Обидот на министерот Муртезани да го рехабилитира премиерот Мицковски и неговата десна рака Николовски не е лесна задача. Но вистинска среќа е што имаме место новинари само штапски известувачи
Говорот на Мицковски во Салцбург го открија мeдиумите кои не се мејнстрим. Вториве се обидуваат да се прават „на Тошо“ по тоа прашање. Не би рекол дека се успешни – социјалните врски се тука убедливи победници.
Нокаутот што во минатиот четврток Фон дер Лајен му го зададе на премиерот и неговата политика во врска со промените на Уставот треба да се гледаат низ прес конференцијата а не низ нејзините „интерпретации“. Пораката е јасна, во форма на задача и тука секако лажењето нема да помине. Додека говореше таа со видлив, забележителен гест се заврте кон премиерот и ја спомена проемената во Уставот со знак кој значеше „како што се договоривме“. Ниту обидот на еден од новинарите (можеа да се постават две прашања,едно за Мицковски а второ за гостинката) да опонираниз прашање не донесе и секако не можеше да промени ништо освен да даде нова потврда во смисла – се ќе се заврши добро, во смисла на нашиот пат кон Брисел, ќе го изодиме заедно, рече Фон дер Лајен ама прво… доаѓа уставната промена (со вметнување на бугарското малцинство во Уставот). Не спомена никакво одложено дејство, не се споменува она што не доаѓа предвид!
Секако било жешко во Скопје во часовите на заминувањето на високата гостинка за Сараево. Како да се прикаже тој очевиден „пакт“ со ЕУ пред своето членство? Како очевиден опозит на веќе изговореното и подгреано од актуелната власт во годините пред изборите во мај а што во основа значеше дека ние сме „горди“ и не потклекнуваме пред клетите непријатели… Навистина не беше тоа лесна задача и работите мораа итно да се ретушираат откако авионот ќе полета од Петровец.
Демек за тоа што ќе уследи во толкувањето на средбата нема да се чуе ако Фон дер Лајен не е во нашиот воздушен простор?!
Соопштението од средбата на нашата претседателка со гостинката стигна преку мејл поштата прво и во него немаше ништо што не кажала Гордана Силјановска Давкова, небаре се работи за некаква монодрама или излагање на некоја конференција! Ако напишете таква писмена во гимназија може да добиете и слаба оценка – сте ја утнале темата.
Но таквбиот лапсус помина бидејќи домаќинката веќе беше под баражен оган заради помилувањата кои ги потпиша. Што да се икаже – можете да се прертставите со стотина реферати за правната држава, ама ваѓиот конкретен ефект низ владеењето е сосема јасен, да не речеме опиплив на улиците на земјава каде се пука, се гине …
И секако Мицковски и екипата, особено министерот за транспорт Николовски веќе оформиле штаб кој треба да го направи или одложи посипувањето со пепел врз целосната своја активност во периодот од пет-шест години наназад, да се тргна јавното палење на сопствените пароли со кои беше боцкан народот и што да не – беа клучни за презермање на власта.
За тоа извртување на пораките на денот од Унијата беше задолжен оној кому тоа му е ресор – министерот за евроинтеграции Муртезани. Тој најпрвин одржа прес конференција со ниовинарите, потоа гостуваше во ТВ Сител а следниот ден одржа брифинг со новинарите (технички тоа и не може да е некоја масовка од претставници на седмата сила) на кои им ги дообјасни пропагандните пораки како дел од натамошната стратегија на Владата во политката на приближување кон тврдите ставови на Унијата во тој поглед.
Муртезани на пресот направен по замнинувањето на на гостинката
рече дека идејата за одложено усвојување на обврската за измена на Уставот не е сосема мртва. Дека во изјавите на највисоката претставничка на Унијата немало дециден став „за“ или „против“ процесот за одложено прифаќање на промени на Уставот без да се прецизира дали се мисли тоа да се случи на крајот од таа патека или по пат. Она дека „таа идеја не е мртва“ секако беше сламка со која требаше премиерот да држи над провалијата за неговата тактика за наводниот проевропски прогрес.
Потоа тој изјавил пред новинарите дека темата за изградбата на пругата кон Бугарија е практично завршена – таа ќе се гради без било какви промени во трасата и тоа е примено како безусловна задача. Како мелем на раната за опонентите на довршувањето на тој градежен зафат Муртезани додаде дека тоа е во интерес на НАТО. Овој дел од разговорот беше повторен и при гостувањето на вестите во ТВ Сител
Госдтувањето туика беше филувано со описот дека таа тема зафатила најголем простор во разговорите (!), што може да говори и дека отпорот на кабинетот на Мицковски по ова прашање бил евидентен или дека „наставата“ на Фон дер Лајен била преексплицитна. Ова секако е битна за објаснување на оваа тема која содржи елементи на ултиматум за страната на домаќинот.
Колку било тоа тешка кнедла за голтање говори факртот дека во понатамошните изданија на електронските изданија оваа тема се забошот, дури како реприза на следниоте вести на ТВ Сител кој практично имаше во раце на уредниците ексклузива. Но зборот пруга беше изоставен уште во встите во 21 часот. Каква пак тоа било сугестивно упатство од Палата Татарчев!
Тоа ќе се случува и во иднина претпоставувам. Па и угледот на Николовски треба да се спасува а секако образот ан премиерот кој е креатор на бројните лаги во врска со овој проект во последните месец-два и да не говориме. Останува да биде жива а по можност и илустративна тезата дека ЕУ нема став по прашањето за одложено усвојување на промените на Уставот. Само министерот за здравство Таравари реече дека работата на таа задача ќе започне на стартот на декември, но сега ќе замолчи по тоа прашање – колегата Муртезани нема намера да споменува датуми а тој секако е подобро информиран. Тоа не е прашање дури и за советув ање на целиот владин кабинет, сосема е јасно: стратегијата се фокусира на разглобување на натесен круг. Како тогаш кога во тет а тет разговорите со првиот човек на опретходната Влада Мицковски им изјави на новинарите дека се согласил да се менува Уставот (на излез од салата за состаноци во Клубот на пратениците) за по доаѓањето во Палата Татарчев да го смени мислењето. Да не се јавува некој глас од ормарот?