Во локалните канцеларии поднесени пријави од граѓани кои се главно познати како критичари на опозицијата ама од поекстремни позиции и чии портрети лесно ќе ги дознаете во „Дудинка“ на Миленко Неделковски
До ДИК досега се поднесени шест кандидатски листи за пратеници од група избирачи, односно по една листа во секоја од изборните единици во земјава, дознаваат од „360 степени“.
Веста кажува дека шест потенцијални кандидатски листи за пратеници, според информации од ДИК, се поднесени досега до подрачните канцеларии и одделенија на Комисијата – од граѓани кои до 6 март на полноќ треба да соберат по илјада потписи во одредена изборна единица. Оние што ќе ги соберат потребните потписи ќе можат да учествуваат на парламентарните избори на 12 април како независни кандидати за пратеници, паралелно со партиите и коалициите кои до 12 март на полноќ треба да ги достават кандидатските листи.
Досега е поднесена по една кандидатска листа од „група избирачи“ за секоја од шесте изборни единици во земјава, но нема информации дали подносителите евентуално планираат заеднички изборен или иницијативите за учество во изборната трка се поединечни. Секоја од листите има по 20 кандидати, така што до ДИК досега се пристигнати вкупно 120 кандидатури. Потписите за сите листи ќе се собираат во подрачните канцеларии и одделенија на ДИК, иако последните измени на Изборниот законик предвидуваат и можност за потпишување кај овластени нотари.
Подносителка на листата во првата (скопска) изборна единица е Емилија Гелева. Во втората ИЕ, која ги опфаќа Куманово и неколку скопски општини, подносител на листа е Игор Цветковски. Зоран Мијалков е подносител на независна листа во третата ИЕ (Штип, Велес…) Листа во „четворката“ (Прилеп, Струмица…) поднел Петар Котевски, а во петтата ИЕ (Битола, Охрид…) – Горан Тасковски. Во шестата ИЕ (Тетово, Гостивар…) подносител на листата е Исмаил Бојда.
Кои се подносителите, се обидовме да се потсетиме. Емилија Гелевска е некогашен новинр на МРТВ и постојан почитувач на ликовите на претседателите на ВМРО ДПМНЕ, Името и го сретнуваме обилно во „Дудинка“, гласило на Миленко Неделковски, Таа е порадикална од Мицковски, на пример бараше ВМРО ДПМНЕ по 27 април 2017 година да не се враќа во Парламентот и е континуиран оплакувач на судбината на лицата кои се притворени и на кои им е судено за крвавиот пир по упадот во Парламентот.
Зоран Мијалков од третата изборна единица е претседател на Здружението „Сплотени срца“, како борец за правата на своето дете кое има аутизам. Бидејќи е од Штип, може да се смета дека има некакви семејни врски со попознатиот функционер на ВМРО! Името на Игор Цветковски, од втората изборна единица е веројатно на младиот човек кој го сретнувме и во поезијата и рок музиката, го сретнуваме во „Фаланга“ и слични списанија, иако заради зачестеноста на тоа име и презиме мора да искажеме воздржаност кон неговиот идентитет.
Во четвртата единица прв на листата е Петар Котевски, сопственик на фирмата „Камај медија“, инаку критичар на „џепните револуционери“, оние кои според него работите ги критикуваат од кафулињата.
За Зоран Тасковски сме пишувале во „Глобус“ често – тоа е оној директор на Пошта од Битола, кој потоа замина во дипломатија, во Турција, носе врати во земјата како директор на градежна турска фирма!
За волја на вистината испраќањето на овој амбасадор во Анкара беше своевремено (2010) голем скандал. Кога тој даваше образложение за својата мисија, дел од неговите слушатели рекоа дека „Mакедонија го допре дното во надворешната политика со именување на Горан Тасковски за амбасадор во Турција и најдобро е тој да се повлече пред да и’ се нанесе штета на земјата со неговото испраќање”.
Бојда во името на застапништвото на Горанците кои се чувствуваат како Македонци си најде добар пазар за продавање на наводниот патриоизам. И неговата поврзаност со ВМРО ДПМНЕ е повеќе од видлива. Какво фајде видоа од тоа Горанците?
Оставаме читателите самит да оценат и анализираат кому ќе му користи оваа партија и која е нејзината фубкција.
Собирањето на потписи за независни кандидати за пратеници почна на 26 февруари, паралелно со стартот на увидот во Избирачкиот список. Според Изборниот законик, право поднесат листа за кандидати за пратеници имаат регистрирани политички партии и коалиции, како и група избирачи, потсетува „360 степени“.
(Р.Г.)