На што укажуваат судењата за наврeда на пратениците од ВМРО ДПМНЕ за навреда на политички противници изречени вио Парламентот?
Утрото на претпослаедниот јануарски ден во Основниот суд 2 продолжи судењето иницирано од министерката за одбрана Славјанка Петровска за невистините што пратеникот Драган Ковачки ги изнеел против неа се одвиваше вистинска драма.
Според новинските извешта – редуцирани, што е тема сама за себе – по сослушувањето на Славјанка Петровска, сослушан беше и Драган Ковачки. Тој сослушувањето го започнал со копии од стари сметки за вода, па откако останал без аргументи, почнал да се извинува на министерката Петровска за нанесена душевна болка за кажаните невистини кон неа. На ова реагирала дури и неговата адвокатка која се обидувала да го задржи фокусиран на предметот.
Дали некој и кој му подметнал лажни информации на Драган Ковачки, дали се работи за внатрепартиска местенка во ВМРО ДПМНЕ или само наивност на Ковачки, на крајот, разврска се очекува во периодот што следи. Инаку Ковачки кој е доста дрзок во пресметките од парламентарната говорница, сметајќи се заштитен на суд се „бранеше“ со недоаѓање и со неносење на лична карта, но судијаката не го казни ниту еднаш за тие одбегнување на соочувања пред неа од тужениот.
На еден друг спор од тој формат членката на Судскиот совет, Лорета Георгиева, на неодамнешна седница рече дека побарала изјава од судијата кој постапувал по предметот каде друг пратеник на ВМРО ДПМНЕ е обвинет за клевета. Предметниот судија на барањето одговорил дека и во судската одлука и во изјавата на судијата се посочува дека собраниската говорница и имунитетот бил заштитуван т пратеникот од кривична одговорност, но не и од граѓанска одговорност за навреда и клевета. Во оваа насока, Георгиева вели дека е на иста линија со судијата
По одбивањето на претставката од страна на Судскиот совет, пратеникот Бране Петрушевски во објава на неговиот фејсбук-профил вели дека почетокот на годината не навестува дека овој состав на Судскиот совет е способен да си ја врши работата и да ја штити и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството
Членката на Судскиот совет, Лорета Георгиева, на денешната седница рече дека побарала изјава од судијата кој постапувал по предметот. Вели дека и во судската одлука и во изјавата на судијата се посочува дека собраниската говорница и имунитетот го штитат пратеникот од кривична одговорност, но не и од граѓанска одговорност за навреда и клевета. Во оваа насока, Георгиева вели дека е на иста линија со судијата
По одбивањето на претставката од страна на Судскиот совет, пратеникот Бране Петрушевски во објава на неговиот фејсбук-профил вели дека почетокот на годината не навестува дека овој состав на Судскиот совет е способен да си ја врши работата и да ја штити и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството
Според Петрушевски, политичката хајка врз неистомислениците на власта продолжува, а извршители се токму личности како Лорета. Георгиева е инаку сопруга на близок до Зоран Заев во Струмица и долгогодишен директор на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, Зоран Георгиев.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во ноември минатата година потврди дека Основниот суд – Куманово донел пресуда во која се вели дека тој во говор од собраниската говорница го омаловажил колегата пратеник од редовите на СДСМ, Мартин Костовски, и му ја повредил честа.
Во пресудата, која Петрушевски тогаш ја објави на Фејсбук, може да се види дека тој на пратеникот Костовски треба да му исплати 150 илјади денари плус законска камата за душевна болка предизвикана од навреда искажана од собраниската говорница.
Во секој случај како општество како да влегуваме во фаза на раздвојување на кривичната од граѓанската одговорност кога се работи за навреди кои политичари си ги упатуваат во Парламентот.