Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОБЕДАТА ЗАВИСИ ПОВЕЌЕ ОД ИЗЛЕЗНОСТА ОТКОЛКУ ОД УБЕДУВАЊЕТО

April 30, 2019 Filed Under: Македонија

Расположението да се излезе на гласање не е важно само за поминување на цензусот, туку и за реализација на реалниот скор меѓу симпатизерите за два различни општествени концепти во гласачките кутии. Бидејќи јасно е дека мотивираноста е убиена од десетлетието во кое актуелниот шеф на државата Иванов седеше, во буквална смисла во Вилата Водно

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

ТЕСНО Анкетата објавена на МТВ покажува тесна рзлика меѓу кандидатите и тоа е додатна мотивација- што може да се постигне во овие неколку денови?

На Велигден од пред Соборниот храм првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски нагласи во својата изјава за јавноста дека за него постои само „Република Македонија“. Силјановска Давкова која во последно време се обидува да се додворува  на секоја социјална група, па и на верниците, природно нели за „универзален политичар“, ја одбегна географијата во својата порака. Заев од Струмица ја нагласи локацијата на која се наоѓа споменувајќи „Северна Република…“ а тоа го стори и претседателскиот кандидат Пендаровски од Галичник. И покрај говорот на првиот човек на МПЦ дека на Велигден „треба да се обединиме“ тоа не му појде од рака на терен. Надвор од храмовите стварноста е опкружена со плакатите кои повикуваат да се гласа за еден или друг кандидат за шеф на државата и со длабоката поделба на општеството по тој повод.

Во овој миг концентрација на јавноста е кон три дилеми – дали ќе има доволна излезност на гласачите за изборите да се валидни, како ќе гласаат сограѓаните Албанци (оние кои во првиот круг беа за кандидатот Река како и оние, поголемиот дел, кои останаа во тивок бојкот дома) и конечно кој кандидат во мигот има предност? До неделата вечер имавме две анкети кои илегоа – едната пласирана на ТВ Сител која ги одбегнува овие жешки прашања и се концентрирашпе на квалитетот на кампањата и на тоа дали медиумите добро си ја вршат својата улога.

Втората е онаа која ден претходно се пласираше на јавниот сервис. Имено  агенцијата М – проспект за МТВ спроведе нова телефонска анкета на примерок од 980 испитаници, на македонски и на албански јазик.. Истражувањето е направено од 22-26 април, а сите резултати се подложни на статистичка грешка од 3,1 отсто, со прифатливо ниво на доверба од 95 отсто.. Според анкетата, за Стево Пендаровски би гласале 31,7 отсто од испитаниците, а за Силјановска – Давкова, која ужива поголема доверба кај македонскиот електорат, би гласале 29,1 процент… 40,3 проценти од анкетирани одговориле дека на 5 мај сигурно ќе излезат на гласање..

Еве кои се деталите.

На прашањето за кого ќе гласате во вториот круг на претседателските избори Пендаровски има мала предност – 31,7 отсто би го заокружените неговото име а за Силјановска Давкова би биле – 29,1, што е рзлика од 2,6 отсто и што е се уште во рамки на статистичка грешка. На првото гласање разликата изнесуваше 2,7 отсто, што е еднаква на онаа која се покажува и пред второто изјаснување на гласачите. Гласачкото тело на Силјановска Давкова е забележливо само кај Македонците (39,6 отсто), за Пендаровски се 25,7 проценти а 33 отсто ќе апстинираат во разни форми (не сакаат да кажат, нема да гласаат, не одговараат на прашањето). Во однос на расположението кај Албанците за Пендаровски би гласале 42,7 отсто, за Силјановска се 0,2 отсто, додека дури една четвртина не знае се уште и така натаму…

А според коментарите на изведувачите на анкетата се гледа дека еден мал дел од апстинентите од првиот круг меѓу вмроовците (Бојкот и слично), веројатно оние порадикалните критикувачи на изборот на Давкова на Изборното собрание во Струга сега е определено да гласа за неа. И простило. Од друга страна видливо е дека гласачите на Села, оние кои би излегле сигурно на гласање, се за Пендаровски и дека засега професорката од Правен нема што да бара од втората етничка заедница по бројноста во земјава. Едноставно зголемена е масата гласачи ама разликата меѓу кандидатите останува иста! Факт е дека тука се очекуваат разрешувања на некои политички ребуси и кај ДУИ и кај Алијансата за Албанците на Села, што покажува дека од оние 25 отсто неодлучни Албанци може да се изроди посериозно зголемување на салдото на Стево Пендаровски.

ТЕРЕН Работиме на терен, ќе има цензус и победа – вели Али Ахмети

Каква е очекуваната излезност. Засега не е најсјајна! Само 40,2 отсто рекле дека сосема сигурно би излегле да гласаат, „би гласле“ се 12,6 од анкетираните, 26 отсто се определиле за „можеби“ додека ептен пишман се околу една четвртина од гласачкото тело. Јасно, на анкетата одговараат оние кои се фатени дома додека отсутните кои ги има многу секако не се вклучени во изјаснувањето, но и конечниот скор!

Аналитичарите потенцираат дека анкетите обично ја зголемуваат излезноста на Албанците (реално таа е секогаш пониска во однос на декларираната), додека Гордана Силјановска има повеќе симпатизери кај помладите гласачи, кои се исто така традиционални пишман аџии. Еве уште две дилеми и за обата кандидати.

Факт е дека гласачкото тело е јасно поделено и пред изборите. Реално победата кај Пендаровски зависи од тоа колку од оние кои гласаа во октомври – оние 630 илјади гласачи кои беа за прифаќање на Преспанскиот договор – сега можат одново да бидат анимирани а тоа е огромен ревир! Толкав резервоар нема Силјановска Давкова, која, навистина може да се држи до оние „милион и двеста илјади гласачи“ кои се наводно против споменатиот Договор, со кој влегуваме во НАТО и можеме да се крепиме за влез и во ЕУ, но Мицковски и компанијата веќе референдумот само сакаат да го заборават.

ВРТИКАПИ Дали онаа мала армија која замина во Грција за празниците и го прифати новото име во пасошите, по враќањето оттаму ќе гласа против „клетите јужни соседи“

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet