Три до 10 години затвор за Бил Козби откако адвокатите на Козби тврдea дека поради неговата старост и кревко здравје малку е веројатно дека тој ќе изврши друго кривично дело. Судија од сојузната држава Пенсилванија го класифицираше Бил Козби како „насилен сексуален предатор“
Пред една година судењето на познатиот комичар Бил Козби беше поништено откако граѓанската порота и по 50 часови расправа не можеше да донесе одлука. Она што сега е новост е дека и во Холивуд се води жестока кампања против сексуалните предатори а судијата во обновеното судење токму така го опиша Козби. Печатот тврди дека зад него има 60 силувања на жени и девојки, дел изнудени со користење на опијати или уцени, некои со физичко насилство. Пресудааа е 3 до 10 години затвор. Ова се случи на вториот ден од изрекувањето на пресудата во случајот за сексуален напад кој се води против него.
Класификацијата значи дека Козби и по извршувањето на прсудата ќе треба секои три месеци да се пријавува кај властите и дека неговото име ќе биде ставено во регистарот за сексуални престапници кој се испраќа до соседите, училиштата и жртвите. Тој до крајот на својот живот исто така ќе добива задолжително советување.
На првиот ден од расправата сведочеа експерти за ментално здравје кои тврдеа дека Козби ја заслужува класификацијата поради неговата неконтролирана потреба од сексуално насилство врз жени и веројатноста дека тој повторно ќе го стори кривичното дело, ако му се овозможи шанса.
Адвокатите на Козби тврдea дека поради неговата старост и кревко здравје малку е веројатно дека тој ќе изврши друго кривично дело, посочувајќи на тоа дека најновите наводи датираат од 2005-та година.
Обвинителите бараа до 10 години затворска казна. Неговата одбрана бараше домашен притвор.
Козби порано годинава беше прогласен за виновен по три обвиненија за сторени кривични дела за напад, користење на дрога и сексуално малтретирање на Андреа Констанд кои биле извршени во неговиот дом во Пенсилванија во 2004-та година.
Констанд е само една од 60-те други жени со слични наводи против Козби. Нејзините наводи се единствените по кои досега беше покренато обвинение против Козби.
Инку преходно Бил Козби ѝ платил 3,38 милиони долари на жена која тврди дека тој ја дрогирал и нападнал, во рамките на нивната спогодба од 2006 година, истакна обвинителството на новото судење на познатиот американски актер, пренесува Си-ен-ен. Оваа информација беше соопштена првпат при враќањето на Козби во судницата, на рочиштето за три обвиненија за „тежок телесен напад“, за кои тој се изјасни како невин.
Судењето засега се сведуваше на „неговиот збор против нејзиниот“, помеѓу Козби и Андреа Констанд, поранешната вработена на универзитетот „Темпл“ која тврди дека актерот ја нападнал во неговиот дом во 2004 година. Адвокатите на Козби, пак, посочуваат оти нивната интимна врска била со взаемна согласност. Констанд го пријавила нападот во полиција во 2005 година, но не биле покренати обвиненија по што таа покренала приватна тужба една година подоцна. Делови од нивната спогодба станаа јавни, вклучувајќи го и признанието на Козби дека набавувал седативи со цел да им ги даде на жените со кои сакал да има однос.
– Станува збор за случај за предавство, кое доведе до сексуален напад врз Андреа Констанд – кажаа застапниците на обвинителството.
Не постојат форензички докази за наводниот напад на Козби, по што главен адут на обвинителството е сведочењето на Констанд, додека застапниците на актерот тврдат дека таа не е жртва, туку сака да дојде до парите на обвинетиот.
Правните експерти во САД истакнуваат дека ситуацијата на повтореното судење значително се разликува од претходниот процес пред една година, оти сегашното рочиште се одржува кога движењето против сексуалното злоставување во Холивуд зема замав, па би можело да има влијание и врз поротниците. Во корист на обвинителството се и неколкуте нови сведоштва за наводните напади на Козби, за кои се дозна во меѓувреме. Актерот, исто така, има и нов правен тим во однос на претходното судење, со што на негова страна е познатиот адвокат Том Месеро, кој успешно го застапуваше Мајкл Џексон, кога пејачот беше обвинет за злоставување деца.