ТЕМЕЛКО РИСТЕСКИ
Постапката на Мицко, наспроти постапката на Зоки, е крајно подла, ниска, нечесна и злобна. Кратко речено тоа е подлост со која тој одговори на искрената и недвосмислена прошка на Зоки во пресрет на големиот христијански празник Прочка кога сите ние си простуваме за грешките во минатото и се свртуваме кон доблестите (добрите, чесните, хуманите дела и постапки) кои треба да ги практикуваме во иднината
Внимателно го следев вчерашниот дуел меѓу Зоки и Мицко. Како професор по право го следев од правен аспект, а како професор по етика од етички аспект.
Уставот на Републикава во одредбата член 25 ни гарантира на нас граѓаните, „почитување и заштита на нашиот личен и семен живот, на ДОСТОИНСТВОТО и угледот“, или кратко речено ни го гарантира нашето човечко и граѓанско достоинство. Оваа одредба колку е правна, толку е и етичка, морална, хуманистичка, како што сакате кажете.
Зоки своите кажувања настојуваше да ги поткрепи со факти. Пред фактите и боговите молчат, но не и ДПМНЕ – вците од врхушката на ДПМНЕ-то. Мице не само што не молчеше, туку и агресивно му влегуваше во збор на соговорникот. Нападот е најдобра одбрана, посебно кога се работи за одбрана на мега криминалци.
Нејсе, дуелот, како и се друго во природата и општеството, има свој почеток, траење и крај. Тој почна, траеше и дојде до крајот. На крајот Зоки му подари на Мицка значка со државното знаме на Македонија и знамето на НАТО. При тоа ги кажа следниве зборови „Во духот на христијанството можам да им простувам на ВМРО-ДПМНЕ за вулгарностите што овој период се упатени кон мене и во духот на простувањето, сакам да доделам една значка до господинот Мицксоки, македонско и НАТО знаме, согласно Уставот, за успехот на нашата земја во НАТО. Нека тоа биде симбиол дека сите ние граѓаните, Македонците, но и сите други граѓани, треба да си простуваме, да си даваме поддршка, да си даваме рака и заедно да носиме одговорност.“ При тоа изрази уверување дека во иднина, со некои други лидери, ќе може да се најде заеднички јазик за државните интереси на Републикава.
Мицко на тоа ја изрази неговата увереност во „сигурната“ победа на ДПМНЕ-то на претстојните избори и за возврат на подарокот му пружи на Зоки „Луј витон“ паричник. Зоки, очекувано, го одби паричникот, велејќи му на Мицка, покрај другото: „Земете си го, тоа е ваше.“
Зоки е во право. Рекет е ДПМНЕ-овска ујдурма во која се вклопени незрелоста, алчноста и непромисленоста на актерите против кои се води кривична постапка, препреденоста на финансиерот на ДПМНЕ-то за кого милионите евра се „ситни пари“ и лукавоста на неговите наредбодавци од ДПМНЕ – вската врхушка со цел да се компромитира актуелната власт и со тоа да се створи каква таква рамнотежа во однос на мега криминалот на ДПМНЕ-то со кој државава е олеснета за пет и кусур милијарди евра.
Постапката на Мицко пак, наспроти постапката на Зоки, е крајно подла, ниска, нечесна и злобна. Кратко речено тоа е подлост со која тој одговори на искрената и недвосмислена прошка на Зоки во пресрет на големиот христијански празник Прочка кога сите ние си простуваме за грешките во минатото и се свртуваме кон доблестите (добрите, чесните, хуманите дела и постапки) кои треба да ги практикуваме во иднината.