Колку чини а колку се вреднува трудот во Македонија ? Компаниите со најголем број на вработени имаат највисок годишен трошок по вработен не само поради висината на платите, туку во прашање се и други фактори – во поголемите фирми поголеми се и вложувањата за обезбедување на условии за работа, почитување на стандарди, воведување на нови техногологии, сето ова ја зголемува цената, односно трошокот по вработен
АНЕТА ДОДЕВСКА
Годишно, просечниот трошок на работодавачаите за еден работник изнесува 6 475 евра или 539 евра месечно, во кои се вклучени бруто – плата, односно вкупни издатоци на компанија за основна плата, давачки кон државата, придонеси, стручна обука. Оваа сума практично ја одразува и цената на трудот во земјава. Највисока имаат вработените што работат во сектоорт финансии и енергетика а најниска во преработувачката индустрија. Според дел од економистите, со овие параметри Македонија важи за инвестициска дестинација со евтина работна сила. Токму недоволно платениот труд пак е клучна причина за проблемот со кој се земјата – иселувањето.
За работниците – ниски плати, за менаџерите – високи трошоци …
Еден работен час во земјава е платен со 3,2 евра. Годишниот просек на вкупни трошоци на работодавачот за еден работник изнесува близу 6 500 евра, но податоците од новообјавената публикација на Заводот за статистика посветена на цената на трудот, покажуваат големи разлики во вреднувањето на трудот по сектори и по видови на компании. Најмали трошоци по вработен имаат менаџерите од трудоинтензивните сектор во кои има и најголем број на работници. Нјамногу пак се вреднува трудот во финасиските дејности, енегетиката, комуникациите.
Вкупни трошоци по вработен – годишен просек
Преработувачка индустрија 5 030 евра
Снабдување со вода 5 482 евра
Образование 6 130 евра
Транспорт и складирање 6 612 евра
Здравство и социјална заштита 6 702 евра
Стручни и научни дејности 9 290 евра
Информации и комуникации 10 712 евра
Снабдување со електрична енергија 10 998 евра
Финансиски дејности 11 350 евра
Имено, компаниите кои апсорбираат повеќе од 1 000 вработени имаат и најголеми трошоци по вработен, или 7.824 евра на годишно ниво. Помалите фирми, кои имаат и најголем удел според бројот на вработени имаат помал трошок, па така на пример, фирмите кои вработуваат од 10 до 49 луѓе, имаат просечен годишен трошок по вработен од 5.872 евра.
„Компаниите со најголем број на вработени имаат највисок годишен трошок по вработен не само поради висината на платите, туку во прашање се и други фактори – во поголемите фирми поголеми се и вложувањата за обезбедување на условии за работа, почитување на стандарди, воведување на нови техногологии, сето ова ја зголеува цената, односно трошокот по вработен“ – вели консултантот Горан Рафајловски.
Членството во ЕУ – „меч со две острици“ за миграциите …
Според податоците во земјава има 375 649 вработени со полно работно време и уште 11 642 кои работат со скратени работно време, а во фирмите како приправници работеле уште 858 луѓе. Секторски, најголема апорбција на работници има преработувачката и текстилната индустрија а во јавниот сектор , најголем борј на вработени има во јавната управа, одбраната и задолжителното социјално осигурување.
Број на вработени според сектори
Преработувачка индустрија 95 825
Трговија на големо и трговија на мало 45 372
Јавна управа и одбрана, социјално осигурување 47 705
Образование 31 786
Дејности на здравствена и социјална заштита 30 544
Со сегашната цена на трудот Македонија важи за земја која нуди евтина работна сила, овој факт може да биде позитивен за привлекување на странски инвестиции, но и негативен. Токму поради недоволно платениот труд граѓаните мигираат – велат економистите.
„Ние на пазарот имаме исклучително евтина работа сила. Цената на трудт е еден проблем а друг е што имаме понуда на невработени кои не се кавлификувани. Значи се соочуваме со невкавификувана работна сила во текстилната индустрија, се помалку имаме кавлификувани молери, мајстори, електричари. Јасно е дека веќе овие професии на пазарот на труд се дефицитарни. Оние кавлификуваните, веќе се заминати или ќе заминат од земјава – за повеќе пари ќе работат како келнери во Малта, на пример“ – вели Рафајловски и објаснува дека една од клучните причини за миграција се токму ниските плати во земјава.
„Македонија се соочува со сериозен пораз на економски план, високоразвиените земји, како Германија, повлекуваат кавилификувана работна сила, се нудат плати кои за нашиот стандард се недостижни а за германскиот стандард на пример, се просечни или ниски. Јасно е дека земјава се соочува со проблемот на иселување, и затоа сметам дека е потребна интеграција во Европската унија. Тоа може да биде и меч со две острици, но од друга страна истата таа ЕУ ќе отвори фондови и извори на финансии кои треба да отворат нови работни места во матичните земји, а со тоа и да го спречат процесот на мигрирање. Потребна е сериозна стратегија на ниво на Европската унија а ние дома треба да се соочиме со фактот дека имаме проблем кој не е решлив за еден ден и не е од вчера – туку е долгогодишен. Потребно е да не направиме се што можеме за да спречиме Македонија да стане земја на пензионери“ – заклучува Рафајловски.
Анализирано по региони, највисока цена на трудот имаат вработените од Североисточниот регион, каде таа на годишно ниво изнесува 7 725 евра а најниска цена на трудот имаат вработените во Вардарскиот регион со 4 718 евра на годишно ниво.
Трошокот на работовачаот по основ на 13 та плата, бонуси за празнии , испратнини за технолошки вишок и награди за пензионери , изнесува 219 евра просечно, на годишно ниво. Просечната годишна субвенција за вработените во приватниот сектор изнесува 355 евра. Субвенциите ги опфќаат сите поволности, бенефиции и форми на државна помош што се даваат на компаниите по различен основ.
(Глобус им договор за меѓусебно преземање со Portalb.mk. Опремата е на Глобус)