Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОЕТИТЕ ГИ УБИВААТ ВЕДНАШ

July 30, 2026 Filed Under: Македонија

Вапцаров и Попов биле меѓу основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија. ПОгубени се по преауда на прекиот суд во 1942 година

ОБЈАВА Меѓу првите жртви на монархофашистичка Бугарија се и двајцата поети од македонјско потекло – колку стамени убавци биле, меѓу другото

На 23 јули се одбележа годишнината од стрелањето на македонските писатели и антифашисти Никола Јонков Вапцаров и Антон Попов. Тие во 1942 година беа погубени од тогашниот профашистички режим во Бугарија. Двајцата, покрај своето книжевно творештво, биле активни учесници во комунистичкото и антифашистичкото движење, оставајќи длабока трага во историјата на македонската литература и борбата против фашизмот.

Никола Јонков Вапцаров е роден на 7 декември 1909 година во Банско, во семејство со силна револуционерна традиција. Уште од младоста бил воспитуван во духот на љубовта кон книгата, татковината и социјалната правда. По школувањето во Варна работел како машински техничар, а паралелно се посветил на литературата и револуционерната дејност. Неговата единствена стихозбирка „Моторни песни“ го вбројува меѓу најзначајните поети на своето време, а неговото творештво се одликува со силни хуманистички, социјални и револуционерни мотиви.

Покрај книжевната работа, Вапцаров активно учествувал во синдикалното организирање и во антифашистичкото движење. Бил член на Бугарската комунистичка партија, соработувал со Македонскиот литературен кружок и бил вклучен во илегалните активности против фашистичкиот режим. Поради својата политичка определба бил следен, прогонуван и повеќепати апсен, сè до неговото конечно приведување во март 1942 година.

Антон Николов Попов е роден на 20 октомври 1915 година во Пиринска Македонија, во семејство чии членови со генерации учествувале во македонското револуционерно движење. По завршувањето на гимназиското образование, извесен период работел како учител, а потоа студирал во Софија, каде се вклучил во јавниот и културниот живот. Бил еден од основачите на Македонскиот литературен кружок и автор на текстови во кои ја афирмирал македонската национална посебност.

Како член на Бугарската комунистичка партија, Попов активно учествувал во организирањето на отпорот против фашистичкиот режим. По германскиот напад врз Советскиот Сојуз се приклучил на Воениот центар при Централниот комитет на партијата, а по апсењето на Вапцаров и самиот бил уапсен во април 1942 година. Заедно со останатите обвинети бил изведен пред воен суд и осуден на смрт.

По неколкумесечни истраги и измачувања, Никола Вапцаров, Антон Попов и уште четворица антифашисти биле осудени на смрт без право на жалба. Вечерта на 23 јули 1942 година тие биле стрелани на софиското гарнизонско стрелиште. Нивната егзекуција останува еден од најпознатите симболи на репресијата врз антифашистичкото движење во текот на Втората светска војна, а Вапцаров и Попов и денес се паметат како значајни книжевници и борци против фашизмот

Filed Under: Македонија

РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА
ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
КOКАИНСКИ ПАРИ ЗА ГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АЛБАНИЈА
„ДОБРИ ЛУЃЕ“ ВО ТРКА ЗА „СРЦЕТО НА САРАЕВО“
ШТО СЕ КРИВИ ДЕЦАТА – BO ПОСЕТА НА ИРАНСКОТО УЧИЛИШТЕ КАДЕ ЗАГИНАА 120 ДЕЦА

Најново

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА
  • ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
  • КOКАИНСКИ ПАРИ ЗА ГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АЛБАНИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet