Во отмениот крај на Мексико Сити – Којоакан, се наоѓа куќата обиколена со високи ѕидои каде почива Лав Троцки и неговата втора сопруга. На споменикот стои срп и чекан, а тука е и црвеното знаме. Работел по десет часови на ден, пишувал против сталинизмот и бил основач на Четвртата инернационала
МИЉУШ МАРКУШ
Kојоакан спаѓа во пореномираните квартови на Мексико Сити. Куќите се ниски, правени во стар колонијален шаблон – двориште опкружено со високи ѕидови а во средината е куќата. Којоакан главно го задржал изворниот изглед и тој дел на радот е многу посетен од туристите а заради нив е полн со ресторани и продавници. Но, се помалку жители остануваат тука – квартот се препушта на деловните активности. Името Коајакан се должи на јазикот на староседелците, месните Индијанци Нахуатл и значи „место на којотот“. Тие се плашеле од домнацијата на Ацтекие па веднаш се здружиле со Шпанците и Кортес во битка со нив. Но потоа Кортес ги истребил и нив! Во овој град бил сместен и главниот штаб на Кортес и на колонијалните власти.
Но во Којоакан се наоѓа и куќата – музеј на Лав Троцки. Тука посетителот може да дознае дека се викал Леиба Давидович Бронштајн, и дека бил роден во еврејско семејство во место кое денес е во Украина. Имал бурен живот, долго бил заточен во Сибир, каде се оженил и му се родиле две ќерки, потоа бил со Ленин во емиграција…
Како прв после Ленин е еден од организаторите на Октомвриската револуција и е основач на Црвената армија. Бил на врвот се додека Ленин не заслабнал од болести, последица на атентат врз него, што Сталин го искористил и со една група го истерал Троцки од сите функции
А потоа ги отстранил и оние кои му помогнале нему!
Троцки е протеран од СССР и одземено му е државјанството. Долго талкал без пари низ светот, се додека Диего Ривера и Фрид Кало не го повикале во Мексико Сити. Тогашниот претседател на Мексико Лазаро Карденас испратил специјален воз за него.
Во почетокот живеел кај Фрида и Диего а потоа се преслил во куќа блиску до нив. Куќата била мала и намесена а се е едноиставно: има трпезарија, бања и тоалет, работна соба за Троцки, спална соба …
Интересно е дека Троцки користел последен збор на техниката – диктафон!
Дворот има и стражарски кули, прозорците биле заштитени со железни
шалони. Во дворот е гробот на Троцки и неговата втора жена. На споменикот има срп и чекан и црвено знаме. Работел по десет часови на ден, ја основал Четвртата интернационала, се борел против сталинизмот. Ова последното секако му пресудило. Први атентат бил неуспешен. Вториот, во 1940 го извршил агентот на НКВД Рамон Меркадер. Троцки се уште бил при свест кога чуварите сакале да го убијат атентаторот, но Троцки рекол дека е покорисен жив, секако ќе каже многу работи. Ама не кажал ништо. Убиецот лежел во затвор 20 години а кога бил пуштен заминал за Москва, добил висок орден (орден на Ленин а проглаен е и за херој на СССР). Интересно е дека Троцки се уште не е рехабилитиран во Русија, иако неговите книги слободно се печатат. Но за тоа денес речиси никој и не се интересира.
Кон Троцки и животот и неговите политички непријатели биле сурови. Помладата ќерка починала од туберклоза кога имала 26 години. Нејзиниот син и ќерка исчезнале без трага. Постарата ќерка извршила самоубиство а нејзините ќерки денес живеат во Москва. Таа имала и син и тој живеел со дедо си во Мексико Сити. Рој се оженил и имал четири ќерки. Едн од нив – Нора денес се грижи за музејот.
Со втората жена Троцки имал двајца синови. И тие настрадале. Преживеал само еден негов внук кој побегнал и денес живее во Израел. Инаку, зет за постарата постара ќерка на Троцки бил Камењев, комунистички политичар од врвот и близок соработник на Сталин.
Кога ќе се види како страдал, мора да се јави симпатија кон него, бидејќи бил доследен и платил висока цена за тоа.