се заклучи од истите?
На летошната средба на Паневропската унија, одржана со скромен број на присутни и тоа во еден кафе бар во Охрид, а во организацијата на градоначалникот Кирил Пецаков, се појде од тоа дека политички консензус за европскиот пат на Македонија постои, но политиките и начините на кои тоа се реализира се различни. „Денешната тема се провлекува низ политичко- општествениот живот на Македонија повеќе децении, а деновиве стана особено актуелна со последните потези што ги влече владата. Претпоставувам дека сите ќе се согласиме, а тоа е политички консензус кој трае – европеизацијата на Македонија никогаш не била доведена во прашање, само начините, методите и политичките средства како тоа се остварува, биле различни“ – рекол Пецаков.
И по ова следува ова што е многу посуштинско – беше речено дека идејата на овие дебати е додека траат овие тешки преговори да согледаме дали ние дома си ја вршиме нашата задача и дали си го чистиме сопствениот двор, рекол претседателот на Паневропската Унија на Македонија, инаку организатор на настанот, амбасадорот Андреј Лепавцов.
„Ние сакаме да ги поттикнеме луѓето да размислат каде се наоѓаат, да не политизираат до тој степен, не е потребно да води секој висока политика, треба секој да се грижи за својата куќа, за својот дом, својата општина и својот регион. Ние секојдневно дискутираме за теми за кои не можеме ништо да придонесеме, но можеме да придонесеме ако не фрламе ѓубре, да имаме подобра инфраструктура, да личат градовите, да ги развиваме локалните економски практики и секој треба да е свесен за тоа – истакнал Лепавцов. Тој смета дека државата се уште не е на вистинскиот пат и треба уште да работи на европеизацијата.
Имаме сериозни проблеми, и затоа идејата е секој поединец да придонесе оваа држава и оваа средина да станат место со европски практики, додаде тој. Уште да си ја запееме онаа „во чичовото градинче, бреј“ и по нешто таму да си покопуваме и садиме…
А сега скопски репринт
Дека оваа изјава не може да се толкува како израз на летните горештини покажува и фактот дека истата се повтори, во суштински истата кожурка и последниот викенд во Скопје.
Второто мало отворање на вратата за да се види планот „Б“ на ВМРО ДПМНЕ се повтори на прославата на 20-годишнината од основањето на Паневропската унија, само што Лепавцев овој пат доби веднаш две опонирања од угледните странци на конференцијата. Излезе дека О’ Брајен не бил единствен во острите пораки до „најпатриотската партија“.кога е оваа тема во прашање.
Инаку, поранешниот амбасадор во Брисел Андреј Лепавцев (таму замина на почетокот на втората деценија на овој век) според извештаите на медиумите рекол дека е преамбициозно да се даваат било какви временски рамки, бидејќи, сме биле во исчекување во каква Унија треба да се асоцираме (!). Оваа постојната изгледа не му се допаѓа? Или онаа што би се променила би била поадекватна?! Според Лепавцов, да се вратиме на него, ние во моментов имаме многу проблеми во исполнувањето на критериумите за да бидеме полноправна членка на Европската унија.
Корупцијата како најголема катарза во земјава ќе треба да се надмине и да се постават правила на бескомпромисна борба со корупцијата, следните избори би требало да го покажат тоа, оценува Лепавцов.
Последната мантра на неговата и на неговиот татко партија е се повидлива – не дека се работи само за „бугарското условување“, тоа сега излегува од мизансценот, туку ниту невестата, ниту младоженецот не се саглам, речено народски. ЕУ ќе си биде наводно во потенцијална трансформација а ние си имаме работа во сопствениот двор, треба да си подзачистиме (ќе се бориме со корупцијата); иако толку многу за чистење и покрај покренатите спорови против нивни кадри никако да се завршат и евидентно криминализираните политичари остануваат на слобода! Ова повеќе ветува нов режим и нова стравовлада а не било каква иднина за земјата.
Мора да признаам дека многу интелектуалци кои се разочарани од брзината на расчистување на криминалот последните години, што исклучиво се должи на третата власт, но се префрлува на првата или втората, по зборовите на Лепавцев на Конференцијата беа исплашени – треба ли да чекаме еден век за да влеземе во Унијата? Колку генерации ќе потрошиме до тогаш во исчекување? И ќе останат ли некои млади луѓе дотогаш сите ќе ги „истрошиме“ ..
Но имало и поинакви погледи и тоа од поугледните имиња присутни на Конференцијата. „Македонија докажа како ретко која друга земја голема подготвеност во исполнување на критериумите и мислиме дека може со еден забрзана постапка на преговорите за влез во Европската унија. Тоа што Паневропска унија го нагласува дека не е влезот и членството во ЕУ само административно исполнување на одредени критериуми, туку тоа пред се’ е и политичко прашање кое и Европската унија сама на себе си го одредува во однос на други земји и ги сака во членството и тие земји“ – рекол Паво Баришиќ, генералниот секретар на Меѓународната Паневропска унија.
Евроамбасадорот Дејвид Гир па рекол дека секое одлагање на евроитегративниот пат на Северна Македонија има последици по земјата и по регионот и посебно се ризикуваат досегашните достигнување на земјата во коишто меѓународната заедница инвестираше.
И што да се каже сега за тој план, кој секако како нова реторика на ДПМНЕ ќе се тегави до изборите, како замена за „бугарското уценување“. Засега тоа се прави тивко, речиси само во најава, за да блесне можеби и после изборите, но таа конотација на леопавцовци е само уште подлабок влез во корист на бугарските интереси. Притеснети од другите членки на Унијата Радев и екипата сега немаат нови простори за својата меѓународна политика, ама тогаш кога ќе бидеме се подалеку од Брисел, за што навалиле гореспоменатите политички ведети, националистичките кругови во Софија ќе си наоѓаат нови и нови изговори да не блокираат вистински и со се’ потешки услови. Треба ли да постои имагинација што ќе се случи со нас тогаш со условувањата кон нас, ако до тогаш издржиме како држава.
Во меѓувреме грчкиот Парламент реагираше на планот наТошковски, изнесен пред грчката амбасадорка околу промената на пасошите.
https://a1on.mk/macedonia/grcija-kje-insistira-na-pochituvanje-na-rokovite-za-pasoshite-i-registerskite-tablichki/
Трапавост? Незнаење или намерно провоцирање заради неомилениот Преспански договор? Како дле од ветувањето на Мицковски дека во следните сто дена ситуацијата во земјата ќе бдие се полоша! (https://www.youtube.com/watch?v=Rxix2uyWmNw, после 7-ма минута)