Северна Македонија и Грција се подготвуваат за нови избори. Политичките сили на сите страни се подготвени да влезат во политичка битка поради Преспанскиот договор
КОНСТАНТИНОС ФИЛИС
Пред седум недели грчкиот парламент го ратификуваше Преспанскиот договор за името на Северна Македонија. Но, договорот сега се соочува со уште поголем предизвик за имплементација. Големото прашање во двете земји е: до кој степен внатрешното противење на договорот ќе исчезне – особено кога сите страни сега се подготвуваат за изборни кампањи?
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:ЗАЕВ СИЛЕН, АЛБАНЦИТЕ ПОСИЛНИ, ВМРО ПОСЛАБ Во Северна Македонија, каде што следните месеци се одржуваат претседателски избори, главната опозициска партија е олабена а поранешниот националистички премиер Никола Груевски е во наметнат егзил во Унгарија. Кандидатот на владејачката коалиција за изборите, Стево Пендаровски, е политичар со широка привлечност: тој освои 37 отсто од гласовите во првиот круг на последните претседателски избори, во 2014 година – речиси 10 отсто повисок резултат од процентот на гласовите што ги доби партијата која го поддржуваше. Во меѓувреме, партијата ВМРО-ДПМНЕ со Гордана Силјановска Давкова, која се спротивстави на Преспанскиот договор, не изгледа како да има неопходен дофат за надминување на исклучително тешката позиција во која се наоѓа. Таа нема опција да презентира алтернативни предлози за сценарио во кое Северна Македонија останува надвор од НАТО и ЕУ.
Ова не значи дека ВМРО се повлекува во себе и чека да биде поразена ниту дека Русија само лежи во исчекање, туку е подготвена да ја искористи партијата која ќе и даде повод за тоа. Сепак, влијанието на Москва е прилично слабо: нејзините инвестиции во Северна Македонија се скудни, особено кога се споредуваат со моќта што ја има воспоставено во Србија и Бугарија. Наместо тоа, повеќе е заинтересирана да ги посочи пропустите во легитимитетот – вклучувајќи ги и наводите за прекршување, како на пример на постапката што следеше при усвојувањето на Преспанскиот договор преку Парламентот, како и слабиот одѕив на референдумот во септември. Со овие забелешкитаа го обвини Запад дека не го почитува законот и му помага да ја победи волјата на македонските Словени, кои во голема мера се противат на договорот. Сегашниот претседател, Ѓорге Иванов, и помагаше на Русија во тие напори. Во обид да ги активира оние кои се противат на договорот Иванов сега врши акција заодбивање на потпишување на законите или актите поврзани со Преспа.
Во секој случај, голем број на настани покажаа колку Преспанскиот доовор е непопуларен меѓу македонските Словени: тој многумина од нив сметаат дека го поткопуваат „македонскиот” идентитет; референдумот во Преспа, кој имаше голем одѕив од заедницата што зборува албански јазик, а се почувствува воздржување на Словените; теба да се има предвид доделувањето на официјален статус на албански јазик, кој сега се користи на седниците на парламентот; и проценката дека се поопшта на албанскиот фактор на Западен Балкан. Гласовите на Запад се се придушени во спротивставувањето на оваа агресивност, која ги вклучуваше повторувните изјави на водачите на Албанија и Косово за „Голема Албанија” и обединувачките Албанци од целиот регион. Следните месеци ќе минат во обидите на премиерот Зоран Заев да воспостави рамнотежа меѓу проширените барања на неговите албански партнери во владата (на пример, за поправедна распределба на државниот буџет, со крајна цел – федерализација) и загриженоста на неговата колеги Словени заради тоа.
ГРЦИЈА: ЕВРОПА ВО ИЗБОРНА СЕЗОНА Европската унија има одлучувачка улога во пост-преспанската ситуација на ратификација. Доколку Северна Македонија ја демонстрира својата заложба, следејќи го писмото и духот на договорот, во интерес на Грција е надминување на неподготвеноста на другите земји-членки, како што се Франција и Холандија, за да и обезбеди на Северна Македонија датум за почеток на разговорите за пристап. Во секој случај, овој долг процес ќе й овозможи на Атина време и простор да изврши притисок врз Скопје за целосно спроведување на договорот. И ЕУ и земјите-членки треба да признаат дека секое понатамошно одложување само ќе обезбеди време и простор за трети страни да ги унапредат своите аргументи за претпоставената залудност на напорите на Северна Македонија за влез во европското семејство. Овие овластувања последователно ќе се обидат да го искористат разочараноста на граѓаните и како резултат на превирањата во нестабилниот регион. Покрај тоа, Бугарија, исто така, покренува приговори за амбициите за пристапување на Северна Македонија, главно во форма на коментари од заменик-премиерот на земјата, кој дури и се закани дека ќе стави вето на влезот на Северна Македонија во НАТО. Но, ова е многу малку веројатно да стане национална политика на оваа земја.
Во Грција, противењето на Преспанскиот договор изнесува 60-70 проценти. Повеќето Грци се противат на употребата на „Македонија” во името, иако Северна Македонија имала виртуелен монопол врз неа во последните 27 години. Во грчкото општество има размисла дека договорот е наметнат од странски играчи, поточно од „Западот”, и дека името е „дадено”, при што Грција во суштина нема ништо за возврат. Лидерот на најголемата опозициска партија, Нова демократија, дури и предупреди дека Атина склучила договор со своите европски партнери за да ги задржи веќе малите пензии од понатамошно намалување, додека релевантниот закон за пензии веќе беше донесен. Ова тврдење за „трансакциона дипломатија” беше користено во тајност за оправдувањето на владините потези и нејзината неподготвеност да продолжат со поширок консензус со опозициските партии. Нова демократија прифати строг став кој исклучува дури и мал консензус; плашејќи се од загубите на гласови во нејзините десничарски редови, па дури и од создавањето на Грчката северна лига, како израз на општо разочарување во она што критичарите го нарекуваат „болен национален компромис”.
Грција се соочува со четири неминовни гласања: два круга локални избори, европски избори и парламентарни избори. Последниот од нив е закажан за октомври, но постојат сценарија за претходно да се излезе на гласање. Што и да се случи, македонското прашање за името ќе остави свој белег врз резултатите. Поконкретно, во северна Грција, каде што чувствата се растревожени заради името, се очекува владата да добие изборна казна. Во меѓувреме, во Епир (северозападна Грција), граѓаните се чувствителни на прашања поврзани со Албанија и се загрижени за повторување на Преспа таму. Ова може да се покаже низ резултатите од изборите во тој крај, како еден вид превентивна мерка преземена преку гласачката кутија. Во други области во Грција, со исклучок на овие, проблемот со Преспа ќе има многу помалку влијание врз гласањето.
Додека ова прашање е значајно во домашниот информативен циклус, противниците на Преспанскиот договор ќе ја искористат најмалата можност да тврдат дека случувањата го потврдуваат нивниот став и дека договорот е штетен за националните интереси на Грција. И покрај фактот дека октомврискиот датум за општите избори, најверојатно, ќе донесе сознанија за сериозни можни штети по економијата (ќе им наштети на странските директни инвестиции и ќе создаде парализа во јавниот сектор), за кои премиерот се надева дека како аргументи можат да ги срушат несогласувањето околу Преспа, и тоа уште на претходните избори. Сепак, Алексис Ципрас најверојатно на крајот ќе сфати дека го потценил ефектот на решавање на ова долготрајно, чувствително прашање, спротивставувајќи се на јавноста, дури и ако националните избори се одржат во октомври.
И главната опозициска партија, ако победи на изборите, ќе мора да одговори на разочараниот електорат. Критичката маса ќе очекува да го откаже договорот, иако тој не рече дека ќе го стори тоа. Таквиот развој би можел да го ризикува преминување на гласачите кон екстремно десничарските и националистичките партии – иако Нова демократија тогаш може да се најде себеси, како ја игра истата игра како Ципрас, да го следи не само спроведувањето на Преспанскиот договор, туку и да се надева дека ова прашање нема да биде интересно до следните избори и надевајќи се дека актуелноста на прашањето ќе заумре дотогаш. Но, со преговорите за пристапување во ЕУ да бидат потребни многу години, притисокот за Северна Македонија да одговара на темата за Преспа да остане. Флексибилните точки што овие процеси ќе ги обезбедат може да значи дека ова прашање редовно се враќа назад во грчката јавна дебата, сепак, со сите непредвидливи импликации што ги има за иднината на договорот. Сепак, на долг рок, Преспа може да биде катализатор за конвергенција меѓу двете страни, при што Грција позитивно ќе влијае на нејзиниот ангажман на северниот сосед со Западот, кој постепено може да ја ограничи националистичката динамика во Северна Македонија
Европскиот совет за надворешни односи не презентира колективни сставови. Овој коментар, како и сите публикации на Европскиот совет за надворешни односи, ги претставува само ставовите на нејзините автори. Опремата е на Глобус).