Со претставувањето на дигитализацијата на администрацијата, основана на „Стратегијата за реформа на дигитализацијата 2018-2022“, владата објави 707 дигитализирани сервиси од 1267 сервиси на министерствата, на специјално наменета за таа потреба платформа наречена uslugi.gov.mk.24 Сите тие не можат целосно да се завршат on-line
Дигитализацијата претставува брз и ефикасен процес за разлика од државната бирократија која е спротивното, спор и инертен. Дигиталната трансформација овозможува полесен пристап и унапредување на сервисите за крајните корисници. Покрај тоа, дигитализацијата ќе овозможи поефикасна работа и ќе ја подобри транспарентноста на работењето. Процесот на дигитализацијата во извршната власт е започнат. Со претставувањето на дигитализацијата на администрацијата, основана на „Стратегијата за реформа на дигитализацијата 2018-2022“, владата објави 707 дигитализирани сервиси од 1267 сервиси на министерствата, на специјално наменета за таа потреба платформа наречена uslugi.gov.mk.24 Сите тие не можат целосно да се завршат on-line. Кај некои е презентирана потребната документација, кај други може да се аплицира on-line, но има проблеми од типот: физичко присуство за подигнување документи, процесот на достава оди преку пошта и не се знае кога ќе се изврши испораката (доцнење без образложение), неможност за on-line плаќање на услугите итн. Ова е непотполна или само привидна дигитализација. Како одговор на COVID-19 пандемијата, некои од процесите кои се одвиваат во владата и министерствата беа дигитализирани.
Официјалните состаноци се организираат on-line, пакетот на економски мерки на владата насочени кон граѓаните беа целосно дигитализирани и процедурите можеа целосно да се завршат без физичко присуство. Министерството за образование и наука произведе on-line платформа за едукација на децата од основно и средно образование. Факултетите, исто така почнаа со настава преку интернет, но повеќето и таму застанаа правејќи ги бирократските процеси повеќе сложени за студентите во оваа ситуација. Исто така, Министерството за здравство претстави некои промени во функционирањето на системот во насока на дигитализација на некои алатки во релација доктор – пациент. Некои од нив се: закажување на тестирање за COVID-19, други услуги како продолжување на породилното отсуство и здравственото осигурување, домашно лекување од матичните лекари на болни од COVID-19, нов централизиран систем за on-line препишување на рецепти, регистар на електронски рецепти за полесно испорачување на терапијата на пациентите… Во насока на борба против пандемијата беше претставена националната апликација „Стоп Корона“, која што беше во функција кратко време бидејќи не беше соодветно прифатена од граѓаните. За разлика од извршната власт на централно ниво, процесите на дигитализација на општинско ниво се сѐ уште на проблематично ниво. Процесите зависат од волјата на градоначалниците за промени во тој правец. Има некои општини кои во соработка со невладини организации имаат започнато со процеси на активно вклучување на граѓаните во одлуките на општината и во давање иницијативи преку достапни апликации за користење од страна на граѓаните и се интерактивни. Такви има во град Скопје и општините: Карпош, Велес и Валандово. Тие не се дигитализирани во смисла да се добијат документи во дигитална форма и да се вршат плаќања, но претставуваат добар почеток кон дигитализација на услуги кои ги нуди општината. Иако постои интерес и придвижување во насока на дигитализација, сепак дигитализацијата на администрацијата и понатаму претставува сериозен предизвик кој се рефлектира во целокупната ефикасност на системот, транспарентноста во работењето, пристапноста до услугите и задоволството на граѓаните. Секако, додека не се ревидираат речиси 300 закони при што процедурата би се препуштила на подзаконски акти усогласени со Законот за општа управна постапка, кој ги регулира сите процедури во поединечните материјални закони, дигитализацијата е бесполезна. Дигитализацијата треба да овозможи брза и транспарентна услуга, и можност корисникот сам да спроведе најголем дел од чекорите во процедурата, а системот за секунди или минути да му испорача документ. Во оваа смисла, предлагаме да се поддржи естонскиот модел на потполна дигитализација. Логиката на постапката не треба да наликува на стварната, во офлајн стварноста, изведувана постапка, но само пренесена на дигитално поле. Потребно е превреднување на сите вредности во име на членот 4т 41 од Европската повелба за темелни права, за дигитализацијата да има вистинска функција. 6. ПРЕПОРАКИ • Усогласување на процедуралната содржина во другите закони со сеопфатните принципи и одредби од Законот за општа управна постапка. • Понатамошно одзаробување на државата од авторитарен стил на владеење и нејзино соучесништво со приватни интереси (како што е наметнување на задолжителна и прекумерна употреба на приватни нотари), што се рефлектира во принципите на управната постапка кои се доминантни во законодавството
- Развој на ефикасно унапредување на административниот персонал засновано на заслуги врз база на претпоставката дека ќе се создадат транспарентни механизми за овие процеси да бидат засновани на мерлива заслуга.
- Да се подобри одговорноста на институциите преку зајакнување на капацитетите и механизмите за правна заштита на граѓаните и правните лица преку поголема независност и транспарентност на Управниот суд
- Целосна имплементација на Законот за општата управна постапка и неговиот принцип на ефикасна и економична постапка што ги става интересите на граѓаните пред интересите на државните институции, материјализирајќи го принципот институциите да бидат услуга на граѓаните.
- Институциите треба да го почитуваат правото на добра администрација, дел од Европската повелба на темелните права, што е поврзано со поглавјата 23 и 24 од пристапните преговори и, на тој, начин да го сметаат доброто администрирање и ефикасниот Управен суд за важен елемент на пристапувањето на земјата во ЕУ.
- Со цел да се минимизира можната корупција, да се зајакне институционалната отчетност и транспарентност, потребна е потполна дигитализација на сите постапки врз основа на суштинска промена на јавните политики и интервенции во законодавството кои веќе ги сугериравме.
(крај)