Ништо не ги поврзува толку Европа и Америка како мафијата – вели авторот на делото Копола. Мафијата е синоним на капитализмот и неговата тѕранзиција од „добротворна организација“ до алчн, дрска, бескрупулозна
Во многу нешта што ни се случија во 1972 година, пред половина век, како епидемијата со вариола вера, првиот рок концерт на отворено во Македонија, упадот на една голема група на усташи од Австрија во тогашна СФРЈ со намера да направат тука „востание“ и погибијата на речиси целиот фудбалски тим на „Слобода“ од Бања Лука, ни се случи и премиерата на големиот филмски хит „Кум“, кој имаше уште две продолженија, на бранот на успехот на темата. Премиерата на ова дело беше на 15 март таа година.
„Кум“ се смета за модерен еп и за брилијантна метафора за американското општество. Самиот режисер Копола во една прилика изјавил дека секогаш сакал да ја употреби мафијата како метафора за САД, зошто двете имаат корени во Европа. Според неговите зборови, „и двете се целосно капиталистички ориентирани и основната грижа им е профитот. И мафијата во Америка се чувствува како добротворна организација, а нејзините раце се извалкани со крвта од она што мора да го прават за да ги заштитат својата моќ и интересите“.
Филмот го краси извонредна фотографија, која одлично ја прикажува приказната за семејството Корлеоне. Во филмот има многу антологиски сцени како, на пример, легендарната сцена на будењето на непослушниот холивудски моќник покрај отсечената глава на неговиот омилен коњ, итн. Исто така, филмот го краси и музиката на Нина Рота, а најпозната е „Љубовната тема“. Најпосле, филмот обилува со многу луцидни дијалози. Така, една од најефективните реченици во филмот ја изговара Дон Вито Корлеоне (го игра Марлон Брандо) кој, објаснувајќи ги своите планови да го натера Џек Волц да му ја даде главната улога од својот нов филм на кумчето Џони Фонтејн, вели: „Ќе му дадам понуда која не може да ја одбие.“
Инаку, филмот е снимен според романот „Кум“ на Марио Пузо, кој останал на списокот на најдобри бестселери на „Њујорк тајмс“ дури 67 недели и бил продаден во над девет милиони копии во текот на две години. „Парамаунт“ првично дознал за романот на Пузо во 1967 година при што потпретседателот на „Парамаунт“, Питер Барт, што му понудил на Пузо да направи филм според романот. Пузо прифатил бидејќи имал потреба од пари.
Значи, малку недостасувало филмот да не се сними. Имено, авторот Марио Пузо во 1967 година добил понуда од „Paramount Pictures, да ја откупат новелата, но агентот го советувал да не ја прифати понудата. Сепак, Пузо не го послушал и во 1969 година започнало снимањето на денес, култното остварување.
Но, не одело сè баш така лесно. И покрај тоа што истоимената новела била една од најпродаваните, кога „Paramount Pictures“ одлучиле да ја преточат во филм, дури 12 режисери го одбиле проектот, вклучувајќи ги Серхио Леоне и Петер Багданович. Дури и Френсис Форд Копола ја одбил понудата првиот пат. Но, во тоа време се соочувал со финансиски потешкотии и размислил уште еднаш за понудата. Тоа веројатно му била и една од најдобрите одлуки во животот.
Интересно е да се забележи дека лесно можело да се случи филмот да остане без Марлон Брандо и Ал Пачино, зашто никој освен режисерот не сакал тие да бидат ангажирани во филмот. Имено, продуцентите планирале улогата на Мајкл Корлеоне да му ја понудат на некое познато име, како Роберт Редфорд или Рајан О’Нил, но Копола инсистирал улогата да ја добие во тоа време младиот и непознат Пачино. Истовремено, продуцентите не го сакале Брандо поради неговата репутација на кавгаџија и незгоден соработник, но повторно, Копола сметал дека токму Брандо е најпогодниот избор за Дон Вито Корлеоне. Дури откако Копола направил пробно снимање со Брандо, продуцентите попуштиле и прифатиле тој да ја игра улогата на главата на мафијашкото семејство.
Иако е познато да повториме дека „Кум“ (англиски: The Godfather) е е снимен според истоимената книга на Марио Пузо. Филмот е во режија на Фрaнсис Форд Копола, кој исто така е автор на сценариото, заедно со Марио Пузо. Главните улоги ги толкуваат: Марлон Брандо, Ал Пачино, Дајан Китон, Џејмс Кан, Роберт Дувал, Ричард Кастелано, Џон Казале итн. Филмот имал голем успех кај филмската критика и вообичаено котира високо на многу списоци со најдобрите филмови на сите времиња: трето место според Американскиот Филмски Институт, второ место (со оцена 9.1 од 10) на списокот на „најдобри 250 филмови“ според ИМДБ итн. Во 1973 година, филмот имал 11 номинации, а освоил три награди „Оскар“, во категориите: најдобра фотографија, најдобар глумец (Марлон Брандо) и најдобро адаптирано сценарио. Истата година, филмот освоил пет награди „Златен глобус“, една награда на БАФТА и една награда „Греми“ (Нино Рота, за најдобра музика). Вкупно, филмот освоил 26 престижни награди
Накусо првиот дел од трилогијата започнува со проблемите кои ги има шефот на едно мафијашко семејство од Њујорк, Вито Корлеоне (го игра Марлон Брандо), кој во првите кадри прави свадба за својата ќерка. По тој повод, кај него доаѓаат разни луѓе, кои му бараат одредени услуги. Драмскиот судир започнува со одбивањето на Вито да ја вклучи организацијата во трговијата со дрога – понуда на сватот Солоцо . Во тој миг Корлеонови стануваат неподобни за другите њујоршки семејства. По неколку убиства на пониски членови на семејството имас обид за убиство на самиот дон Корлеоне кој по некое чудо шреживува а од подоцнежно уибиство, уште во болницата го спасува најмлад син Мајкл (го игра Ал Пачино), кој е единствениот од семејството кој нема никаква врска со криминалот, најпрвин го спасува својот татко кого непријателите сакаат да го убијат во болницата, а потоа се пријавува да ги убие Солоцо и корумпираниот полициски капетан.
Веднаш потоа, поради безбедносни причини, Мајкл заминува во Сицилија, каде се оженува со убавата девојка Аполонија. Меѓутоа, неговите непријатели се обидуваат да го убијат при што погинува Аполонија.
По кадрите снимени во Сицилија, дејствиоето се враќа во Њујорк, каде владее крвава војна меѓу мафијашките семејства. По враќањето на Дон Корлеоне дома, додека тој се опоравува, него го заменува синот Сони (го игра Џејмс Кан), но набргу и тој е убиен во заседа. Поради тоа, Дон Корлеоне закажува состанок на водачите на петте њујоршки семејства, на кој тие се договараат да запре војната. Набргу, Дон Корлеоне умира, а на неговото место доаѓа синот Мајкл, кој се жени по втор пат со својата поранешна девојка Кеј (ја игра Дајана Китон). По погребот на својот татко, Мајкл организира свирепи убиства на водачите на петте семејства, а го убива и својот зет за сестра, Карло, за кого дознава дека го наместил убиството на Сони. На тој начин, Мајкл ја зацврстува својата положба како новиот Дон Корлеоне.
ечиси и да нема човек што досега не го погледнал култниот филмски класик „Кум“ од 1972 година. На денешен ден пред точно 45 години се случи првата премиера на остварувањето.
Овој голем јубилеј нема да помине незабележително. Имено, на претстојниот фимски фестивал „Трибека“, дел од екипата ќе се собере повторно. Основачот на фестивалот, Роберт де Ниро, воедно и еден од протагонистите во филмот, успеа да ги собере режисерот Френцис Форд Копола, Ал Пачино, Дајан Китон, Роберт Дувал, Џејмс Кан и Талија Шир.
Единствено ќе недостасува Марлон Брандо, кој почина во јули месец 2004 година, но несомнено тоа ќе биде ноќ за паметење.
Репликите од филмот и денес се прераскажуваат, но веројатно повеќето од вас не знаат дека за повеќето актери, снимањето на „Кум“ било едно од најзабавните што некогаш ги имале.
Инаку, иако е еден од најпопуларните, сепак „Кум“ не е најдобар. На листата на IMDB, тој се наоѓа на второто место. Пред него е „Бегство од Шошенк“.(!)
Во книгата, дејствието се одвивало во 1940-тите години во Њујорк. Но, студиото сакало да заштеди пари, па идејата била дејствието да биде изместено поблизу до денот на снимањето. Студиските сцени се правени во Канзас, каде се било поевитно како услуга. Потоа Ал Пачиноза малку ќе бил отпуштен заради неговите доцнења на сетот. Дека од студиото биле мошне сериозни во таа намера, говори и фактот дека е пронајдер режисер кој би го заменил и кој доаѓал на сетовите, како сенка на Копола, очекувајќи повик во секој момент. Притисокот бил на максимум.
Како да немале доволно стрес, но во тоа време на Копола му се раѓа третото дете, ќерката Софија, која денес е еден од најпочитуваните филмски режисери.
Од „Парамаунт“ сакале филмот да допре до пошироката публика, па затоа вработиле „тренер за насилство“, да им помогне да додадат повеќе крв, смелост и модрици во сцените.
Да се потсетиме дека во тоа време веројатно не постоела понасилна сцена во филмската историја од онаа каде е претставена смртта на Сони Корлеоне. Тоа е воедно и најскапата сцена во филмот, која ги чинела – сама за себе – 100.000 (тогашни) долари. Всушност, Џејмс Кан носел 127 „петарди“ полни со крв на себе, за да може што поверодостојно да се претстави моментот кога куршумите го погодуваат.