Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОВИСОКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

June 22, 2021 Filed Under: Колумни

ФАТМИР БЕСИМИ

Во периодот од 2010 до 2020 година, индексот на човечки капитал за Република Северена Македонија се движел помеѓу 0,54 или 0,56, што значи дека децата кои ќе се родат сега, согласно инвестициите во нив кога ќе наполнат 18 години ќе користат околу 50 отсто од својот потенцијал

Човечкиот капитал е во директна корелација со економскиот раст, односно преку раст на знаењата и вештините на граѓаните може да се делува кон забрзување на растот. Оттаму, еден од приоритетите во плановите и проекциите за заздравување и забрзан раст се инвестициите во човечкиот капитал. Ова го посочив на вебинарот организиран од Економскиот факултет на тема „Предизвици за високото образование од областа на економијата во периодот на пост-Ковид-19“.

Еден од столбовите на Стратегијата за заздравување и забрзување на економскиот раст е вложувањето во човечкиот капитал, односно развој на човечките ресурси (образование, наука и здравство), поголема активност на работоспособното население и социјална заштита, во чии рамки се предвидени различни мерки и активности. Изминатите неколку години се настојува да се издвојуваат повеќе средства во буџетот за областите образование, здравство и социјална заштита, што резултирало нивно повеќекратно зголемување.

Согласно индексот на човечки капитал на Светска банка, се мери потенцијалната продуктивност на граѓаните, откако ќе наполнат 18 години, според нивото на инвестиции во нив во образование, здравство и социјална заштита. Во периодот од 2010 до 2020 година, индексот на човечки капитал за Република Северена Македонија се движел помеѓу 0,54 или 0,56, што значи дека децата кои ќе се родат сега, согласно инвестициите во нив за образование, здравство и социјална заштита, кога ќе наполнат 18 години ќе користат околу 50 отсто од својот потенцијал. Инаку, кај најразвиените економии во светот индексот на човечки капитал изнесува над 0,8, кај земјите од Европската унија околу 0,75, додека кај земјите во регионот потенцијалната продуктивност во просек е 0,65.

Filed Under: Колумни

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet