Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Но има поплаки дека државата која очевидно е во неликвидност насtојува да собере пари кои се спротивни на принципот да нема двојни оданочувања – ако децата во Германија платиле данок на плата таму, не може нивните родители да платат данок на приливот на пари од Германија кои се резултат на работерњето на нивниот син! Дури се оди со години наназад. Дали е во тек прибирање на пари по било кој основ во трезорот на власта? И дали е тоа почеток на приказната за изгубената милијарда во евра секоја години по основ на приливот од вработените во странство кое секоја година оди надолу?

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните дотации од странство кон Македонија во апсолутни бројки бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година. Македонските работници во странство, одејќи нназад во 2021 како дознаки испратиле 344,45 милиони евра, од кои 19,92 милиони биле одлив, покажуваат обработените податоци од Народна банка кои ни се испратени за минатата година.
Тоа е значителен прилив по официјалните канали како банки и брз трансфер на пари, според критериумите на НБ, ако се знае дека деценискиот просек од 2010 до 2020 беше редовно нешто повеќе или нешто помалку од 180 милиони евра. Отскокнување имаше и во 2020 со прилив од 262,04 милиони евра, според податоците на централната банка.
Податоците на Евростат објавени на крајот од минатата година покажаа дека во текот на 2020 година, од земјите на Европската Унија (ЕУ) кон балканските земји испратени се над 8,5 милијарди евра. Тоа значи дека кај нас стигнувале 3-4 отсто од таа сума.
Според методологијата на Еуростат, во текот на 2020 година дијаспората испратила 361 милион евра во Македонија, што е околу 3,4 проценти од бруто-домашниот производ на земјата. Тоа е убедливо најмал процент на учество во БДП доколку се споредат податоците со земјите во Западен Балкан.
Иако навидум се работи за приближно исти бројки на износи од иселениците пратени во татковината, морам да напоменам дека и самиот сум пишувал за тоа дека вистинскиот влез на девизи однадвор е над милијарда евра. Просто, се додека има физичко присуство за пазниците или годишните одмори кои во паричникот си носат пари кај наблиските тоа не може да се забележи на класичен начин. Тие пари влегуваат нерегистритсни и натаму стануваат дел од прометот кој не е видентиран а кој ја поткрепува паралелната (или „црна“ економија) – се градат куќи или делови од куќи, се плаќа градежен материјал, работна сила, занаечиски работи, со нив домаќините одат во продавници кои можеби даваат или почесто не даваат сметки со пресметан ДДВ… Повод за такви пишувања беа написи на партиски функционери кои во кавги околу тоа дали во Западна Македонија не се собираат доволно даноци проценува дека населението во тој дел на државата навистина живее во паралелен тек на оптекот на парите, но затоа сепак придонесува за економскиот подем таму. Проценките кои тие обично партиски аналитичари ги правеа а кои секако, барем делумно, може да ги пресмета и НБСМ се фактори кои – веројатно преку личната потрошувачка – влегуваат сепак во платниот промет и го подобруваат стандардот на граѓаните а потоа тоа се одразува и врз социјалната стабилност. Без да се навлегува по овој повод во оправданоста на таквите пресметки треба да се евидентира дека влезот на странските приливи е над една милијарда евра. Или тој прилив е за три пати поголем од официјалниот влез.
И од Народна банка често нагласуваат дека е тешко да се посочи на прецизен износ, поради поголемата застапеност на дознаки во готовина, колкава е вкупната и реална сума испратена од иселениците. Според Народна банка, вообичаено од испратените пари, делот во готовинска форма го сочинуваат над 70 отсто од вкупните приватни трансфери, додека дознаките кои доаѓаат во нашата економија преку формалните канали е помалку од една третина!
Според проценките на НБ коишто се прават според методологија усогласена со Меѓународниот монетарен фонд, износот на овие дознаки, од 2009 година наваму, надминува една милијарда евра годишно, односно изнесува околу 16 проценти од БДП.
Во дневните емисии на порталот „Тешки муабети“ во четвртокот навечер
Некои слушатели, во постари години, се жалеа дека за приливи од нивните деца, испратени некои и во 2020 година (!) им доаѓало дека треба да платат данок а веројатно и веќе им го одбиле од сметката! Ако се одбие за се’ што во меѓувреме по истиот основ е пратено од некоја, обично западноевропска земја тоа нит малку не е мала суѕма. Но тоа секако е недозволив начин на ограбување на граѓаните во мигот кога сметката до Нова година треба да волшебен начин да се наполни!
Ова е секако против конвенцијата за двојно оданочување. Тоа е регулирано во Данокот на добивка член 37 каде стои дека „на обврзникот – резидент на Републиката кој на добивката што е остварена со работа во странство платил данок во друга држава му се намалува пресметаниот данок во земјата за износот на данокот на добивка платен во странство, а најмногу до износ на данокот што би се добил со примена на даночната стапка од 10%. Даночниот обврзник кој остварува приходи во странство, доставува соодветен доказ за платениот или задржан данок од надлежниот даночен орган на странската држава“.
Ова со потврдата секако треба да се има во претвид кога оваа практика ќе се забрза во користењето од страна на днаочните власти!
Ама таа бројка на ретроактивно оданочување по овој основ ќе се зголемува се повеќе откако се откри дека неликвидната трезорска сметка се полни со данок на донации од странство и тоа од пред многу години. Оваа практика секако дека ќе влијае д се ускрати уплаќањето на средства од надвор по легален, банкарски пат.
Инаку, од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4.47 милијарди евра, потоа следи на Босна и Херцеговина со 1.99, Косово со 1.32, евра, Албанија со 1.28 милијарди и Црна Гора со 345 милиони евра.
Во 2024 година, суфицит во личните трансфери имаат девет земји од ЕУ, меѓу кои Хрватска (2,6% од БДП), Бугарија (1,3%) и Португалија (1,2%). Спротивно на тоа, Малта (-2,8%), Кипар (-0,9%), Белгија (-0,6%), Грција, Шпанија и Франција (секоја од -0,5%) покажаа најголеми дефицити на лични трансфери како дел од нивниот БДП, покажуваат податоците на Евростат.
Личните трансфери на пари испратени од жители на ЕУ кон лица кои не се жители на ЕУ, минатата година изнесуваат 52,1 милијарди евра, што е зголемување од 6% во споредба со 2023 година (49,2 милијарди евра), додека приливот на лични трансфери кон домаќинствата жители на ЕУ изнесува вкупно 14,8 милијарди евра, што е зголемување од 7% во споредба со 2023 година.
Во последните пет години е забележан значителен раст на одливот на лични трансфери. Одливот е зголемен за 51%, додека приливот расне поскромно, зголемувајќи се за 26%. Како резултат на тоа, има проширување на негативното салдо за ЕУ во однос на земјите кои не се членки на ЕУ, достигнувајќи 37,3 милијарди евра во 2024 година.
Но тоа се бројки за споредба и се помалку ќе вредат кај нас – укажаната практика на „воскреснато“ двојно оданочување ќе не одалечува се повеќе од реалната бројка на внсени милијарда евра.




