Вашингтон пост пишува дека летово се изгубени 220.000 куфери на аеродромите. Летото, се разбира не е завршено
„Шансите вашиот багаж да стигне на вашата крајна дестинација по летањето летово се многу мали.“ Вака вработен на лондонскиот аеродром Хитроу го опишува тоталниот авионски хаос летово. Можноста вашиот лет да биде одложен или откажан, што резултира со изгубен чекиран багаж, никогаш не била поголема, а тоа се случува насекаде низ светот. Проценките на воздухопловните специјалисти се дека најмалку 220.000 чекирани куфери и торби не пристигнале во исто време со нивните сопственици и се фрлени некаде на аеродромите во Европа и Северна Америка, пишува „Вашингтон пост“.
Изгубениот багаж се покажа како вистинска воздухопловна апокалипса, надминувајќи ја штетата што индустријата ја доживеа по 11 септември, рецесијата во 2008 година, пандемијата и поскапувањето на авионското гориво.Кошмарот особено беше засилен викендот пред 1 август, кога светот буквално оди на летен одмор. Така, 30 јули, сабота, беше прогласен за најлош ден за летање. Тогаш сите летови доцнеа најмалку два-три часа на аеродромот во Софија. Тројца Бугари, кои патувале цела недела за Хрватска, ја пропуштле врската со Сплит по вина на австриските авиокомпании. Слетувајќи во Виена, тие го побарале својот багаж бидејќи планирале одмор со брод со специфичен распоред и барале алтернативен начин да стигнат до крајната дестинација. Редицата од гневни туристи, кои, како и тие, ги промашиле своите авиони, очигледно го довеле до работ на нервите копнениот персонал. Вработените на аеродромите имено одбивале да го дадат чекираниот багаж со образложение дека куферите летаат со патниците. Не помогнало ни тоа дека сите три куфери содржат лекови кои им се потребни на туристите секој ден. На крајот излегло дека има слободни места за Сплит речиси два дена подоцна, но кога конечно слетале во Хрватска, на шалтерот за изгубен багаж наишле на нова редица.Во наредните денови тројцата Бугари упорно барале информации за нивните куфери. Еднаш им кажале дека не се пронајдени, вториот пат дека два од нив по грешка наместо во Бугарија отишле во Будимпешта.
Проблеми со багажот имал и Американецот Кори Пренат. Тој решил да го одбележи своето пензионирање со пријателите играјќи голф на познатите терени во Велика Британија, но тој морала да ја пропатува земјата обидувајќи се да го најде својот багаж изгубен на лет од САД.
Американецот, инаку од Флорида, користел уред за следење на неговата торба со палки за голф. При слетувањето во Велика Британија видел дека неговите торби се уште се на аеродромот во Њујорк. Багажот на крајот бил испратен во магацин во Единбург, Шкотска, но додека Пренат возел натаму, забележал дека опремата за голф се упатила кон Абердин. Неговите работи на крајот завршиле во Вест Мидлендс, Англија. Искуството на Американецот го сумира хаосот со кој се соочуваат патниците, бидејќи аеродромите во Европа, САД и на други места се затечени од напливот на патници одеднаш.Два месеци по неговото патување и по повеќекратните прашања до компанијата „Бритиш ервејс„ и други курирски компании, Пренат сè уште не ја добил својата торба за голф, која содржела опрема вредна повеќе од 10.000 долари.
Коренот на проблемот е ист – немање кадар. Авиокомпаниите и аеродромите се борат да ги заменат илјадниците работници што биле отпуштени или си занинале за време на пандемијата. Проблемот се влошува, така што нема да има решение во наредните месеци.Така, авионот Виена – Софија пред неколку дена се задржа на пистата со патници повеќе од два часа, бидејќи немаше кој да им го товари багажот.Според еден од патниците – бугарски дипломат, пилотот постојано се извинувал поради недостигот на вработени. Патниците биле нервозни и дури се понудиле да излезат од авионот и сами да го товарат багажот.
Лондонскиот аеродром Хитроу, портата кон Европа, неодамна побара од авиокомпаниите да ја ограничат продажбата на билети за да го намалат дневниот број на патници до септември. Американскиот „Делта ер“ пушти цел авион да лета без патници за да пренесе повеќе од 1.000 задоцнети куфери. Холандската KLM, која управува со дел од багажот на аеродромот Шипхол во Амстердам – најголемиот во земјата – се пофали дека заостанатиот број од неколку илјади блокирани торби конечно е намален на стотици. Но, проблемот останува широко распространет низ Европа.
