Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОСЛЕДНИОТ НАСТАН НА РИСТО ПОПОВСКИ

August 13, 2018 Filed Under: Колумни

РИСТО ЛАЗАРОВ

Заминувањето на Ристо е, всушност, заминување на настан на кој ние доцниме и сега го чекаме неговиот телеграфски извештај или обмислен коментар за тоа како е таму, од онаа страна на животот

Не можам да објаснам зошто, ама не сакам да пишувам вакви текстови, проштални слова. Можеби затоа што се опирам да и верувам на вестите за смртта, особено на оние блиските. Останав вкочанет кога Лиле (Мазова) вчераутро телефонски ми јави дека починал Ристо наш, Поповски. Како, зошто, од што? Сите прашања се бесмислени кога ќе чуеш дека на вратата на пријателот тропнала смртта.

Со Ристо Поповски се знаеме долги години, уште од ,,оние времиња”, после кои требаше да убедуваме некои непрокопсани дека определбата да бидеш ,,комуњара” не е над професијата. Ристо тоа го знаеше пред многумина од нас: беше од видна новинарска лоза, татко му Тошо Поповски беше главен уредник на ,,Нова Македонија” од нејзините златни времиња. Имаше исклучително високопрофесионална и чесна новинарска кариера: беше уредник на македонската редакција на Танјуг, беше дописник на Танјуг од Москва, ја покрена Макфакс…. Едно време работевме заедно, катадневно бевме во контакт.

Заминувањето на Ристо е, всушност, заминување на настан на кој ние доцниме и сега го чекаме неговиот телеграфски извештај или обмислен коментар за тоа како е таму, од онаа страна на животот.

Замина Ристо зацврстувајќи ни го уверувањето дека смртта, всушност, не е крај, дека смртта не го поништува делото што човек го остава зад себе. Напротив. Смртта е и извор на сеќавањата: за добрината на луѓето, во случајов на Ристо Поповски уште и за неговата задуманост и достоинственост, за неговиот професионален ентузијазам и сега, на оваа возраст.

Пак ми се врти в глава неверицата и мислата дека смртта на новинарите е тивко заминување на нов настан и дека ќе има трпение да нé причека: та, исти животни радости и маки делевме.

 

(Преземено од „Ако“

Filed Under: Колумни

БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ
АЛШАР КАКО РУДНИК ОД КАДЕ СЕ ГЛЕДА СОНЦЕТО

Најново

  • БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
  • ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
  • КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet