Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОЛОВИНА ВЕК ОД ПРАШКАТА ПРОЛЕТ (4)

September 22, 2018 Filed Under: Фељтон

Вацлав Хавел ги советувал сограѓаните да ги третираат странските војници како природна катастрофа или дожд – за да ги избегнат. „Се чини дека непријателот е немоќен против ова оружје, како што дождот е немоќен пред чадорот”, објаснил Хавел, идниот прв претседател после промената на системот. „Ако во одреден момент сметате дека треба да се однесувате како Хус (водач на бунтот), да се однесувате како Хус. Ако во друга ситуација сметате дека треба да се однесувате како Швеј (комичен лик од Првата светска војна), дејствувајте како Швејк”, советувал Хавел

ОТПОР Вацлав Хавел е еден од творците на отпорот со ненасилство со окупационите трупи

Тито очекуваше дека групите околу Ранковиќ добиваат можност да се јавaт на Москва и да побараат интервенција, Па тој се закани :„Оние кои ќе бидат поставени на спротивната страна, ќе бидат уапсени и нема да чекаат многу! Пердуви ќе летаат од нив! ”

На 30 август, Тито го прими на Брионi советскиот амбасадор Бенедиктов. Нивниот разговор беше дипломатски куриoзитет, непојмлив меѓу амбасадор и шеф на државата. Бенедикт ги прочитал обвинувањата против Југославија и половина час Тито го слушал со лутење. Потоа удрил на масата со тупаница и викнал: „Тоа е лага! Како можете да прочитате такви повраќаници пред мене? “. Кога Бенедикт продолжил, Тито го прекинал разговорот со зборовите дека „југословенските народи во минатото претрпе многу, но тоа е горд, горд народ, кој ја цени својата независност и не дозволува некој да се меша во неговите работи”, и побара Бенедикт да замине.

Сметката пристигнала брзо. На Косово, десетици илјади луѓе демонстрираа на 29 ноември 1968 година и ј исфрлија паролата „Косово – Република”. Сето тоа личеше на одмаздата на Албанија во однос на Чехословачка. Неодамна избраниот претседател на Српската СК Марко Никезиќ, која не состави ниту пет дена на функцијата, побара да нема многу воени мерки на Косово ама Тито одовори: „Не грижи се! Никола, (се мисли на Никола Љубиќиќ, воениот министер) тенковската дивизија нека тргне веднаш од Скопје за Приштина”.

Југославија и Белград обезбедија засолниште за бројни чехословачки лидери. Тука беа засолнети заменик-премиерот Ото Шик, министерот за надворешни работи Јиржи Хаек, министерот за планирање Франтишек Власак, претседател на „Комисијата за централна контрола” Стефан Гашпарик и многу други партиски функционери. Москва го обвини Белград дека е центар за создавање на идната влада во бегалците. Шик дури зборуваше и на митинг во Белград.

Во серијата бегалци, посебно е интересен случајот на генерал-мајорот Јан Шејн Неговиот пример може да укаже дека „прашката пролет“ има многу недочитани страници. Во летото 1967 година, Шејн беше на одмор во Југославија, каде што дојде во контакт со југословенските разузнавачи. Во тоа време, тој беше најблизок соработник на генералниот секретар на Чехословачка КП Антонин Новотни. Во јануари 1968 година, кога започнаа вртлозите во неговата земја, Шејн беше обвинет за подготовка на државен удар. Шејн побега од земјата, а Новотни поднесе оставка на 22 март. Генералот, со помош на југословенските безбедносни служби, побегна во Австрија и потоа стана американски воен советник. Умре во Њујорк во 1997 година.

ИЗБОР Ако сакате да бидете како Ху, бидете како Хус, ако сакате да бидете како Швејк, бидете како него – била препорката за изборот

Шејн јавно настапи на 20 февруари 1974 година на австриската телевизиска програма ОРТ. Шејн го откри постоењето на „Планот Полјарјка” кој предвидувал најпрвин напад на „анти-социјалистички сили” на територијата на Југославија од Австрија, а потоа контра влез во Југославија на силите на „Варшавскиот пакт”, кои би биле замолени да помогнат во борбата против фашистичката агресија против Југославија. Детали на операцијата „Полјарка” Шејн првично ги откри во неделникот „Профил” во декември 1973..

Одекот на интервјуто беше голем, првенствено во Австрија, Југославија и САД. По шоуто, настана остра дебата со која се бараше оставка на канцеларот Крајски, а се одржа вонредна седница на австрискиот парламент. „Народната партија” побара оставка од министерот за одбрана, Карл Лутендорф, а на владејачката Социјалистичка партија и ја понудил својата оставка на главниот и одговорен уредник на „ОРФ” Герда Бахер, што дозволила емитување на интервјуто.

Американските медиуми оценија дека ова афера е дел од одлука на врвот на ЦИА, кој сакал да го спречи детантот меѓу СССР и САД.  Во одделни полемики австрискиот канцелар Крајски објави во „Профил” како свој текст, како и Верн Танцл, кој направи интервју за телевизијата, инаку близок до ЦИА, рекоа дека без знаење на американските разузнавачи не би дошло до Шејновото откритие, бидејќи тој во Америка  и онака бил во еден вид на домашен притвор.

Хавел, првиот претседател на Чешка после падот на Берлинскиот ѕид, првиот ден од советската инвазија од Либерец, во својата радио емисија ги покани истакнатите европски интелектуалци Гинтер Грас, Ханс Магнус Енсбергер, Самуел Бекет, Јуџин Џонсеке, Жан Пол Сартр, Луј Арагон, Артур Милер, Евгениј Евтушенко, Макс Фриш и други да ја осудат окупацијата на Чешка. Тој се појави како портпарол на Комунистичката партија” на 26 август 1968 година, кога го потпиша „Упатствата за однесување кон окупациските сили”. Тој ги советувал да ги третираат странските војници како природна катастрофа или дожд – за да ги избегнат. „Се чини дека непријателот е немоќен против ова оружје, како што дождот е немоќен пред чадорот”, објасни Хавел. „Ако во одреден момент сметате дека треба да се однесувате како Хус (водач на бунтот), да се однесувате како Хус. Ако во друга ситуација сметате дека треба да се однесувате како Швејк, дејствувајте како Швејк”, советувал Хавел.

ГЕНЕРАЛ ШЕЈН Каква беше неговата улога во рушењето на Новотни?

(продолжува)

Filed Under: Фељтон

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet