Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОЈДЕТЕ КОН КОРАБСКИТЕ ВОДОПАДИ

March 26, 2024 Filed Under: Ревија

Водопадот на Длабока река има променлива вредност и варира во должина меѓу 70 и 130 метри. Но е дел од импреасивните пејсажи на оваа планина-убавица

ПОД ВОДОПАДОТ Длабока река ги фобива првите води од водопадот кој е наврвот од сликата

Планината Кораб се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Албанија. Корапскиот масив претставува природно продолжение на Шар Планина. Масивот го сочинуваат Kораб, Дешат и Крчин, кои заедно со Шар Планина имаат најголема површина под пасишта на Балканот. Поради уникатните природни вредности, македонскиот дел од Кораб од 1952 година влегува во состав на националниот парк Маврово, како заштитено подрачје.

На Кораб се наоѓа највисокиот врв во Македонија и Албанија, а тоа е врвот Голем Кораб 2.764 м, кој во поранешна Југославија претставуваше вториот највисок врв веднаш зад Триглав.

ОДБЛИЗУ Колку снег , толку вода и должина на водопадот кој е најбуен во мај

За името Кораб постојат многу легенди, но една од нив е дека кога било сѐ потопено на планетата Земја, Ноевата арка постојано пловела по водата и прво удрила во Дешат и се слушнал силен тресок „кршшш“ и така го добила името на врвот Г. Крчин, но арката продолжила да удира до високите делови од планината и така се раздробувала и се преобразувале делови од планината формирајќи високи врвови, но не успеала да го „победи“ највисокиот врв и тука се задржала, така тој врв го добил името Голем Кораб

Планината располага со многу атрактивни врвови со алпски карактер, посебно се истакнуваат Голем Кораб, Мал Кораб, Кабаш, Рибничка Скала, Радомирски Врв, Дерза-Јагода итн. Кораб е планина на која може да се сретнат голем број постојани и повремени глацијални езера.

Од осумте постојани езера најголемо е големото корапско езеро, кое е лоцирано веднаш под врвот Голем Кораб, интересен е фактот дека ова езеро се наоѓа на 2.500 м и тоа е највисокото ледничко езеро во нашата земја.

ПЕЈСАЖ Има ли некаде толку планинско цвеќе?

Планинарењето на Кораб значи слушање на жуборот на реките, мирисот на билките, доживување величествени панорами, едноставно тоа е целосно будење на сите сетила.

Кораб е безвремена убавица која има посебно место во срцето на многу планинари од земјава и надвор од неа. Корапските убавини ги има на секој чекор, една од атракциите што плени со својата убавина е Кањонот на Длабока Река. Ако сакате да излезете од комфорната зона, да почувствувате вистинска природа и да доживеете авантура, посетете го кањонот, тоа е скриениот рај на Кораб кој не смеете да го пропуштите. Водопадот на Длабока Река се појавува напролет поради топење на снегот во тој период. Водопадот, кој е познат и како Пројфалски Водопад, е најдобар за посета во мај или јуни. За височината на Корапскиот Водопад може да се сретнат различни податоци во литература, а варира помеѓу 70 и 138 m.

Најдобар пристап до овие водопади има од селото Жужње и Нистрово, но може и од с. Рибница. Стартувањето од село Рибница значи и движење низ високостеблеста дабова шума која е заштитена од УНЕСКО како ретко природно богатство. Убавините на кањонот и водопадите навистина ќе ви понудат едно несекојдневно пријатно и незаборавно искуство.

(Текстот е преземен од fakulteti.mk – свтор на текстот и фотографиите: проф. Дарко Оносимоски)

Filed Under: Ревија

БИТИЌИ: ИНФЛАЦИЈАТА НЕ Е ОД ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ВЛАДАТА ПРЕФРЛА ВИНА
МИЦКОСКИ – МЕЏИТИ: ЕТНИЧКА ПОЛАРИЗАЦИЈА НА НИВО НА ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР
АКАДЕМСКИ ГЛАСОВИ, ПРИОПАГАНДНО ЕХО: КАКО ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ШИРАТ ПРОРУСКИ НАРАТИВИ
СОРЕНТИНО И СТРУГАР МИТЕВСКА ЈА ОТВОРААТ ФИЛМСКАТА СМОТРА ВО ВЕНЕЦИЈА: БУНТОВНИОТ ПАНК-РОК ДУХ И ЖЕНСКИОТ СВЕТОГЛЕД НА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО ФИЛМОТ „МАЈКА“
ПРЕДИЗБОРНИ „ПОТЕМКИНОВИ СЕЛА“ НА ВЛАСТА ИЛИ ВИСТИНСКА НАМЕРА ДА СЕ ПРАВАТ ШТЕТИ НА ДРЖАВАТА?

Најново

  • БИТИЌИ: ИНФЛАЦИЈАТА НЕ Е ОД ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ВЛАДАТА ПРЕФРЛА ВИНА
  • МИЦКОСКИ – МЕЏИТИ: ЕТНИЧКА ПОЛАРИЗАЦИЈА НА НИВО НА ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР
  • АКАДЕМСКИ ГЛАСОВИ, ПРИОПАГАНДНО ЕХО: КАКО ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ШИРАТ ПРОРУСКИ НАРАТИВИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet