Стравувањата за интервенција кои постоеле не биле залудни – во Москва не престаале да се подготвуваат за воена акција. Во САД зборувале малку за кризата во Европа. Војната во Виетнам и кампањата меѓу Никсон и Хјуберт Хамфри го окупирала вниманието
Конечно, посетата на Тито на Прага беше фиксирана за 9 август. Потоа, посетата на Тито конечно беше фиксирана за 9-ти август. Та од стартот беше „јавно триумфална”: собраните го поздравија гостинот на начин на кој американскиот новинар Хенри Кам, дописник и за Њујорк Тајмс и други водечки весници ова го опиша како „персонификација на комунистичкиот независност”. Пред Храдчани толпата долго и постојано аплаудираше, и извикуваше: „Тито да, Улбрихт не”, „Да живее Тито”, „Вива Дубчек” …. Разговорите започнаа во 18.45 часот. Кога се затвори вратата на внатрешниот двор, кој веќе беше преполн со публика, траеше пет минутен аплауз и одобрување. „Дојдовме тука за да го зајакнеме нашето пријателство во корист на двете земји”, рече Тито. Тие беа внимателни да не ја провоцираат Москва, но нема сомнение за тоа дека се знаеше кој што мисли. И испраќањето на Тито во авионот за Пула беше подеднакво празнично, со илјадници луѓе на аеродромот.
За град и земја која е инаку воздржани, со оглед дека трасата каде ќе мине колоната не беше порано објавена, секако дека во тој прием кај народот имаше ентузијазам. Харизматичен, како победник во дуелот со Советскиот Сојуз од пред 20 години, Тито беше августовска ѕвезда на таа година, па пречекот беше една форма и на демонстрација. Сепак, не беше се така мазно и во самата Чехословачка, таму имаше конзервативните политичари, оние кои сакаат да се стави „крај на експериментот“ и некои од нив имале важни позиции. Главниот и одговорен уредник на „Руде право“ Олдрих Швецка отпушти двајца заменици кои ги сметал за либерални и го масакрирал извештај за посетата на Тито. Броз бил „политички авантурист”, и побарал да се смали неговата биографија за две третини и да нема посебен наслов. Се настојувало да не извлекуваат дополнително луѓе на улица.. Американските новинари кои дојдоа да известуваат за овој настан добија забрана, вклучувајќи го и угледниот Хенри Кам, кој епак останал до 15 август, па присуствувал на прес-конференцијата на романските лидер Николае Чаушеску, кој беше последен истакнат гостин во Прага.
Стравувањата за интервенција кои постоеле не биле залудни – во Москва не престаале да се подготвуваат за воена акција. Во САД зборувале малку за кризата во Европа. Војната во Виетнам и кампањата меѓу Никсон и Хјуберт Хамфри го окупирала вниманието, но Стејт департментот во неколку наврати јасно истакнал дека Вашингтон нема да се меша во она што се случува во Прага. Имало неколку критичари на оваа политика, но не биле значајни. Сепак, за воена акција, немало никакви пречки.
Инвазија на земјите од Варшавскиот пакт (со исклучок на Романија) на Чехословачка почнал во 23 часот, на 20 август, со преминувањето на здружените сили на земјите од Варшавскиот пакт преку легалните чехословачки граници. Во 3 и пол часот утрината на 21 август во Прага се слушнаа авиони, сирени, мотори. Сите светла се исклучени во главниот град. Спикерите на радиото велеа дека поранешните сојузници се предавници, прават агресија, дека се прави непознат криминал во меѓународното право. Околу три и пол часот наутро советските командоси извршиле десант на аеродромот во Прага, а потоа оттука се истовариле тенкови од транспортни авиони од кои потоа се направиле колони уптени кон центарот на градот. Дубчек бил во 5 часот на Радио Прага и ги повикал луѓето да не паѓаат во искушенија во утринските часови, кога одеа на работа. Радио е повикано да се однесува „како што доликува на еден културен народ, верен на идеалите на социјализмот”.
Но, ништо повеќе не беше нормално. Странските трупи ги опколиле главните точки во градот. Телевизија за некое време ја повика јавноста да дискутира за окупација со војниците, а не да ги напаѓа. Меѓу нас нема предавници, велат тие. Следниот ден илгално се делени испечатените изданија на „Праце“ и на „Свободно слово“, дистрибуирани се летоци.
Сопругата на Дубчек била во Хрватска во мигот кога Тито змаинал за Прага, а се уште била на Јадранот и кога војските на Варшавскиот пакт влегле во ЧССР. Впрочем, на Јадранот тогаш имало 50 илјади граѓани на ЧССР, па дури и дел од чехословачкото раководство. Давка Дапќевиќ била работно во Цриквеница и таа добила задача да ја посети сопргата на Дубчек. Во Сплит бил потпретседателот на чехословачката влда Ото Шик а бргу му се прудружил и министерот за надворешни работи Јиржи Хајек. Сите тие заминале за Бриони, каде Тито ги повикал членовите на двете претседателства- на државата и на партијата.
Југословенскиот брионски самит ја осудил окупацијата, ја опишал како рњакционистички удар во грбот и виситнски шок за социјалистичките и прогресивни сили во светот. Ото Шик покусиот престој во Романија направил прес во чехословачката амбсада во Белград и порачал дека Советите не смеат да формираат свои државни и партиски органи и дека во спотивно ќе биде формирана влада во егзил, без потврда дека Белград би можел да биде нејзиното седиште.
Централниот дневник на југословенските телевизиски емисии траел долго време. Звонко Летица неколку дена се врескал од екраните во Загреб. Видеото на Јан Немец, кое одеше без тон, го покажа влезот на тенковите во Прага. Немецовите слики се покриени со часовници и со музика на Сметанината „Влтава” и направија, како што напиша Давор Шошиќ во „Вјесник у среду“, „нешто што ќе трае и покрај големите грдосии од железо”, нешто што е вечно како Сметана Главниот и одговорен уредник на „Литературен весник“ Душан Хамшик беше еден од Чесите на одмор во Југославија. Новинарите на „Вјесник“ го задржаа во Загреб, и тој во „Вјесник у среду“ објави напис на чешки,со апел за радио аматери да го достават на чешките медиуми кои се уште емитуваат програма. Долгите текстови на Хамшик одеа со недели.
Паника во Југославија беше евидентен не само затоа што имаше мсовна мобилизација на војници, туку исто така, по итниот состанок на Тито со Чаушеску на 24-ти август во Вршац, неколку часа откако советската партија остро ги осуди раководствата на двете земји. СФРЈ и Романија не беа во иста позиција, иако чувството на страв беше вообичаено. Само по 28 август Тито дојде од Бриони, што требаше да сугерира смирување на ситуацијата иако резервистите се уште беа во касарните и во униформи. Контактите со Западот го поттикнаа Белград. Тито рече дека Југославија ќе се брани во случај на напад. Низ целата земја беа одржани состаноци, состаноци и на партија, каде членство потсети дека она што постои во Советскиот Сојуз не е исто што го има самоуправна Југославија. Подоцна, многумина коментираа дека претпазливоста не е секогаш најдоброто нешто. Но, веројатно југословенското јасно и гласно објавувањето на борбата против нападот бил фактор кој имал одвратуваќко дејство констра СССР. Земјата исцрпенена со борба меѓу реформисти и противниците на реформите, што започна по немирите студент во јуни 1968, стивна наеднаш пред надворешната опасност и фактот дека сме одново на вистинската страна на историјата, што го обнови борбениот дух, ги потсети Запад и Америка дека не е само Виетнам значаен и дека Европа е се уште битна.
Слично на Информбирото во 1948 година, Прашката пролет и нејзиното кршење, само осум месеци по започнувањето на реформското движење, е еден од наизменичните настани во светската историја, историјата на комунистичките партии. Интервенцијата на Советскиот Сојуз и Варшавскиот пакт против Прашката пролет предизвикаа предноста на социјализмот да падне и никогаш да не се опорави. Тоа е лекција за сите идеолози и за сите системи дека поредокот што ја ограничува слободата, наметнат врз мнозинството и кој се претвора во религија, чии модели не можат да се доведат во прашање и кои мора по секоја цена да се одбранат, тешко дека можат да сметаат на долга иднина.
(продолжува)