Оваа парохија на МПЦ стана позната по своето противење кон Преспанскиот договор и активностите во таа насока спроти референдумот за промена на Устаот. Сега се пројавува како иницијатор на литии – религиски активности на отворено, со што се креши одредбата за забрана на јавни собири
Министерот за здравство Венко Филипче, мината недела на прес конференција на прашање на новинар кој тврди дека МПЦ упатувала повик за литургии на отворено со растојание меѓу верниците, одговори дека наредбата на Владата за забранување на јавни собири важи за сите. Тоа значи и за МПЦ и дека евентуалните такви обиди за собири ќе бидат санкционирани.
Ваквото прашање уследи по објавата на фотографии и видеа од Велес, Кавадарци, Неготино и Гевгелија каде локални свештеници, качени на товарно возило најпрво држат литургија за осветување на света вода, а потоа со истото возило се возат низ улиците и ги прскат со светата вода за да го избркале корона вирусот.
Кај голем дел од јавноста ова наиде на жестоки реакции и осуда, особено од фактот што на истиот прес на Министерот за здравство денеска беше објавено дека продолжува локалната трансмисија (ширењето) на вирусот корона меѓу граѓани носители кон граѓани кои контактирале со нив. Така токму тие денови имаше појави на локална трансмисија токму во Велес.
Ваква литургија се одржа и во црквата „Св Спас“ во Гевгелија од каде тргна возилото со осветена вода и тамошните свештеници. Верниците се заблагодаруваат за благословот, а други на социјалните мрежи им укажуваат за неисправноста на постапката која е спротивно на мерките на Владата и Комисијата за заразни болести за забрана за собирање на јавни места на лица повеќе од 5-мина. Особено и на фактот што короната е здравствен проблем, кој не се лечи со молитва.
Еве дел од коментарите на гевгеличани:
– Црквата госпожа, ако саке да помогне наместо да ва собире уф време ко не е дозволано собирајне,ки донире уф медицинска опрема-маски,ракавици или било шо друго потребно за вистинска борба против вирусот.Црквата дури има и доволно пари да купе и по некуј респиратор.И така поповите не плаќат даноци на ваа држава ама ко са болни не са молат уф црквата да оздрават него трчат по болници. Барем некуј ќар да имат граѓаните од црквата – реагира Н.А. за „Гевгелија нет“.
– Продлжејте да са понаште неодговорно и себично, па ни Господ,ни литургии,ни пророштва,ни Исус ќе ви помогне. Воа не се лече со света вода и со амин и уништи во коментаре, туку со седење дом – реагира Д.М. за истиот извор, кој ги пренесува онака како ѓшто се кажани, на локалниот дијалект.
Гевгелија во мигот н литиите немаше заболени од вирусот, но од Институтот за јавно здравје изјавија дека има 250 лица во самоизолација, кои се вратиле од странски држави каде веќе бил присутен корона вирусот.
Колкава е сигурноста за одржувањето на 100% изолација на овие лица, нивната дисциплина, има ли полицијата 250 полицајци по три смени, што е еднакво на 750 припадници на полициските сили, за нивно надгледување и да се гарантира дека истите се придржуваат на мерките за самоизолација? Тоа се прашања на кои не’ упатува недисциплината на гевгеличани кон непридржувањето на мерките против ширењето на корона вирусот.
Гевгелија, не си ја предизвикувај епидемијата!
(Текстот е објавен на Гевгелија нет, опремата е на Глобус)