Некои аналитичари во Софија и пред резултатите на изборите предлагаа да се формира коалиција меѓу ГЕРБ и Продолжува промената ама без Бојко Борисов, кој ќе треба да ја преземе на себе винатаа за состојбата со корупцијата во земјата. Продолжувањето на агонијата во Софија ќе доведе до политички монопол на претседателскиот кабинет на Радев
Во понеделникот наутро резултатите од парламентарните избори кај источниот сосед беа познати. Хроничната политилчка нестабилност која доведе таму за 18 месеци да се одржат четврти политички пресметки каде за редоследот на партиите во парламентот треба да одлучат оние граѓани со право на глас Факт е дека објективно одлука нема, бидејќи, во овој вид на натпревар постојано е прв Бојко Борисов и неговата партија ГЕРБ (по поаследните извештаи, објавени вна порталот на днениот весник „Дневник“ – со 25,3 отсто) ама секогаш од тоа тешко дека ќе излезе нешто политички профитабилно бидејќи никој од оние кои се зад него не сакаат да коалицираат со него. Понајмалку најмладата партија која беше срушена после шест месеци владеење, „Продолжуваме со промените“: Надежта на западните сојузници, која со освоени 20,5 отсто од гласовите нема да може да биде таа што треба да бира коалициони партнери, иако е втора во редоследот. Лидерот на партијата, Петков, последен премие, јасно рече дека тие ќе одат во опозиција и изрази жалење што бугарскиот електорат фактички не е зрел за промени, за одење напред, заради што пак неговата партија и беше формирана но која, очевидно, се удри во берлинскиот ѕид на живковизмот!
Она што за нас не е поволно е секако фактот дека иако македонското прашање овој пат не беше дел од предизборниот амбиент, распоредот на силите го прави среќен претседателот на државата Радев, кој тоа, додуша на прашање на макдеонска тв куќа тоа го искажа, говорејќи за нашите меѓусебни односи во иднина. Уште поопасно е ако резултатите се гледаат и од аспект на односите Запад – Русија, бидејќи, оние сили кои се де факто проруски остануваат во политичкиот ринг а особено е опасно присуството на најгласната пропутиновска партија „Преродба“ која е четврта во пласманот. Оваа партија на Костадин Костадинов е отворено пропутновска, бара излез од НАТО и ЕУ и освои 10,2 отсто.
Лидерот Костадин Костадинов е во мигот најостар во антимакедонските изјави и ако биде чинител во идната влада тоа ќе ни донесе неволји.
Дали ова беше очекувана разврска. Коментаторот Александар Андреев во текстот во бугарската редакција на „Дојче веле“ вели дека во посткомунистичките децении во Бугарија политичката стабилност е реткост. Во меѓувреме, земјата се надминала себеси со еден неславен рекорд по бројот на избори во кус период а згора на тоа „предвремените избори станаа неопходни по уривањето на либералната реформска влада на чело со премиерот Кирил Петков по јуни 2022 година.
Бугарија сега е повторно пред голем предизвик, продолжува тој, дали по изборите ќе добие владејачко мнозинство за да се протурка тешката зима, во време одбележано со војната во Украина, инфлација и високи цени на енергенсите? Тоа, по сѐ изгледа, не е на повидок, бидејќи речиси сите анкети, како и со претходните избори, покажуваат дека во парламентот ќе има или 7 партии, што ќе го отежне формирањето на стабилна коалиција.
Германскиот миленик а де факто победник во актуелната политичка криза е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов- ГЕРБ. Тој во најголем дел, сметаат полибералните аналитичари, е виновен за актуелната криза, бидејќи, во пролетта 2021 година, по повеќе од една деценија на власт, зад себе остави ера полна со политички превирања, афери со корупција и нереализирани реформи.
Од надворешно-политички аспект, ГЕРБ има јасна евроатлантска ориентација. Но другите две партии со таква определба, ПП на Петков и Демократска Бугарија не сакаат заедничка влада со ГЕРБ, барем засега.
поради обвинувањата за корупција кон Борисов што самите ги истакнуваат. Затоа, веќе на глас се размислува за коалициска влада на ГЕРБ, но без Борисов.
Политологот Даниел Смилов е скептичен. „Единствена грижа на ГЕРБ е да го заштити бизнисот на својот претседател. И сѐ додека Борисов е водечка фигура, ГЕРБ нема да може да подвлече црта под сопственото минато“, напиша Смилов во колумна за ДВ.
Но, мора да се внимава на фактот дека на другиот крај на политичкиот спектар е опасен национализам со силни проруски акценти. На овба кумуваше фактот дека излезноста е многу мала (последната проценка стои на 37,8 отсто, што укажува на крајна разочараност на електоратот од политичката понуда! Нацуионалистички насторениоте гласачи полесно се лепат за понудите на „пазарот“. Впроечм, се покажува дека меѓу земјите-членки на ЕУ, Бугарија е најпријателски настроена кон Русија. Иако мнозинството Бугари се и натаму наклонети кон ЕУ и ја осудуваат војната во Украина, поделбите во општеството се видливи.
„Во Бугарија традиционално секогаш постоеле силни проруски чувства. Многумина во Бугарија на Русија денес гледаат како на алтернатива на она што не им се допаѓа во западниот свет“, вели политологот Иван Крстев. Ова секако доаѓа и од фактот дека Гаспром во април годинава ги сопре испораките кон Бугарија, но лобито на Кремљ во земјата, партијата Преродба како и многу Бугари, бараат Софија да се смири со Москва и да побара нови испораки на гас.
Странските медиуми во своите понеделнички изданија се прашуваат – пак ли? Со тоа предвидуваат нова политичка нестабилност за Бугарија. „После изборите е како и пред изборите” е еден карактеристичен наслов. Германската агенция ДПА, цитирана от десетина електронски издания во државата,ја нарекува партијата ГЕРБ како „прозападна” или „буржоаска”. Телевизискиот канал ntv го цитира политологот Даниел Смилов, според когото „Предизборната борба во најсиромашната држава на ЕУ место за корупцијата мина во знакот на снабдувањето на гасот.
Другите медиуми во Германија тврдат дека Радев е најзадоволен со изборите – државата ќе се управува од кабинетот на претседателот Радев, како техничка, сигурно ќе има неговиот печат!. Кон оваа ситуација посебно е критичен весникот „Фанфуртер алгемајне цајтунг“.
Австриски „Стандрд“ во неделата објави интервју со поранешниот премиер Кирил Петков. На прашањето за состојбата со тајните служби, Петков одговара: „Тие не беа реформирани по крајот на комунизмот. Се додека тој ја води преодната влада, претседателот Радев може да го смени раководството на сите овие служби, бидејќи тој го контролира и премиерот..И избрана влада не може ништо против ова.Затоа треба да го смениме законот. Луѓето во тајните служби мора да ги исполнуваат стандардите за антикорупција.Тајните служби мора да бидат контролирани од парламентот.Последниве 12 години овие луѓе имаат беа избрани од ГЕРБ и соодветно поставија заштитни чадори над корумпираните мрежи и практики. Никаква промена не може да се изврши од нив“.
Подоцна во интервјуто за „Стандарт“, Петков одговара на прашање за влијанието на Кремљ врз тајните служби во Бугарија: „Корупциските скандали во Бугарија се поврзани со руското влијание, на пример во случајот со гасоводот Турски тек, кој од 2020-тите дава гас тече во Бугарија веќе една година.Владата пред нас го создаде еден од најголемите геополитички проблеми на Украина со тоа што го даде одобрението за „Турски тек“. А сега нема никаква корист од него. Единствената цел му беше да го зголеми влијанието на странска држава, имено Русија! Ме прашуваат дали нема да влезам во „евро-атлантска коалиција“ со ГЕРБ, но немам политичка доверба во тие кој потпишаа за „Турски тек“. овие наводно евроатлантски ставови“.
Веќе денес можеше да се чуе за предлогот на Запад за формирање на неочекувана силна коалиција меѓу ГЕРБ и ПП. Делува изннадувачки во целиот амбиент, иако гледано од западната страна на планетата тоа има некаква логика, барем како некаква антируска опција!
Бидејќи во спротивно проруските партии неминовно ќе влезат во идната влада.
(Редакција Глобус со користење на бугарските и европски медиуми)