Глобусовиот новинар Твртко Јаковина се сеќава на тие денови на 1968 годи и преку разговори со актуелниот чешки амбасадор во Загреб, кој како мале дете бил на пречекот на Броз во Прага и дури се ракувал со Маршалот
Владимир Завазал имал малку повеќе од петнаесет години, кога со таткото на 9 август 1968 година отишол на меѓународниот аеродром во Прага – Ризине. Детали за посетата на претседателот на Југославија Јосип Броз Тито не се објавени, но сепак на аеродромот, потоа прелекот на наслението при патот на гостинот од аеродромот до Храдчани бил јасна воодушевеността кон гостинот. Интересот за Тито била толкав и тоа се должи пред се на поддршка што тој ја дал за она што се случува во Чехословачка од јануари 1968 година, и тоа во мигот кога се чинело дека и двете земји се загрозени. Оние кои дошле тука сакале да и помогнат на Прашката пролет и трансформацијата во модел на социјализам во подемократска, поотворена одора.
Тито излегол од авионот и него го пречекале Александар Дубчек, прв секретар на КП на Чехословачка, и Лудвиг Свобода, претседателот на државата поздрави. Секогаш елегантен, со темни очила, Тито, исто така, се поздравил со неколку пражани. Еден од оние со кои се ракувал бил и Владимир Завзал. Неколку години подоцна, Владимир се запишал на студии по математика. Педесет години откако Владимир Завазал се раувал со Тито, станува актуелен амбасадор во Република Хрватска. Аеродромот во Прага е преименуван МЖЛ „Вацлав Хавел”, именувана по првиот демократски претседател на Чехословачка, а подоцна и Чешка, по крајот на Студената војна. Прашката пролет и нејзино сузбивање е еден од клучните настани во историјата на Европа на 20-от век, настан што делумно се дефинира од судбината на социјалистичкиот експеримент во светот.
Патувањето на Тито во Прага беше одложувано неколку пати. Покана за посета на Чехословачка испратило либерално раководство во февруари 1968 година и на неа беше одговорено позитивно, со мала ограда. „Видете прво со Русите”, наводно одговорил југословенскиот маршал, „а потоа ќе ви помогнеме како ревизионисти”. Поканата била обновена повторно во јули. Дење и ноќе, на местото што ќе го одберете”, одговорил Тито, како што е наведено во најважните западни медиуми. Тие сите беа свесни за тоа колку далеку оди чехословачкиот социјалистички експеримент, па многу личи на југословачкиот пример, кога Југославија била опседната со тоа во Европа да се создаде уште еден сличен систем. Атмосферата во југословенското комунистичко раководството во Њујорк тајмс, преку перото на Дејвид Биндер е опишана како „момент на носталгични сеќавања”на отпорот на Сталин пред 20 години. Дел од политичарите сфатиле дека Чесите почнале да напредуваат побрзо од Југославија и да и го „тријат со тоа носот”.
Од моментот кога станало јасно колку далеку и длабоко Дубчек ќе го промени социјалистичкиот систем, што е можно побрзо ќе ги либерализирал медиумите, како атрактивен станува моделот на самоуправување, се правеле постојан споредби со југословенското искуство од Информбирото во 1948 година и отпорнот кон Сталин. „Политика“ напишала дека Москва се однесува како да сака да го реконструира Информбирото.
Групирањето на Романците, Чехословаците и Југословените беше подобро потсетуваше на ново групирање ала Мала Антанта меѓу овие земји меѓу двете светски војни. Новата Малата Антанта беше само една група земји кои сакаа независност во развојот на социјализмот, напишал познатиот В. Л. Сулцбергер, еден од оние кои добро го познаваа регионот. „Но Дубчек, Чаушеску и големиот, стар еретик Тито имаат заедничка определба за национална слобода, дури и ако Тито во домашната политика е полиберален, а тоа не е Чаушеску “.
Други, дури и дисидентот Ѓилас, забележале дека Чесите можеби повторно ќе бидат предадени како во 1938 година. Минхенската капитулацијата пред Хитлер не потсетува на британскиот прмеиер Чембрлен.
Тогаш беше познато дека воено на Советите никој нема да се противи ама имало аргументи кои не биле поволни за оние кои ќе ја направат интервенцијата. Интервенирањето против социјализмот со човечко лице значело целосно уништување на западните комунистички партии! Ова значело и „целосен прекин со Југославија”, пишува Ричард Едер од Њујорк Тајмс на 28 јули, 1968 година Тоа ќе биде знак либералните комунисти насекаде во Пактот, да не се надеваат на подобра иднина во скоро време. Интервенцијата во Унгарија претходно беше катастрофална за советската репутација. Прага најверојатно ќе биде уште полоша. Сите што дадоа вакви сугестии беа во право. Веројатно овие аргументи ги знаел Леонид Брежњев, чиј кризен менаџмент во Москва беше претпазлив, како што се пресметува, па се одеше на тоа дека постои само личен конфликтот со Дубчек а не со Чехословачка.
Веќе договорени и најавени доаѓања на Тито и на Чаушеску во Прага во јули беа одложени на барање на Чехословачка. Шефот на француската комунистичка партија Бачдек Роше беше дојден в посета на Тито. Имаше гласови дека Прага ќе ја посети славниот лидер на италијанската КП Џанкарло Пајета, па се напави некаков баланс меѓу партиите кои му се спротивставија на Брежњев по прашањето на Дубчек, но и оние кои имаат спротивен став! Кон крајот на јули, Советите уште еднаш ја оладија кризата и повторно ги отворија преговорите со Прага.
(продолжува)