За тукушто починатиот академик Милан Ѓурчинов, преку неприфатеното издание на Македонската енциклопедија всушност се виде дека во нејзините коридори има една анахрона концепција за сите нас, за нашата нација и за нашиот развој како држава. Тоа го нагласи во еден од првите броеви на туѕкушто излезениот магазин „Глобус“
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Дента кога го погребувавме нашиот колега Ристо Поповски, пристигна веста дека починло уште едно големо име од сферата на макеоднската јреатива – академик Милан Ѓурчинов. За три дена тој би полнел 90 години. Несомнено, тој спаѓа во репрезентативната група на македонски интелектуалци, значајни за културната афирмација на Македонија. Роден е во Белград. Во 1951 година дипломирал славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, докторирал во 1960 година на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, а се усовршувал на универзитетите во Љубљана, „Ломоносов“ во Москва и „Сорбона“ во Париз.
Академик Ѓурчинов беше професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, шеф на Катедрата за славистика, а во 1980 година ја основаше Катедрата за општа и компаративна книжевност и беше нејзин раководител.
Активно учествуваше на меѓународни и на домашни конгреси, симпозиуми и други собири, како и на семинарите за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Членувал во повеќе општествени и културни асоцијации и редакциски одбори. Бил член на Редакцијата на списанието „Разгледи“ и претседател на Советот на „Струшки вечери на поезијата“. Тој спаѓа во репрезентативната група македонски интелектуалци, значајни за културната афирмација на Македонија.
Академик Ѓурчинов е со многустрани преокупации, врзани за литературата – беше критичар, антологичар, теоретичар на литературата и славист, а неговата активност во областа на книжевната историја се однесува, пред сè, на руската книжевност, особено студиите за Чехов, Достоевски и Пастернак. Многу други осврти и есеи за руски писатели сведочат за неговиот постојан интерес за руската литература во минатото и денес и за нејзиното вклучување во македонскиот културен хоризонт.
Бил член на повеќе меѓународни тела и асоцијации: на Президиумот на Меѓународниот славистички комитет, чиј претседател бил од 2003 до 2008 година, на Извршниот совет на Европското друштво за култура (Венеција) и др. Од 2002 година бил член на Медитеранската академија во Неапол, Италија. Акад. Ѓурчинов е член на Македонскиот ПЕН-центар и на Друштвото на писателите на Македонија од 1956 година, а во еден мандат бил и негов претседател.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988, а за редовен член е избран на 21 април 1994 година.
Погребот на академик Милан Ѓурчинов ќе се изврши на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје на 26 јули (четврток) во 11,30 часот, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени во Капелата од 10,30 до 11,30 часот.
-По мајка сум сто процентен охриѓанец. Татко и’ Ристо Ставрески – Мизо бил вистински полиглот и тој и баба ми Анастасија биле педагози. Во Охрид го минав најраното детство во куќата која и денес постои до хотелот „Ривиера“. Потоа се преселивме во Скопје . Од први до осми клас гимназија немав ниту една четворка, се’ ми беа петки , освен на полугодие фискултура, која накрај ми ја поправаа. Татко ми живеан во Франција, земја на аристократите беше демократски настроен човек и во себе ја носеше француската традиција.Бидејќи беше приватен инженер кога стигна светската криза од високо , паднавме долу. Татко ми мораше да прифати обична чиновничка служба и започна нашето патешествие кое за мене значење честа промена на местото на живеење и учење. Почнав во Скопје, продолжив во Ниш , па во Белград. Таму умира мајка ми Даринка и живот ни стана уште потежок, раскажува д-р Ѓурчинов.
Ѓурчинов имаше интервју во првите броеви на Глобус (во број 16 од 2007 гопдина), кога настанаа низа споровиво МАНУ а по повод Македонската еннциклопедија, која не излезе на светлина на денот ама нејзината содржина отиде надруштвените мрежи. Тој ја држеше онаа линија која во стартот беше во малцинство, но бше и остана контра онаа пренагласена национална струја која остана доминантна во Академијата.Еве што одговори на дилемите поврзани со двомеселчните тензии во Академијата.
