Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ

May 20, 2025 Filed Under: Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати жестока критика кон актуелната Влада по најавата за ново задолжување преку заем од 6 милијарди евра. Во меѓувреме Унијата до 2027 година ќе додели 4,7 милијарди евра грантови за коридорите

ЛЕГЕНДА
СУГЕРИРАЊЕ Кој сака да не се развива коридорот 8 за смета само на развој на коридорот 10 – праша Филипче на пресот

Луѓето кога одат во маркет сфаќаат колку е лоша економската ситуација, платите не растат а цените дивеат, задолжувањето е огромно,  она што сега се случува е дебакл на економски план на владата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

– Платите не растат, цените дивеат во маркетите, владата не ги контролира ама баш никако а има механизмии има обврска тоа да го прави да ги заштити граѓаните. Инвестициите со коишто оваа Влада се фали се практично инвестиции се изработени од нашата Влада, од СДСМ и сега доаѓаат на реализација. Еве вратете ги сите оние компании ние сме ги промовирале во изминатиот период.

Огромно е задолжувањето. Владата кажува дека е намален јавниот долг како процент од БДП кога процентот на БДП се’ уште не е објавен колку е овој период од говдината. Значи повторно манипулација. Понатаму последната најава за овие кредити се такво ограничување на фискалниот простор да ништо друго не може да правиме во следните децении. Понатаму каматите и трошоците за живот се толку зголемени, инфлацијата што далеку го надминуваат и растот на бруто домашниот производ. Значи тоа што стои на хартија како бројка граѓаните не го чувствуваат и нема како го почувствуваат како подобрување на нивниот квалитет на живот ниту во следните години, имајќи предвид како се одвиваат работите. Така да сметам дека ова што сега се случува е дебакал на економски план на владата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Би кажал дека, за жал, може да констатираме – имајќи го предвид тоа и вториот дел за заемот, не за стратешкиот договор со Велика Британија, којшто ќе повторам го поддржуваме – но ваков начин на заем, за вакви проекти, дефинитивно ја бележат оваа Влада како антиевропска“, изјави Филипче.

Тој потенцираше дека не е изненаден од ваквите постапки, но дека јавноста има право да знае како точно се утврдуваат приоритетите за капитални инвестиции. „Не дека не знаевме и од другите постапки и од тоа што се случуваше досега, меѓутоа наеднаш земаме огромен кредит за брза пруга север-југ којашто, да, потребна ѝ е на земјата, но се поставува прашањето – како стана приоритет?“

Филипче посочи дека геостратешката позиција на Македонија бара развој на два транспортни правци – коридорот 10 (север-југ) и коридорот 8 (исток-запад), но Владата, според него, ја игнорира балансираната стратегија. „Суштината на железничкото поврзување и нашата геостратешка позиција на Македонија како земја е во тоа што ние сме крстосница и суштината е да се развиваат двата коридори – и 10 и 8. За жал, коридорот 8 којшто, за разлика од 10, оди од исток на запад и не спојува и со Црното и со Јадранското Море – Владата тој проект го откажа. Значи се става акцент само на еден коридор.“

Потоа, отвори и потенцијално геополитичко прашање: „Се поставува прашањето – дали има интереси на некоја друга земја тоа да се прави на тој начин кај нас?“

Оној што, според Филипче, е суштински проблем, е дека државата се задолжува со милијарди евра за инфраструктурни проекти кои во Европската Унија се решаваат со неповратни средства. „Да се зимаат толкави кредити, притоа да се блокира европскиот пат, е некоректно и не патриотски“, изјави тој. „Се задолжуваат следни кој знае колку генерации да враќаат милијарди евра за инфраструктурни проекти.“

Притоа посочи дека значителен дел од овие средства биле насочени кон обновување на транспортната мрежа, додека: „во следните 10 години ќе се инвестираат 4,5 милијарди евра за обновување на дури 750 километри пруга. Значаен дел од овие средства ќе бидат грантови, значи неповратни средства – гратис, кој што никој нема да ги враќа од Европската Унија“.

Филипче заклучи дека вистинската проевропска политика не е задолжување кај, туку обезбедување поволни и неповратни средства преку европските механизми. „Ете така се работи патриотски и така се сака државата – кога има поволни опции, кога има добри опции да државата расте, се развива, се посега. А не со кредити со коишто задолжуваме генерации и генерации да враќаат огромни суми пари, камати, кредити коишто го ограничуваат фискалниот простор и кој што апсолутно нема да дадат можност да се прават други капитални проекти во нашата земја.“ – заклучи Филипче.

Првиот човек на СДСМ отворено праша – Владата да одговори дали е спремна да разговара за примање мигранти во нашата земја?

Го поддржуваме Договорот за стратешка соработка со Британија, по информациите во британски медиумите упатувам прашање до Владата дали е спремна да разговара за разговара за сместивање мигранти во нашата земја, повика претседателот на СДСМ, Венко Филипче на понеделничката прес конференција.

– Имено, на ABC NEWS, непосредно после Самитот, излезе информација дека откако Албанија го одбила договорот со Велика Британија да прима мигранти, имајќи предвид дека таков договор има со Италија, лидерите на Косово, генерално од Западен Балкан кажале дека исто така не се согласуваат да има кампови за мигранти, но се отворени за тоа да се разговара. Упатувам прашање до владата, дали навистина се спремни со Велика Британија да разговараат за сместување на емигранти во нашата земја? – рече Филипче.

 

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet