Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОБЕДА НА ВИКТОР ОРБАН ВО СЕНКА НА УКРАИНСКАТА ВОЈНА

April 5, 2022 Filed Under: Свет

Ќе има војна ако не бидам на власт, им порача Виктор Орбан на Унгарците, а тие побрзаа да гласаат за него. Во исто време опозицијата направи се како што треба

СО КОГО СИ ТАКОВ СИ Мицковски се сликаше со победникот, но тоа не е „преодно“, освен што веќе дефинитивно се прикажа себе си како антизападен лидер

ГАБОР БОДОШ

На парламентарните избори во Унгарија повторно убедливо победи Фидес, кој е на власт 12 години. Освен во Будимпешта, речиси во сите области во земјата мнозинство луѓе гласаа за Орбан. Кандидатот за премиер на здружената опозиција Петер Марки-Зај доживеа пораз и во градот Ходмезевашарахељ од каде што потекнува.

Така досега пропадна најсериозниот проект на унгарската опозиција за загрозување на унгарскиот премиер. И сè беше направено како што треба: се обединија сите партии кои се на спротивната страна на Фидес; се одржаа предизбори во американски стил; беше избран кандидат кој не бил член на ниту една од сојузничките партии и кој имаше шанса да освои гласови од десницата, бидејќи, се декларирал како конзервативен политичар (за разлика од пет од шесте сојузнички партии кои се лево од политичкиот спектар ). Партиските активисти беа ангажирани до невиден степен: околу 25.000 опозициски набљудувачи учествуваа во контролата на пребројувањето на гласовите.

Ништо не помогна. Во Украина имаше војна, Орбан, единствениот во Европската Унија, не застана целосно на страната на Украина. Тој ги прифати санкциите против Русија, но никогаш не кажа ниту збор за агресијата, а тоа беше агресијата на рускиот претседател Владимир Путин.

По два дена целосна комуникациска конфузија по руската инвазија на Украина, луѓето на Орбан најдоа формула: Фидес е на страната на Унгарија, прави се за да ги заштити Унгарците од војната во Украина, а опозицијата сака да испрати унгарски млади луѓе во војна и оружје во Украина и да ја загрози безбедноста на земјата. На денот на изборите, Фидес шири гласини дека ако победи, опозицијата ќе воведе задолжителен воен рок.

„Постигнавме огромна победа, што може да се види и од Месечината и од Брисел“, рече Виктор Орбан во победничкиот говор. Тој особено им се заблагодари на Унгарците во странство за поддршката.

Пред изборите се случи афера: наместо во српска пошта, гласачки ливчиња на војводински Унгарци со двојно државјанство им доставуваа активисти на Сојузот на војводински Унгарци, а во Романија полузапалени ливчиња за изборите во Унгарија беа пронајдени во ѓубре. А, познато е дека во Романија гласачки ливчиња пренесувале активисти на тамошниот партнер Фидес, Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, слично на СВМ во Војводина.

ОДЕЊЕ ВО ДЕСНО Душан Јањиќ, од Форумот за етнички права дели може да се каже дека Вучиќ победил во Будимпешта а Орбан во Белград

Севкупно, Унгарија останува сигурен партнер на рускиот претседател Путин и несигурна членка на Европската унија и НАТО.

Душан Јањиќ од белградскиот Форум за човекови права кој вели дека изгледа, според Т‘В Пинк, дека Вучиќ победил во Будимпешта и обратно – Орбан во Белград, заради тоа што десет години политиките на двата лидери се испреплетени. По два основи – по врските меѓу двете владеечки партии, но и по нивните опстојувања во делот на народни, десничарски партии на Европа. Јањиќ смета, во изјавата за Ал Џазера Балканс дека Орбан влева сигурност со снабдувањето на Унгарија со гас и нафта од Русија, со наводната привилегирана позиција (не е прогласена за непријателска нација во Москва), со помалиот притисок на опозицијата во внатрешноста на земјата каде поддршката е поголема за Фидес. Воздржаноста кон потпората за Зеленски, која врвот го доживеа после прогласувањето на крај на изборите, кога украинскиот лидер е  прогласен за победник, секако уште повеќе ја оддалечува Будимпешта од Брисел и тоа е едно поглевје кое дополнително ќе се следи, бидејќи Орбан се смета долго време за антидемократски лидер, кој ја „растура“ европската куќа, европската политика. Веројатно е дека ЕУ согледува дека малиот сојуз на десничарските земји (освен Унгарија, тука е Словенија на Јанша, потоа Полска, Чешка и Словачка) сега се растура и дека сите освен Унгарија се дел од политичкиот пејсаж на Унијата во односот кон Русија. Затоа веќе има реакции дека Орбан, како и Вучиќ ќе мора деновиве да се изјаснат поодредено по ова прашање.

 

Filed Under: Свет

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet