Вeќe легендарниот француски режисер, сценарист и филмски критичар Жан-Лук Годар почина на 92-годишна возраст
Неодамна прочитав промоција за една книга, изадена од Филмскиот центар на Србија под наслов „Перманентен револуционер“, посветена на режисертот и критичар Жан ЛИк Годар кој токму деновиве почина во „буржоската“ Швајцарија, несомнено држава која важи за некаква архива на европскиот ултраконезервативизам! Она што ја издвојува оваа книга од другите не е само увидот во сложената креативна личност на Годар од германска (дистанцирана) перспектива (авторот е Берт Репхадл) , туку и методот на пишување во кој биографијата на Годар е дадена преку филмови. Поврзувајќи се со филмовите, авторот ги следи најважните сегменти од кариерата на Годар, збогатувајќи ги со малку познатите контексти во кои се создадени тие филмови.
За луѓето, вистински или измислени, знаеме само мал дел од она што тие навистина се. Ова, се разбира, уште повеќе важи за уметникот како Жан-Лук Годар, кој во својот долг живот се поистоветувал со својата работа – личните искуства стануваат сè поневажни, додека тој со преку стотина наслови во неговата филмографија, се јавува како еден вид универзален дух на кинематографијата.
Жан-Лук Годар, смета авторот на овој опсежен осврт на една личност е фигура на границата меѓу биографијата и делото, меѓу историјата и пишувањето историја, меѓу субјективноста и политиката, помеѓу модерната уметност и дигиталната ера, клучна фигура на филмот како клуч за прашања и теми на 20-ти и 21 век.
Критиларот од Загреб ненад Полимац ќе напише дека Годар во модерното кино го среќаваш на секој чекор без воопшто да го сфатиш
Во текстовите што ги објави во влијателниот магазин Cahiers du Cinéma, Годар сесрдно се залагаше за експериментирање и иновација. На тие принципи ја изгради својата повеќедецениска кариера.
Годар најпрвин ја одбележа европската и светската филмска уметност на повеќе начини – беше еден од основачите и најзначајните претставници на францускиот тн. Нов бран и негов најрадикален претставник. За Годар и за целата генерација на која ѝ припаѓаат великаните Франсоа Трифо, Клод Шаброл, Жак Риве – филмот беше најзначајниот феномен во уметноста … За нив, „филмот е сè, и сè се врти околу филмот“, како што самиот Годар рече во една прилика.
Во неговите ремек-дела, што ги создаде особено во 60-тите и 70-тите, спаѓаат – „До последниот здив“, кој му ги претстави Жан Пол Белмондо, „Жената е жена“, „Живеј го својот живот“, „Малиот војник“, „Карабињери“, „Презир“ (заснован на истоимениот роман на Алберто Моравија, со Брижит Бардо во главната улога), „Лудиот Пјеро“ и многу други остварувања што влегоа во светските филмски антологии.
Во тие две десетлетија беше оженет со своите музи – глумиците Ана Карина и Ан Вјажемски. Од 1978-9, по вториот негов развод, вонбрачно живееше со глумицата, писателка и режисерка Ан-Мари Мјевил, сѐ до неговата смрт.
Покрај тоа, неговото дело силно влијаело на подоцнежните филмаџии како Пјер Паоло Пазолини, Бернардо Бертолучи, Мартин Скорсезе, Квентин Тарантино, Стивен Содерберг, Роберт Алтман, Вим Вендерс, Џим Џармуш, Вонг Кар Ва.
Критичарот Јурица Павичиќ по повод смртта на филмаџијата ќе напише дека Годар радикално ги изразуваше своите егзистенцијалистички и политички ставови, критикувајќи ја и холивудската филмска индустрија и бирократските системи кои често ги задушуваат граѓанските слободи во име на демократијата, потоа – репресивните режими, па и капитализмот, што понекогаш „прави робови од луѓето“… Во неговите филмови, јавни настапи и текстови објавени во највлијателните филмски списанија, Годар смело и бескомпромисно ги отвораше овие табу-теми, па со десетлетија важеше за еден од јавно најангажираните интелектуалци.
Францускиот режисер Жан-Лук Годар почина во вторникот на 92-годишна возраст. Зад себе остави 44 играни филмови
Тој беше наречен првиот вистински филмски модернист, па дури и првиот постмодернист. Филмовите беа и останаа столбот на неговата наставна програма по филмска историја. Тие беа и се на врвот на листата на највлијателни филмови на сите времиња. Кругот на режисери кои го нарекуваат модел е толку широк што ги вклучува Квентин Тарантино, Макавејев, Вонг Кар-Ваи и режисерите на „младиот хрватски филм“ од 90-тите. Неговите филмови претрпеа безброј преработки, парафрази и други верзии. Тој самиот беше видлива медиумска личност, а неговите ефективни афоризми за филмот беа совршени за импресивни цитати. Тој беше генијалец, нарцисоиден, тврдоглав, честопати невидлив. Не го викаа, а се уште го нарекуваат – „последниот гениј на кинематографијата“ без причина.