По Шеќеринска и Пендаровски јасно укажа на тоа дека влезотѕ на висок офицер во К на ВМРО ДПМНЕ не е дозволив
Пендаровски застана зад Шекеринска, која најавува измени на Законот за служба во Армијата, со цел да се оневозможи армиски офицери да извршуваат партиски функции, додека полковникот – нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ – ја обвинува за дискриминација и кршење на Уставот
Претседателот и врховен командант Стево Пендаровски даде денеска поддршка за најавата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за измени на Законот за служба во Армијата, со цел да се оневозможи армиски офицери да извршуваат партиски функции, каков што е случајот со полковникот Драган Ковачки, кој стана член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не постои ниту една армија во светот чиј висок воен чин, полковник, се расправа за политика во медиуми со актуелниот министер за одбрана. Тоа го нарушува кредибилитетот на Армијата, но и довербата на граѓаните во институциите на системот“,
изјави Пендаровски.
Тој рече дека го покренал ова прашање на последниот Совет за безбедност, затоа што, како што оцени, станува збор за ситуација без преседан.
„Тоа е ситуација без преседан, која мора час поскоро да се надмине. Срамна е за луѓето што ја прават, но е и девастирачка за имиџот на институциите. Ако најавените измени во Законот за служба во Армијата се во оваа насока, поддржувам каква било потребна нормативна измена што тоа ќе го спречи. Ако сте кандидат на избори, во време на кампањата сте ослободени од армиските должности и во тој период сте политичар или кандидат за политичка функција. Излезете надвор од институцијата, влезете во политика, организирајте се самостојно или во политичка партија и можете до утре наутро да коментирате. Кога сте внатре, особено во чувствителен сектор како што се Армија, полиција, тогаш тоа е ситуација без преседан“, нагласи Пендаровски.
Претседателот дополни дека случаи на политичко полемизирање со актуелните раководители има и во Агенцијата за разузнавање, како и во други институции, што, исто така, рече, е без преседан.
Во однос на изборот на Ковачки за член на највисокото раководство на опозициската партија, Шекеринска изјави дека тоа не е добро ниту за државата, ниту за Армијата.
„Замислете ситуација, имаме ние началник, заменик началник и директор на Генералштабот. Замислете едниот да отиде во СДСМ, другиот во ВМРО-ДПМНЕ, третиот во ДУИ, а дел од полковниците да заминат, не знам, во ЛДП или во Алијанса. На што ќе личи таа армија и како ќе се чувствуваат припадниците на армијата кога луѓето кои ги раководат имаат униформа и се заколнале на таа униформа, на таа армија, на таа држава, а тераат партиска политика. Мислам дека не случајно порано, иако немало целосни законски ограничувања, сите воделе сметка дека армијата треба да ја држиме над политиката“, рече Шекеринска.
Таа рече И дека ова прашање било отворено и на седницата на Советот за безбедност и оти став на сите бил дека можеби треба да се размислува ваквите прашања да се регулираат законски, како што е регулирано и за некои други професии.
Ковачки, пак, кој во почетокот на годината, токму поради тоа што не е цивилно лице, не успеа да стане министер за внатрешни работи во техничката влада, а потоа ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше за пратеник, и одговори на Шекеринска дека дискриминира и го крши Уставот, каде што сите граѓани се еднакви.
„Сегашниот министер за одбрана треба да се занимава со работи поврзани за одбраната, а не во работно време да се занимава со партиски работи. А доколку веќе не може да излезе од партиската матрица, тогаш нека се занимава со нејзината матична партија, а не со мојата партија ВМРО-ДПМНЕ. Јас никогаш не сум го довел и нема да го доведам во судир професионалното и работењето во партијата. Тоа најдобро го знаат моите подредени и може слободно да се обратите да ги прашате дали такво нешто имало во минатото.Како граѓанин на оваа држава кој плаќа даноци, односно го плаќа министерот за одбрана, сакам да ја прашам дали е застапник на дискриминација и дали отворено сака да го скрши начелото на еднаквост на граѓаните загарантирано со Устав“,
Името на полковникот влее во ушите на јавноста на првиот ден од Новата Година, Тогаш лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски објави видео од состанокот одржан со другите предложени кандидати – за министер во ресорот труд, како и со предложените за заменици-министри во ресорите финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација. Од видеото се гледа дека на тој состанок не беше е присутен полковникот во АРМ, Драган Ковачки, кого партијата го предложи за технички министер за внатрешни работи, а СДСМ тој предлог го одби како неуставен, повторувајќи го истиот став на оној на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој по трети јануари треба да биде премиер на техничката влада, вчера потенцираше дека Уставот мора да се почитува и изрази надеж дека опозицијата ќе предложи нов кандидат за министер за внатрешни работи.
„Мислам дека тоа ќе го направат, и заеднички ќе влеземе во таа преодна влада, која треба да ги заврши сите овие процедури до изборите“, рече Спасовски, истакона тој, откако ДУИ се согласи предлогот на ВМРО ДПМНЕ!
Ковачки е роден во Делчево, до својата 18-та година практично израснал во Делчево. Дел од детството поминав и во Македонска Каменица, каде што живееле неговите баба и дедо. Инаку потеклото му е од Малешевијата од селото Митрашинци. На Воена академија заминал на 18 години. Дел од својата професионална кариера, посебно делот на усовршувањето го имал поминато во странски држави, претежно во западниот свет, во членки на ЕУ и НАТО, нагласува тој.
(Користени се податоциод повеќе медиуми)