Не требаше да мине многу време, ден – два, за да се видат јасно амбициите на Турција во овој конфликт
Она што по првите три денови од војната во Нагорно Карабах беше јасно е дека ова нема да биде викенд вооружен клонфликт. Ангажираните сили на двете страни, бројот на бегалците оштетувањата на домовите и бојот на починатите говореа во прилог на долготраен конфликт. Но, најважен е фактот дека една од големите држави соседи – Турција на Ердоган си зеде ингеренции да биде „дтарател“ на едната страна. Азебејџан, секако. Говорите на функционерите од Анкара се недвосмислени а одговорот, пред се од Франција, која пак е историски центар на Ермените во егзил секако јасно започнуваат да ја заокружуваат поларизацијата во меѓународни рамки.
Во меѓувреме еЕрменскиот министер за надворешни работи Зохраб Манкаканијан минаата недела испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во кое го известува за „воената офанзива што ја започнаа властите во Баку” во самопрогласената република Нагорно Карабах и изрази загриженост поради турската поддршка за воената акција на Азербејџан.
Во соопштение на ОН се вели дека министерот за надворешни работи на Ерменија изразил длабока загриженост во врска со изјавите од Анкара за безусловна поддршка за активностите што ги спроведуваат азербејџанските власти во Нагорно Карабах.
– Министерот Мнакаканијан предупреди дека провокативните вооружени активности на Азербејџан не претставуваат само флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право, туку може да доведат и до општа регионална војна, се вели во соопштението.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ги негираше обвинувањата на Ерменија дека Турција активно учествува во вооружените конфликти во Нагорно Карабах.
Советот за безбедност на Обединети нации(ОН) на барање на европските држави за вчера имаше закажано итна седница, а единствена точка на дневниот ред беше состојбата во Нагорно Карабах, каде што во тек е судирот помеѓу ерменската и азербејџанската војска.
Судирите меѓу Ерменија и Азербејџан, две поранешни советски републики во регионот на Кавказ, повторно избувнаа во неделата. Двете страни ангажирале тенкови, артилериски хеликоптери и пешадија во борбите, а досега се убиени околу 100 лица, вклучително и цивили. Самопрогласената Ерменска Република од неделата објави 84 смртни случаи меѓу војници, како и цивилни жртви, додека Азербејџан, од друга страна, не даде податоци за воени жртви, но потврди дека се убиени седум цивили.
Според информациите на Министерството за одбрана на Азербејџан, Ерменија денес започна да распоредува ракетни системи С-300 од Ереван во регионите каде што операциите ги спроведува азербејџанската армија.
Конфликтите што започнаа пред три дена, а со повеќе или помалку прекини и примирје траат три децении, се шират и над Нагорно Карабах, спорната територија со која двете земји практично се расправаат од прогласувањето на независноста.
Чив е Нагорно Карабах?
Конфликти меѓу Ерменија и Азербејџан, две поранешни советски републики во
Во центарот на децениската борба е регионот Нагорно-Карабах, кој е признат како дел од Азербејџан, но контролиран од етнички Ерменци.
Двете земји водеа крвава војна околу регионот кон крајот на 80-тите и раните 90-ти. Иако прогласија примирје во 1994 година, тие никогаш не успеаја да се договорат за мировен договор.
Нагорно-Карабах е, легално кажано, составен дел на Азербејџан. Сепак, неговото население е претежно ерменско. За време на де факто и формалниот колапс на Советскиот сојуз кон крајот на 80-тите години на минатиот век, луѓето во Нагорно-Карабах гласаа за да се направи регионот дел од Ерменија – што доведе до војна што беше запрена со договор за прекин на огнот, со посредство на Русија.
Ерменија е претежно христијанска, додека мнозинството од населението во Азербејџан богато со нафта е од муслиманска вероисповед.
Кавказ е стратешки важна област во Југоисточна Европа. Со векови, различни сили во регионот – и христијански и муслимански – се бореа за нејзино контролирање.
Во моментов, Турција одржува блиски врски со Азербејџан, а Русија има значителна соработка со Ерменија – иако има и добри односи со Азербејџан.
Нагорно-Карабах беше исто така област со мнозинско ерменско население во СССР, но Советите им ја дадоа контролата на областа на азербејџанските власти.
Етничките Ерменци во Нагорно Карабах побараа да бидат под контрола на ерменските власти во неколку наврати во следните децении. Сепак, дури по распадот на Советскиот сојуз, регионалниот парламент на Нагорно-Карабах официјално одржа референдум за припојување на Ерменија.
Азербејџан се обиде да го задуши ова сепаратистичко движење, додека Ерменија го поддржуваше. Ова доведе до етнички конфликти и – откако Ерменија и Азербејџан прогласија независност од Москва – до војна.
Десетици илјади луѓе беа убиени, додека до милион жители од оваа област беа раселени, а постојано се известуваше за етничко чистење и масакри извршени од двете страни, пишува Би-Би-Си.
(продолжува)