Ахмети од „интегративците“ секогаш се повикува на победник на изборите кај албанскиот политички кампус со 136 илјади гласови или 19 усвоени мандати. Но, албанската опозиција со 107 илјади гласови и 13 усвоени пратеници „ВЛЕН“ го оспорува овој аргумент на ДУИ. Тие велат дека ДУИ на овие избори се натпреваруваа како мултиетничка опција со неколку други етнички заедници и затоа не можат да се повикат на легитимите
НАЗМИ АБДУРАХМАНИ
Граѓаните на 8 мај на парламентарните и претседателските избори ја дадоа својата „пресуда“ како треба да продолжи државата во наредните четири години. Додека мислиме дека многу проблеми можат да се решат преку избори, сега земјата може да влезе во уште еден лавиринт на постизборна комбинаторики, почнувајќи од формирањето на влада, уставни измени, спроведувањето на Договорот од Преспа, како и многу други прашања кои се фундаментални за државата.
Ден по објавувањето на првите изборни резултати од страна на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, Собранието на Северна Македонија ќе изгледа вака –
Kоалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори обезбеди 58 мандати, односно освои 436.036 гласови или 43,32% од вкупниот број, а за коалицијата „За европска иднина’ предводена од СДСМ гласале154.687, односно 15,37% од гласачите. Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ има 137.561 глас или 13,67%, а коалицијата „ВЛЕН“ 107.81 гласа или 10,64%. Место во парламентарниот состав обезбедија и партијата Левица со освоени 68.663 гласа или 6,82% и Движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“ со 56.288 гласа или 5,59%.
АХМЕТИ СО ПОВИК ДО ВМРО-ДПМНЕ: ДА ГО ОСТАВИМЕ ФОЛКЛОРОТ НА СТРАНА Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го остават фолклорот на страна и ги повика на разум. На прашањето дали со победата на ВМРО-ДПМНЕ значи дека ДУИ оди во опозиција и каква опозиција ќе биде ДУИ, Ахмети одговори: „Мислам дека не ме разбравте кога реков дека на државата и треба стабилност и иднина“ рече Ахмети, но не објасни што значи неговиот одговор.
„Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на Фронтот за Европа до полноправно членство во ЕУ“, рече Ахмети.
Според Ахмети, денес, повеќе од кога било, на државата и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите и отворање на меѓувладините состаноци за официјален почеток на членството во ЕУ.
Во една друга прилика кога беше прашан Ахмети за владиното коалиционирање тој одговори „Ако не влеземе во Влaда, ќе влеземе во Европа, да знаете!“
Ахмети од „интегративците“ секогаш се повикува на победник на изборите кај албанскиот политички кампус со 136 илјади гласови или 19 усвоени мандати. Но, албанската опозиција со 107 илјади гласови и 13 усвоени пратеници „ВЛЕН“ го оспорува овој аргумент на ДУИ. Тие велат дека ДУИ на овие избори се натпреваруваа како мултиетничка опција со неколку други етнички заедници и затоа не можат да се повикат на легитимитетот. Од „ВЛЕН“ викаат дека нивните гласови кои што ги имаат добиено на избори се албански и како такви го имаат целиот легитимитет да ги престават Албанците како втора поголема етничка заедница во Владата.
ВЛАДА БЕЗ ДУИ Апсолутен победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ со вкупно 58 пратеници. Со оглед на целата нивна кампања дека доколку ја добијат довербата од граѓаните нема да формираат влада со Демократската унија за интеграција (ДУИ) без разлика дали ќе добијат повеќе гласови во албанскиот блок, тие победија на изборите. Лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски во емисијата Само интервју на Канал 5 рече дека пред да коалицираме со други партии треба да консолидираме 61 пратеничко место. Тој нагласи дека е подготвен за секакви сценарија од страна на ДУИ, по пораката на Али Ахмети дека треба да ги почитува резултатите од изборите за да има мир и стабилност во земјата.
„Подготвен сум како човек на секакво сценарио. Имаме информации што се зборува таму во партијата, но подготвени сме на се“ рече тој и повтори дека не постои никаква можност да состави влада со ДУИ.Тој нагласи дека коалицијата ВЛЕН го потврдила својот кредибилитет за да бидат кредибилен партнер на идната влада, која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Раководсвото на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН веќе го одржеа првиот состанок за можно коалиционирање, а преку соопштение објавија за што се договарале.
„Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.
Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.
Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ КАКО СОПКА ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ Лидерот на коалицијата „Европски фронт“ и претседател на ДУИ, Али Ахмети на претставниците и членството на коалицијата објави, како што рече, заедничка политичка декларација што, според него, заедно со лидерите на „Вреди“ ја потпишале на 13 јануари годинава, а во која тврди дека се обврзале да соработуваат само со политички фактори кои се согласни да ги спроведат уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот.
Според документот што го прочита Ахмети, потписници на декларацијата заедно со него, како што рече тој, се Арбен Таравари, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити, лидери на опозициските партии на Албанците здружени во коалицијата „ВЛЕН“.
„Имајќи ја во предвид состобата во која се наоѓа државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ“, стои во документот што го презентираше Ахмети.
„На 13 јануари заедно со господинот Таравари го потпишав овој договор. Ние сме многу рационални и сме убедени дека повеќе од било кога треба стабилност, мир, добри односи меѓу заедниците, потребни се нула проблеми со соседите и целосно членство во Европската унија“, рече Ахмети.
Oвој документ го негира еден од лидерите на коалицијата „ВЉЕН“. Тој за Гласот за Америка кажува дека „нема потпишан договор“ и дека начелно веќе имаат Влада во доаѓање.
„Нема потпишан договор, има само договор меѓу нас кога сме разговарале. Јас разговарав тогаш и со Ахмети, зборувам за во декември 2020 година и со опозициските партии. Ахмети го знае нашиот став и тој го знае нашиот став. Тој 20 години зборува ЕУ, ЕУ, но до никаде не сме со евроинтеграции. Сега ние имаме можност, да покажеме како може набргу и најдобро да се влезе во ЕУ“, вели Таравари.
Ахмети го објави документот во ист дека кога Христијан Мицкоски се сретна со лидерите на „ВЛЕН“, со кои разговара за нивно учество во новата Влада. Во предизборните програми и настапи, ВМРО-ДПМНЕ и „ВЛЕН“ имаа различни ставови за уставните измени.
„Одложената примена на уставните измени претставува валидна алтернатива која е целосно во согласност со досегашната практика на сите држави, кои пред самиот чин на нивно пристапување во полноправно членство вообичаено ги прават неопходните или условени уставни измени, или во таа фаза истите влегуваат во сила“, пишува во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ставот на „ВЛЕН“ беше дека Северна Македонија нема друга алтернатива за европскиот пат на Северна Македонија и дека измените во Уставот мора да се направат.
На 8 мај, политичката сцена доби нова димензија во земјата, со убедливата победа на опозициските партии на парламентарните избори. Оваа победа исплива на виделина недовербата на голем дел од гласачкото тело кон се што се случило овие години. Сега, со новиот политички мандат, очекувањата се високи за промени во пристапот кон многу теми. На што се должи ова, тоа е прашање за милион долари.