– Јас бев еден од првите кои алармираа дека таму нешто не е е во ред и ова што се случи на Собранието, покажа дека не стои целата Академија зад проектот, и особено не – зад начинот на неговата реализација. Добро е што помина овој период, зашто се работи за огромна книга и луѓето требаа да ги прегледаат и другите определници, не само оние кои веднаш беа посочени како спорни. Сега, можам да кажам дека и со првата моја изјава за Енциклопедијата, интуитивно сум ги почувствувал проблемите. За жал, како минуваше времето, мојата оценка не само што се потврди, туку и многукратно се засили во негативна смисла. Енциклопедијата има низа слабости и тоа не можеме да го премолчиме. Пред Собранието уште еднаш ги прочитав спорните определници и сосема сум уверен дека се целосно неприфатливи, не само поради политичкиот аспект. Ние сме хетерогена средина, мултиетничка и мултиконфесионална, и како и да ги поставите работите, тоа едноставно не може да се игнорира. Мора да мислиме и на иднината! Првата слабост на оваа енцикопедија е што е премногу свртена наназад и не нуди визија за една модерна Македонија. Нормално дека го разбирам тој сон, таа убава и можеби и благородна визија, но тоа едноставно не одеше ни во 20, а камоли во 21 век. Се работи за анахрона концепција за сите нас, за нашата нација и за нашиот развој како држава. Се’ она што се случуваше и особено она што се случи на Собранието може да биде пресвртница за Македонија и за нејзината наука – дали ќе се потчинуваме на некои наши национални опсесии и етноцентрични концепти? Целиот свет знае дека Балканот е зафатен со силен етноцентричен бран кој не запира! А се’ додека тој бран е доминантен и жилаво се наметнува – нема да има перспектива!
На барањето да се осврне на „вишокот историја“ на Балканот, Ѓурчинов рече:
– И вишок од политика! Мислам дека не постои земја која е пополитизирана од Македонија. Јас се обидувам да ја следам ситуацијата во светот колку што можам, оти не можете да анализирате еден локален проблем ако не се лоцирате јасно во констелацијата на збиднувањата во светот и редовно заклучувам дека во Македонија како сите луѓе да се занимаваат со политика. Тоа е апсолутно непотребно. За жал, и нашата Академија која со право се смета за институција што ја негува науката и само науката, сега навлезе и во такви води. Не обвинувам никого, но некогаш и со најдобри намери се пробива пат кон пеколот. Овој случај апсолутно не и’ требаше на МАНУ. Албанците веднаш алармираа дека нешто не е во ред со определниците кои се однесуваат за нив. И тоа е точно, зашто не може денес во Европа, во еден ваков проект да се пишува со анимозитет и со навреди за сите лидери на еден дел од популацијата! Дури и да е во одделен новинарски текст, и тогаш би било проблематизирано со контрааргументи, но никако не може да се објави во сериозно издание под „фирма“ на националната академија, која е дотирана од државата и сето тоа предизвикува и поинакви конотации. Дел од нив се и опасни, особено сега, покрај толку тензии што ги преживуваме од разни страни, и самите да си создаваме нов потрес и да бидеме иницијатори на нови внатрешни тензии. Од друга страна, грешат сите кои мислат дека Енциклопедијата е наводно промакедонска и го брани македонскиот идентитет од сите кои го загрoзуваат! Па, зарем сите ние кои животот сме и го посветиле на науката, но во овој случај реагиравме, сите овие децении сме работеле нешто друго, освен промоција и афирмација на македонскиот идентитет?! Тоа е едно наивно сфаќање, диктирано од популизмот, но не може да се манипулира со него. Нашиот пат треба да биде јасно определен. И пред се’, интелектуалците треба да го посочат патоказот каде да се движи Македонија во иднината. Луѓето со право го очекуваат тоа и од Академијата. Но, за МАНУ да стане таков патоказ, таа мора да се движи по патот на сопствените умови, на најквалитетните претставници на овој народ, кои и преку МАНУ ќе и сугерираат на политиката, за таа да се движи по правецот што ќе го определи науката. А не – науката да добива политички патокази. ..
Зошто на Балканот, во случаите и на српската и на хрватската, на албанската и на бугарската академија, нивната работа се поврзуваше со територијални претензии и со големодржавни проекти?
