Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОМПЕО: ВОЈНАТА Е ПОСЛЕДНА ОПЦИЈА

April 16, 2018 Filed Under: Свет

Директорот на ЦИА, номиниран за државен секретар на САД, се соочи со интензивен распит во Комисијата за надворешни работи на Сенатот. Русија силно се ангажира во поткопувањето на демократските вредност од Балканот до Латинска Америка и ние ќе одговориме на тоа. Ќе возвратиме на негативното руско влијание и ќе го спречиме, изјави Помпео одговарајќи на прашање на сенаторот Рон Џонсон.

ПОМПЕО СВЕДОЧИ Демократите не се изјаснија како ќе го оценат ова сведочење

Директорот на ЦИА Мајк Помпео, номиниран од страна на американскиот претседател Доналд Трамп за државен секретар на САД, се соочи со интензивен распит во Комисијата за надворешни работи на Сенатот, во врска со тековната истрага за Русија и неговите односи со претседателот.

Помпео посочи дека нема да поднесе оставка во знак на протест, ако Трамп го отпушти специјалниот советник Роберт Мулер, кој врши истрага за врските меѓу Русија и Трамп.

„Моите инстинкти ми кажуваат дека мојата обврска да продолжам да служам како висок американски дипломат, ќе биде од големо значење, особено во време на политички домашни превирања како сега“, рече Помпео.

Тој одби да каже дали го дели истиот став со претседателот, дека специјалниот советник е во „лов на вештерки“, и неколкупати одби да каже што слушнал од претседателот за руската истрага.

„Нема да зборувам за разговорите што ги имав со претседателот“, рече Помпео, и додаде:

„Јас сум близок со претседателот, но, тој никогаш не побарал од мене да направам нешто незаконски“, нагласи тој.

ГИ СЛУША ИНСТИНКТИТЕ Некои свои потези Помпео ги објасни со слушање на инстинктите?!

Помпео, сепак, се дистанцира од пораките на Трамп на Твитер, обвинувајќи ја истрагата за Русија како „лоша крв“ меѓу Москва и Вашингтон.
„Историскиот конфликт меѓу САД и Советскиот сојуз, сега Русија, е предизвикан од руското лошо однесување“, рече Помпео.
Сенаторите од двете партии ја истакнаа потребата за државен секретар, кој ќе може да се справува со честите бури во Бела куќа, но, истовремено и да се спротивстави на претседателот, кога тоа е потребно.
Трамп го номинираше Помпео, поранешен републикански член на Конгресот, за државен секретар, по ненадејното отпуштање на Рекс Тилерсон од функцијата минатиот месец.
Се очекува републиканските сенатори да ја поддржат номинацијата на Помпео, додека демократите се воздржуваат од коментари, иако некои изразија загриженост за ставовите на Помпео, сомневајќи дека тој е добар избор да служи како главен американски дипломат.

САД со сите напори ќе се спротивстават на негативното руско влијание на Балканот, изјави кандидатот за нов американски државен секретар Мајк Помпео за време на сослушувањето во Комитетот за надворешни работи на Сенатот.

– Мораме насекаде да возвратиме и да ги користиме сите средства со кои располагаме, од економијата, до интернетот. Русија силно се ангажира во поткопувањето на демократските вредност од Балканот до Латинска Америка и ние ќе одговориме на тоа. Ќе возвратиме на негативното руско влијание и ќе го спречиме, изјави Помпео одговарајќи на прашање на сенаторот Рон Џонсон.

Самиот Џонсон во текот на сослушувањето изјави дека последните неколку години во повеќе наврати го посетил Балканот, каде бил сведок на „зголеменото негативно влијание на Русија“ во регионот.

Помпео од своја страна додаде дека американската Администрација веќе презела серија мерки против Русија, кои „скапо го чинеле“ рускиот претседател Владимир Путин.

– Воведовме строги санкции и протеравме досега најголем број руски дипломати и шпиони од завршувањето на Студената војна, додаде Помпео.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Е ВО ПРАВО Помпео се изјаснуваше додворнички кон својот шеф при ислушувањето

Според него, Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп била целосно во право кога ја идентификувала Русија „како опасност за САД“.

– Војната секогаш е последна опција. Ќе се борам надворешно-политичките цели на претседателот Трамп да се остварат со дипломатски средства, а не со испараќање на нашите мажи и жени во војна, нагласи Помпео.

 

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet