Корона вирусот значи дека весниците ќе имаат проблематична дистрибуција и купување. Магазинот веројатно ќе оди само како он лајн издание а печатниците веќе нема да ги печатат „зајчиците“
КРИСТОФЕР БОНАНОС
Плејбој објави дека го затвора своето печатено издание до крајот на 2020 година. Се чини дека е малку веројатно, со оглед на формат на магазинот, содржините и отсуството на огласи дека некогаш ќе се врати. Оваа вест не е изненадувачка, бтодејќи неговиот тираж и рекламирањето одеа надолу многу одамна, забрзувајќи се бидејќи сликите кои беа негова карактеристика станаа достапни насекаде бесплатно. Хју Марстон Хефнер, нејзиниот основач, уредник ,последна реалити ѕввезда меѓу новинарите почина во 2017 година, откако се договори околу наследството на избледената империја, која оиските не сакаа Хеф да го разочараат
Тешко е да се замисли тоа сега, но Плејбој некогаш еше најавангардниот магазин според начинот на размислување на издавачите и дизајнот.. Основана во 1953 година, таа беше значајна сила во олабавување на законите против непристојноста во однос на печатот. До почетокот на 1960-тите, тоа беше огромен успех, наскоро се прошири и во други дејности, пре се со своите клубови со името Плејбој низ целиот свет. Исто така, се пресели во ТВ со Пентхаус Плејбој (подоцна Плејбој по мракот), ноќно шоу. Списанието го достигна врвот во раните 70-ти години, со неверојатен тираж меѓу 5 или 6 милиони примероци месечно. Оттогаш, операцијата за лиценцирање на списанието го стави логото на потписот зајак на очила за коктел, облека, додатоци за автомобили и многу повеќе. Плус, се разбира, постоењето на порно издание на Интернет.
Мажите (и некои жени) се шегуваа дека го купиле списанието заради текстовите, иако средината и ликите објаени таму секако беа главната „добитна комбинација“ на трафиката. Написите беа навистина многу добри, дури и ако Плејбој имаше тенденција да дава ептен високи хонорари за второстепени таленти. Плејбој создаде дузина свои угледни пера како – Урсула К. Ле Гвин, Џојс Керол Оутс или Џејмс Болдвин. Во тој дел од занаетчиството на создавање списанија, Плејбој беше често голем. Неговата покриеност на теми, особено од сгментот на лајф-стории, сето она што го донесуваше и налчинот на кој гио презентираше исто така, можеше да биде вкусно постојано.
Секако, тоа не беше причина за тоа да се конструира вистински феминистички случај околу Плејбој. „Плејбој филозофијата“, серија објавени песни од Хефнер кои широко го искажаа неговиот поглед на светот, потвдија дека тој има своја улога во падот на пуританството и викторијанската внимателност, која пак во стартот и беше добра за жените, добра за светот и секако одлична за нашето ментално здравје. Дека Хефнеровата верзија на ова ослободување најмногу ја дефинирале мажите, високо поставувајќи го фундаментот на специфичен и воедно мачо моќ и динамика е факти. Хефнер во основа ги снимил тие размислување на мажите ама објективно и ги смалил, велејќи дека жените треба само да бидат поамбициозни и ете ги равноправни со спротивниот пол.
Да споменеме дека Доналд Трамп, во 1990 година, се појави насмеан на насловната страница, во приказна внатре која му годеше. Но потоа една врска со моделката на „Плејбој“, Карен Мекдугал, создаде афера која тогаш многу му наштети, па и финансиски.
Плејбој, несомнено ги претстави жените како посакувани суштества, не само на пасивни сексуални предмети, и отвори расправа за легализирање на абортусот и дестигматизација на сексуалната работа. Но, нејзиниот капак, цели 60 години, беше дека тој е пед се забава за мажите! И тоа главно беше.
Последни денови на списанието, во најголем дел не беа најдобри. Ќерката на Хефнер, Кристи, ја презеде компанијата во 1988 година, водејќи го бизнисот две децении и го спаси Плејбој од пропаѓање. Но самото списание, во 90-тите и потоа им донесе низа од вознемирувачки теми – да речеме од екологијата – кои означија збогување со сликите кои требаа да значат уживање во животот. Воедно моделките станбаа пластифицирани, предадени без естетска умешнопст, како да се излезени под хируршки ракавици. Тој винил и некои приказни од царството на Хефнер покажаа дека магазинт и не е некое среќно место.
Бидејќи списанието стана неодржливо во 2010-тите, краткиот обид да се привлече ново внимание со елиминирање на голите фотографии и тоа само го забрза паѓањето; подоцна многу работи сее вратиј назад и фотографијата се подобри многу во последната ера. НоПлејбој почна да излегува на ри месеци.
Непотребно е да се каже, Плејбој, брендот, ќе продолжи. Тоа е многу голем бизнис за забава за возрасни преку Интернет. Најдобрата карактеристика на списанието, Плејбој интервју, останува прилично добра, дури и во својата седма деценија. (Препорачувам да го побарате она од февруари 1975 година, со Мел Брук). Според најавата, интервјуто ќе продолжи да се објавува на Интернет. И останува името и етикеттаа што значи нешто за многумина, и тоа само по себе вреди пари, затоа што Плејбој останува огромна операција за лиценцирање. Оние мачкини, бебешки пијалаци, сеприсутни во бутиците во Лос Анџелес, се купуваат многу добро, иако не се евтини.
Како и некои македонски фабриканти, така и новите сопственици на магаизнот го искориситја корона вирусот и веројатните одатни проблеми со дистрибуцијата и продажбата, за да стават катанец.
– Плејбој, едно од најпознатите списанија во светот, нема да излегува во печатена верзија. Пролетното издание, што во трафиките ќе излезе за една недела, ќе биде последното во 2020 година, можеби и последно печатено издание воопшто – ова го признава извршниот директор на Плејбој, Бен Кон, кој прознава дека одлуката не е донесена ненадејно, туку дека раководството веќе подолго време планира списнието да го направи дигитално, а ширењето на коронавирусот само го забрзал процесот.
– Со брзото ширење на пандемијата се нарушува производството и на сите ни стана јасно дека сега е вистинското време Плејбој да се префрли од печатено во дигитално издание. Желбата е Плејбој да ги задоволува потребите на читателите секој ден, не само на секои три месеци. Медиумите постојано се менуваат, а печатеното издание доаѓа во рацете на само мал дел од фановите, рече Кон.
Тој додаде дека во 2021 година ќе продолжи печатењето на специјални изданија, затоа што Плејбој започна како печатено издание и тоа е дел од неговата историја.