Првиот дел на ова дело на Арсениј Јовков македонските гледачи можат да го видат. Кон крајот на 70-тите постоеше убеденост во земјава дека постои и втор дел кој е се уште во Софија!?
По повод одбележувањето на 116-годишнината на годината од смртта на Гоце Делчев (4 мај 1903) на социјалните мрежи се појави исечоци од документарниот филм „Македонија во слики“. Колку што се сеќавам истиот донсен во Скопје напролет во 1978 година од Софија. Беше обработен во Кинотеката на Македонија веднаш и бев меѓу првите кој беше посчестен да го видам овој документ за едно време. Тогаш се говореше дека во Софија посоти и второ „парче“ од делото, ама веројтно дека сознанието дека во Скопје веќе постои првиот дел, продолжението е се чини добро сокривано. По некои други упатени лица, вториот дел едноставно е уништен односно изгубен!
Овој документарен филм за Македонија е снимен во 1923 година во режија и сценарио на Арсениј Јовков. Филмот бил снимен со средства кои ги обезбедила Илинденската организација, а по повод 20 годишнината од Илинденското востание. Филмот бил снимен во два дела од кои денес е зачуван само првиот. Во 2013 г. филмот е дигитализиран.[
Делото е структурирано да има три засебни дела. Едниот, сместен на почетокот, претставува снимка од пренесување на коските на Гоце Делчев од домот на војводата Чаков во црквата Света Недела. Потоа следуваат монтиеани материјали за одделни познати дејци од Илинденскиот приод (на пример Ордан Пиперката, Александар Турунџев и други) а во третиот дел се прикажани повеќе дејци од Илинденскиот период, градови во Македонија, како и битови снимки од дебарскиот крај. Секако најбитна е процесијата на пренесување на саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од куќата на Михаил Чаков кон црквата Света Недела во Софија, на 2 август 1923 година. Неколку пати во крупен план е даден и саркофагот со моштите на Гоце Делчев, на кого е запишано: „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во столицата на независна Македонија. Август 1923, Илинден“. Ова секако е многу значајна порака, која наводно се должи на зборовите на самиот Делчев, која се исполнува во 1945 година.
Арсениј Јовков (25 март 1884– 14 септември 1924) е македонски револуционер, филмски сценарист и публицист.
Роден е во селото Селци, Струшко, на 25 март 1884 година (ова село и сосдното Буринец дебрани ги сметаат за свои). Во ова село е инаку роден и Војдан Чернодрински (Поп-Георгиев). Своите духовни сили тој ги посветил на повеќе области во културата, меѓу кои најмногу на новинарството. Учествувал во Илинденското востание. Јовков е автор и на сценариото за играниот филм
Кога сме кај сцената за преносот на коските во Софија од пред 96 години, Гоцевите потомци од неговите сестри, лично раскажале дека кога коските биле изложени во Софија во црквата „Света Недела“ семејството се уверило дека внатре во сандачето се само рацете, нозете и главата, а трупот го нема. Kоските од трупот на војводата засекогаш останаа во Баница., село кое го нема на карти, дури и преименувано, бидејќи е намерно целосно уништено во балканските војни.
Откако во 1906 година неговиот другар, војводата Чаков, заедно со Таската Серски го откопале гробот и ги зеле главата, рацете и нозете на Гоце Делчев, трупот го оставиле оти и по три години уште не бил распаднат. Потоа, никој никогаш не го зел остатокот од коските. Никаде, ама баш никаде, нема доказ или сведоштво дека работата била завршена – со треперлив глас поради своите 82 години, но истовремено и со неверојатна сигурност и совршено сеќавање го има дадено за новинарите Панде Ефтимов, инаку преспанец.
Во секој случај македонско-бугаското зближување е добра шана да се дојде до вториот дел од документарниот филм, ако тој навистина е сочуван. (Љ.К.)