Од пилоти до екипаж во кабината, ракувачи со багаж, персонал за телефонски центри, персонал за обезбедување и готвачи кои подготвуваат и пакуваат оброци за летови, илјадници вработени беа отпуштени, предвремено пензионирани или оставени да најдат друга работа за време на пандемијата со ковид. На аеродромите едноставно нема кој да ги подреди куферите што се наталожуваат. Единствена утеха за патникот е надежта да добие компензација.Максималната отштета е до околу 1.600 евра, без разлика дали куферот доцни, дали е изгубен или е оштетен. Откако авиосообраќајот ова лето се врати на нивоата пред пандемијата, поплаките за заборавен или изгубен багаж скокнаа за 30 отсто. Сепак, повеќето куфери кои недостасуваат на крајот се пронајдени. За да се задржи ризикот од проблеми со багажот што е можно понизок, летовите во раните утрински часови се најсигурни. Подоцна во текот на денот се случуваат проблемите – технички дефекти или болен персонал, се што предизвикува авионот да го одложи планираното полетување, влијае на целиот распоред за остатокот од денот.
Ако треба да летате до одреден настан, на пример, подобра опција е да летате до вашата дестинација претходниот ден. Уште подобро два дена порано. На тој начин, ако нешто тргне наопаку и вашето поаѓање доцни или ако багажот не стигне со вас, ќе имате време да реагирате.
Масовните доцнења на летовите и купиштата напуштени куфери на европските и светските аеродроми во последните месеци ги натераа патниците да се прашуваат дали воопшто е добра идеја да ги чекираат своите куфери. Сепак, тие немаат секогаш избор. Чекирањето куфери е класичен дел од воздушниот транспорт на кој се навикнати повеќето патници. Приближно 55% од сите патници ширум светот оставаат дел или целиот багаж во рацете на превозникот додека летаат. Чекиран багаж е погодна опција ако сакате да спакувате повеќе предмети, особено за подолги патувања или преселување во друга земја. Исто така избегнувате да ги влечете вашите работи низ аеродромот. Во чекираниот багаж има и помалку ограничувања за содржината, обезбедувајќи многу простор за течности и сувенири за најблиските на пат кон дома. Тоа може да биде и подобра опција за патници со мали деца или со посебни потреби кои може да имаат потешкотии да се движат низ аеродромот.Сепак, патниците кои ќе изберат да го пријават својот багаж треба да бидат свесни за дополнителните такси за услуги и ограничувањата на тежината.
Иако патувањето само со чекиран или рачен багаж е личен избор, има некои работи кои патниците секогаш треба да ги носат со себе во авионот, како што се лекови и медицинска опрема. Со текот на годините, авиокомпаниите сè повеќе го зголемуваат просторот за патници во тесните авиони без да додадат доволно простор за складирање, па можно е при влегувањето во кабината да биде побарано да ја чекирате торбата, дури и ако е мала како рачен багаж.
Се чини дека глобалното фијаско ќе беше избегнато доколку аеродромите и превозниците веруваа во долгорочната прогноза за закрепнување на побарувачката за авионски патувања во лето. Наспроти проблемите со кои се соочува масовното летање со авион, неповратно изгубениот багаж не е вообичаена појава. Дури 92% од исчезнатите торби на крајот се пронајдени и вратени на нивните сопственици. Помеѓу 10 и 15 патници дневн, на пример, слетуваат на аеродромот во Бургас со изгубен или неистоварен багаж. Летовите се од различни дестинации. Сепак, ова е премал број со оглед на тоа што илјадници луѓе секојдневно минуваат низ аеродромот во Бургас. Во споредба со минатата година, на овој аеродром слетале двојно повеќе авиони – вкупно 6.606 за првите 7 месеци од годинава, а бројот на опслужени патници бил 847.747.
Речиси е невозможно е од друга страна да го заборавите багажот на аеродромот во Софија. Причината е што летовите се директни и нема што да тргне наопаку. Како што доживеале искусни патници, обично отсуството на куфер на лентата за багаж се случува кога се менуваат авиони заради трансфер. Но, оние кои пристигнале во Софија или патувале од и до дестинации од кои нема директни летови, им се случува да си го бараат багажот. Извори од копнениот оператор велат дека од крајот на мај и почетокот на јуни во Софија пристигнувал заборавен багаж од Виена. Најголемиот кошмар притоа е што куферите најчесто се губат на аеродромите каде што се прави трансферот , па тој што патува се соочува со ужас да пристигне на последната точка од своето патување без облека, четка и паста за заби, лекови. Посреќните можат да го добијат својот багаж со недели по враќањето дома.