Претпладнето во Скопје беа „живи“ три опции за натамошно опстојување на Владата. Или нејзина трансформација: избор на нов лидер во СДСМ, потоа опстојување на коалицијата како ништо да не се случило; правење на техниочка влада и распишување на предвремени избори или формирање на широка коалиција. Попладнето имаше средба на лидерите на коалицион8ите партии и ситуацијата мина во нова неизвесност: дали албанските партии со својот тврд став ќе ја пром енат одлуката на Заев, со која стана пример во регионот и дали западните сојузници влијаат индиректно на ситуацијата преку Мала Речица? Некогаш треба да се сочека денот да згасне…
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Демократијата треба да биде јасен пример дека политиката е една од најменливите работи во свертот. Но ние имаме јасна, отворена замена на еден тешко изграден систем со стар, незвесен од првите денови на новата локална управа видлив систем без одговорност и со силна осветољубивост. Впрочем, говориме за замена со луѓе кои не само што немаат никакво политичко искуство, а седнуваат во фотелји полни со одговорност, туку и на некои искусни со сомнително минато!
Обично првите реакции надвор од земјава беа пофални за принципиелност на Заев ама во надеж дека другите политички елити на Полуостровот ќе го следат со свој пример, што е повеќе од голема наивност. Можеби, ако се работи за професорски наук тоа и да е прифатливо. Еве еден таков пример…
Гостувајќи во белградското студио на N1 во понеделникот наутро и коментирајќи ја ситуацијата по оставката на македонскиот премиер,
пензионираниот професор на Факултетот за политички науки во Чедомир Чупиќ изјави дека одлуката е апсолутно невообичаена за Балканот и додаде дека е добра за демократијата, слободата. и политичкиот живот во Македонија.
„Добар потег е, имате свест, но и совест, го изгубивте Скопје, не го направивте тоа што го очекуваа граѓаните, најдобар начин е да се повлечете“. Тој додаде дека ова не значи дека е тоа трајно повлекување, но дека се покажува дека пред граѓаните сте одговорни. Негова е оценката дека „изборите беа добри.организирани, не можеше (како власт) да има влијание, но фер избори беа, човекот се повлече и покажа дека смената е нешто што е нормално – се е променливо,а кога ќе си заминат и професорите други ќе влезат во нивните кабинети. Тој (Заев) даде добар пример, покажа демократското однесување на политичарите, би сакал овој пример да добие на важност, да биде пелцер и да започне демократизацијата“, рече Чупиќ.
Тој нагласува дека демократијата не треба да се очекува од обичните луѓе, туку од политичките елити.
„Ако се одговорни, ја земаат сметката да излезат и да кажат „згрешивме, поднесуваме оставка“. Луѓето треба да сфатат дека политиката не смее да биде доживотен избор. Треба да се докажеш. „Ова е добар пример и мислам дека Заев покажа дека го искористи моментот, покажа дека е демократ и дека се углчедува во она што функционира во демократските земји“, рече тој.
Ако ситуацијата во земјава се гледа како да е под стаклен ѕвонец на политичката наука, зборовите на пеофесорот се точни. Но, ниту Балканот ќе биде предмет на пелцер за пример како едно општество треба да се движи. Политичкиот живот има свои катакомби по кои не е едноставно да се движиш. Заев и неговата екипа не само што го остави бирократскиот апарат не претходникот, туку некои усопеаа од првиот ден да му се залепат во кабинетот. Примерот со ген-секот на Владата е најочевиден, но има и други, ако е за „утха“. Насекаде по министерствата тие се останаа практично на своите места а овие ниовите раководители ги зафаќаше метлата на промените и тоа на најпогрешното место (Министерството за финансии, можеме да го земеме за пример). Впрочем, првиот ден по седнувањето во фотелја ја видовме „толеранцијата“ на ново-стариот сој на вмроовизмот (Штип, Гази Баба) каде сите луѓе од претходниот раководител, без оглед на квалитетот се сменети или разместени со првото добро утро.
Впрочем, зарем е тајна дека се’ што се случуваше од парламентарните избори во декември 2016 г. наваму е само обид на Груевски да се одржи на власт, заклучно со настаните во Парламентот во ааприл 2017 година, за потоа со сите средства да се врати назад, особено по егзилот во Будимпешта. Така, да се задржиме на професоровата лекција ако Заев е пример на демократија, фемонемот Груевски е своевиден пример на бонапартизам, на враѓање на ретроградни креатури одново на власт.
„Мицкоски верува во Груевски и се враќа груевизмот. Очекувајте дека ќе имам проблеми со меѓуетничките односи. Жално е што луѓе дадоа поддршка за една личност која се покажа дека има бугарско државјанство. Големи интелектуалци навалија на тоа да провејува омраза. Тие кои го напаѓаа СДСМ и Заев, тие дадоа голема поддршка на Арсовска“, рече Рамадани во гостување на ТВ 24.
Како што вели една македонска професорка на Фејсбук, во понеделникот наутро, која секако текстот го напишала ноќта, меѓу оставката на Заев и изгрејсонцето, „не мислам дека ВМРО е реформирана, и дека воопшто ќе се реформира. Не мислам дека народот е поцивилизиран и дека гласаше за подобра иднина. Не мислам дека СДСМ ќе се реформира, и дека ќе се прочисти од крлежи и вошки. Левица си е ВМРО во срж. За оние вистинските независни нема плодна почва бидејќи ние љубиме многу бетон и многу ѓубре“ – пишува таа..
„Ситнодушното опстојување, во стилот мене да ми е арно, или со патриотизам ќе си ги ранам и облакам децата си е, и ќе си е ѕвезда водилка на повеќето. Ќе предложам уште на Итар Пејо да му се изгради споменик до Аце на плоштад, уште повисок, и да си оставаме цвеќиња и венци пред нив, како огледало и врв на нашиот ум. И затоа, културата и образованието не можат да ги реформираат необразовани и површни медиокритети“ – го илустрира своето расположение професорката која се разликува од големото мнозинство на кичносвикливи интелектуалци кај нас.
Значи, илузија било кога мислев дека сме на самиот почеток на можностите – вели таа. Ние сме во центрифугата на простотилакот, ограниченоста, површноста, себичноста. И така се живее. Не велам не. Жалам што моите деца останаа тука. Затоа што, ќе ги глода камчето во чевелот, а нема да бидат свесни, дека голем дел од животот им поминува само за да го заштитат оној прилично нормален свет што ние им го всадивме како родители, а ние пак, го наследивме од нашите.
Жалам што се родив тука. Си ја сакам Македонија исконски, без луѓето.“ – завршува таа.
Но, ова беше можеби заклучок за првата половина од понеделникот. Некогаш попладнето знае да менува многу работи и заклучоци. Па така резултат на првата лидерска средба на партиите кои го сочинуваат владиното мнозинство донесе еден – прашалник!
Имено, Али Ахмате и Касами, од ДУИ и Беса тврдо застанале зад тоа дека не ја прифаќаат отставката на Заев, сметајќи дека тоа не е само негова приватна одлука. Ахмети наводно рекол дека направил коалиција со Заев а не со СДСМ. Ова може да има мнопгу значења ама може да е само трансмисија на западните, пред се американски влијанија во земјава. За Западот е јасно дека Заев практично нема оставено зад себе наследник, дека изборот на господин или госпоѓа „икс“ ќе е долг и растеглив а на вратав ни чука Еставез, со својот притисок врз Софија за старт на преговорите со Скопје, енергетската криза и продолжување на битката со ковид пандемијата…
Ќе го чекаме следниот ден за разврска? Или следните денови и месеци?