– Затоа што на Балканот, како што мошне мудро рече еден балкански социолог, отсекогаш интелектуалците, па дури и луѓето од уметноста, живеат со затскриено уверување дека не можат да се остварат себеси и да имаат врвни дострели во науката и уметноста, ако не се во дослух со политичарите! Тоа е клучот и на македонскиот случај со Енциклопедијата: се работи за една интимна врска со политиката, која се одрази на научната веродостојност. Факт е дека академиите се традиционални средини и конзервативни институции кои знаат да бидат и ретроградни, за што имавме доволно примери на Балканот. Но, не смее да се дозволи МАНУ да биде нечија филијала, тоа е апсурд. МАНУ мора да се разликува од другите академии: никаде не пишува дека таа мора да биде нечија копија или опонент! Ние не можеме нашата активност да ја развиваме против соседните академии, туку во согласност со најсовремените научни сфаќања и концепции. Јас тврдам дека Македонија има извонреден интелектуален потенцијал кај луѓето кои се можеби далеку од политиката, но можат да дадат огромен придонес за македонската наука и држава. А МАНУ треба да биде врв и како светилник да го покажува тој пат!
Ѓурчинов во тоа интервју а во врска со Енциклопедијата вели дека во нејзината изработка отсуствуваат јасни вредносни критериуми. „Луѓе кои се блиски на дел од составувачите, добија огромен простор во националната енциклопедија и тоа е провинцијализација на целиот потфат! Во едно капитално дело кое треба да не легитмира, мораа да бидат исклучени сите приватни врски, роднински и комшиски афинитети! За жал, во Енциклопедијата има неверојатен непотизам! Сето тоа е непотребно, несфатливо и бесмислено. И на крајот на краиштата – штетно!“ рече тој.
Ѓурчинов гвореше и за политиката на прием на нови членуви во МАНУ. – Тврдам дека има доволен број академици кои се свесни дека МАНУ не е приватна соопственост. Не може личните и приватни интереси, афинитети или анимозитети да се решаваат преку приемот на нови членови. И на тој план имаше големи проблеми, зошто на некои кандидати им се даваше предност, а некои други, заслужни личности беа отфрлани без аргументи. Не е тоа само проблем на Албанците, колку македонски научници и уметници одамна заслужуваат да бидат членови на МАНУ, ама не можат да пројдат поради ваквите работи!
Го прашавме колку вековите на поробување, угнетување и реална немоќ се некакво оправдание за пренебрегнувачкиот однос кон помалубројните и понеподготвените – денес?
– Тоа е психолошки разбирливо, според „синдромот на велосипедистот“: истиот велосипедист кого го загрозуваат и моторџијата и автомобилистот и камионџијата, сепак, редовно го загрозува пешакот. Но, против тоа мора да се бориме. Апсолутно сум против таквите комплекси: еве, ние Македонците сме биле потиснувани, па, сега и ние некого ќе потпритиснеме. Треба да се каже дека и во европската и во светската политика и во релациите кон Балканот, има низа работи кои не се во ред и кои даваат основ и создаваат делумно и оправдани аргументи кај народот, дека наводно Македонија и Македонците се жртви на заговори и на меѓународни, нефер притисоци. Тоа само го потхранува потенцијалниот национализам, но мора да се има диференциран однос. Кога би постоела планетарна правдина, секој кој би застапувал тесногради и националистички ставови би испаднал, најблаго речено, смешен. За жал, не живеееме во таков свет.
Во Енциклопедијата, рече тогаш Ѓурчинов, е направен обид за скок од историјата до моменталната политичка конјуктура, односно за прескокнување на цел еден период кој според мене е извонредно значаен за афирмацијата на македонскиот идентитет и на нашата култура. Се она што на времето сме правеле за да излеземе во Европа, сите заложби против догматизмот и тоталитаризмот, сега се фрлаат во ветер. Во тој период е созадена државата со АСНОМ и многу други вредности кои денес не смеат да се минимизираат, зашто тоа не е во интерес на македонската нација! Јас зборував во медиумите за драстичниот пример со поезијата на Блаже Конески кој е целосно избришан како поет во Енциклопедијата, зашто не им е по вкусот на некои редактори, иако цела Европа не уважува и за тоа што сме имале еден таков поет…