Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОЧНАТА ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА ЗА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ

October 24, 2023 Filed Under: Македонија

Вториот човек во ВМРО ДПМНЕ е предмет на истрага по допрен глас за  перење милионски суми

СТАРТ Николовски се жалел на прислушкување од службите а сега има одговор и – зошто

Обвинителката Вилма Рускоска утрово за порталот „Скопје1“ потврдила дека отворила предистражна постапка по допрен глас за Александар Николоски кој е актуелен втор човек на ВМРО ДПМНЕ.

„Се уште нема истрага, се врши предистражна постапка по допрен глас по што ќе се знае дали ќе има отворање на истрага. Сега имаме само предистражна постапка по допрен глас“ – изјави за „Скопје 1“ обвинителката Вилма Рускоска без да прецизира дали предистражната постапка се однесува само на перење пари или и на други дела и без да каже дали со предистражната постапка е опфатен само Николоски или има и дурги лица.

Според информациите до кои дојде „ Скопје 1“ предистражната постапка покрај Николоски ги опфаќа и еден од главните разузнавачи во кабинетот на Георге Иванов, поранешен директор на „Фондот за здравствено осигурување“ кој потоа станал директор на фарма за канабис, еден бизнисмен кој работи во градежништо, угостителство и обложување, еден поранешен кошаркар, потоа еден директор на приватна фирма со руски капитал ( познат на јавноста по закани со убиство и подметнати бомби ) се дел од истрагата која ја отпочнало Јавното обвинителство во Скопје, а на која и е дадено работно име „Пајажина“. Предистражната постапка се однесува на субверзивни активности за уривање на Преспанскиот договор и за перење пари кои доаѓале од една источна држава со светско влијание, а износите се во милиони евра.

ВИЛМА РУСКОВСКА Таа изјавила дека ќе води предметот кој сепак сега е во предистрага

Александар Николоски деновиве кажа дека раководството на ВМРО ДПМНЕ подолго време било следено и прислушкувано од службите. Оваа изјава беше своевремено демантирана од Наќе Чулев, атогашната дополнителната министерка Славјанка Петровска кажа дека против Николоски е отворена истрага за „перење пари“.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet