Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОЛИТИЧКА ЗЛОУПОТРЕБА НА ИСТОРИЈАТА…

June 15, 2021 Filed Under: Колумни

ЖАРКО ТРАЈАНОВСКИ

… која нема никаква врска со историјата. Во нашиов случај, се очекува и дури и се бара од историчарите – кои досега беа и се дел од проблемот – сега да бидат дел од решението на проблемот

Ако се има волја, може да се постигне решение и со Бугарија, врз основа на принципите и препораките на Советот на Европа кои се однесуваат на учењето историја и со помош на експерти на Советот на Европа.

„Идеолошкото фалсификување и манипулирање на историјата“ е неспоиво со основните принципи на Советот на Европа, а се препорачува развивање на плуралистичен и толерантен концепт на учење на историја.

Меѓутоа, во нашиов случај, се очекува и дури и се бара од историчарите – кои досега беа и се дел од проблемот – сега да бидат дел од решението на проблемот.

Не можете да очекувате од историчари, кои со децении ја злоупотребувале историјата како инструмент за идеолошка манипулација и пропаганда, одеднаш да се свестат, да ги признаат своите историски злодела и да почнат да промовираат плуралистички и толерантен концепт на учење на историја.

Не можете да очекувате од историчари кои прикривале, занемарувале, манипулирале, изобличувале, митологизирале, дезинформирале, и пропагирале лажни митови за континуитет и исклучувачки националистички митови за „ние“ и „тие“, наеднаш да ги соблечат пропагандистичките одела и да почнат да се однесуваат како чесни историчари.

Колку време ќе ни треба да се сфати дека мнозинството историчари во комисијата се дел од проблемот, и дека е речиси невозможно да станат дел од решението на проблемот?

Не знам, ама имам некое чувство дека многу политичари си го знаеле тоа однапред, и како намерно да избрале такви историчари кои се дел од проблемот, а кои сега им служат како одлично алиби за нерешавање на проблемот.

Инаку, ако се има волја и се тргне од принципите на Советот на Европа, бездруго ќе се дојде до заклучок дека треба темелно да се ревидираат и македонските и бугарските учебници по историја – преполни со етнонационалистички митови, манипулации, дезинформации и пропаганда.

Сепак, фактот дека досега немало политичко блокирање на процес на евроинтеграција со отворени барања за промена на учебници по историја, фактот што страната која блокира не се држи до погоренаведените принципи на Советот на Европа, фактот што нема „историски“ барања кон други држави кандидати за членство кои имаат „проблематични“ учебници, фактот што едната страна одбива секакво учество на „туѓи“ експерти во Комисијата, е јасен показател дека целиот процес на блокирање е злоупотреба на историјата заради политички цели кои немаат никаква врска со историјата – каква што би требало да се учи во 21-от век согласно принципите на Советот на Европа.

Filed Under: Колумни

ССМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД 500 ЕВРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ДОДЕКА Д0ЈРАНСКО ЕЗЕРО ПО МНОГУ ГОДИНИ ПРОПАЃА MИЦКОСКИ ВЕЛИ – „ДАЈТЕ ДРУГО ПРАШАЊЕ!“
ШTO НАПРАВИ ЈОТОВА , ТАА НЕМА ДА ГО СПАСИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ
БОБ ВИЛСОН: АЈНШТАЈН НА ПЛАЖАТА
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (2)

Најново

  • ССМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД 500 ЕВРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
  • ДОДЕКА Д0ЈРАНСКО ЕЗЕРО ПО МНОГУ ГОДИНИ ПРОПАЃА MИЦКОСКИ ВЕЛИ – „ДАЈТЕ ДРУГО ПРАШАЊЕ!“
  • ШTO НАПРАВИ ЈОТОВА , ТАА НЕМА ДА ГО СПАСИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet