Во Идризово засега отидоа само двајца функционери. Моќникот Мијалков остана во кругот на истражниот затвор Скопје и има индиции дека овој актуелен систем не го кутнал се уште клучниот човек на македонската криза
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Дениовиве некаде прочитав дека две илјади лица сво земјава чекаат да се ослободи простор за да можат да заминат на издржување на казната затвор, што за нив е правосилна. Иако има првостепени пресуди и една „застарена“ зад себе клучниот ќовек во мафиозираната држава од страна на ВМРО ДПМНЕ – Сашо Мијалков покажува заби во Кривичниот суд. Судијката Александра Ристеска одеднаш, кога требаше да ја соопшти пресудата за тортура при апсењето на Љубе Бошкоски, ѝ стана нејасно кој какви кривични дела направиле поединечно обвинетиот ексдиректор на УБК Сашо Мијалков и шестемина полициски „алфи“ на чело со Ивица Анчевски – Пуки. Зошто и требаше толку време, додека траеше судењето, со дополнителни прашања да си разјасни себе си и на поротата она што и било замаглено? Па процесот и онака не беше кус, судијката има полно права да го испрашува обвинителот и да побара дополнувања во обвиненијата. Можеби се тие само реторички или непрецизни…
Никој во јавноста немаше дилема дека војната меѓу правната држава и Мијалков ќе биде лесна. Напротив, ексшефот на УДБ го имаше целиот систем во рака а по заминувањето на Груевски од земјата нему какао да му олесни! Едноставно оставен самиот да се спасува тој ги активира сите свои адури (судии, обвинители, меѓународни спонзори) пред се наслонувајќи се на поранешни републички обвинители – еден од нив е бранител од тој ков. Па во нормални држави највисоките функционери во правосудството заминуваат во пензија. И не помислуваат да бидат дел од јавниот живот. За тоа постои силна морална причина – како некаква алка во правната држава со многу „опашки зад себе“ тој може да биде фактор со многу капаџици. Па и Мијалков побегна од рацете на правдата преку еден капиџик, нали. Па се одигра онаа комедија со неговото доброволно враѓање и тоа на обвинителката Рушковска на нозе со вклулчените камери на 24 вести пред Обвинителството…. Може да замислиме каква гужва е во кафетеријата на Мериот секој ден, колку ли има и новинари таму, што може да се претпостави по написите овие денови со кои се брани пишманли одлуките на судската власт. А има и такви кои прават стратегија за одбегнување или одложување на процеси, клучни во актуелната опозиција после 27 март 2017 година.
Да не заборавиме дека по над три години постапка, судијката Ристовска по вторпат го враќа, откако еднаш го почна отпочеток овој предмет, зашто поротникот си нашол друга работа, а резервен поротник, како што правеше судијката Добрила Кацарска во високопрофилни случаи или обвинети, Ристеска немаше обезбедено.
Вееќе сум пишувал за тоа дека со поротниците и до сега се играше а дека нивната улога, однапред планирана, беше одбегнувана за анализа. Впрочем, оние поротници што ги знам се одвај писмени луѓе, можеби некои и со мајсторски испит и се целосно во власт на оние кои ги донеле на таа позиција. Најголемиот пораз за судството – врлат некои објективни колеги – е што по повеќе години судење и тегнење до максимум, клучните предмети за кои сме под мониторинг на ЕУ и САД, се враќаат на почеток. Се споменувба дејка заоради навршување на 60 години на поротник, се враќа на почеток најголемиот и првиот предмет на СЈО „Титаник“ со 21 обвинет, „Талир“ за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ со перење нелегално стекнати пари, и „Тендери“ каде што е обвинета поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Колку и да се вадат судиите дека законот е таков и дека поротник не може да учествува во кривичен совет по навршување на 60 години, пензионирањето на поротниците кажува колку споро траат судските процеси кога на обвинителна клупа се богати и моќни луѓе. Да не го одлагаше судијата Осман Шабани цела година почетокот на судењето на „Талир“ тоа досега ќе беше завршено, со истиот тој поротник.
И судијата Огнен Ставрев го убрза „ТНТ“ кај што се обвинети Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски кога слушна од обвинетите дека поротник навршил 60 години, но предоцна. Судењето поради смена на поротникот се врати на почеток, и уште си трае.
Тука е и аферата „Траекторија“ за кинеските автопати, кој почна во декември .2017 година и е со само тројца обвинети, бидејќи Никола Груевски побегна, а кој нема видлив крај. Во меѓувреме, на Груевски и му застаре делото. Овој случај го води судијата Горан Бошевски.
Можеби досега ќе имаше правосилна пресуда и за Ејуп Алими и Исмет Гури, високи функционери од ДУИ, ако вишиот обвинител Диљавер Бектеши не го држеше предметот и не му го враќаше на Апелациониот суд Скопје, исто така потсетуваат колегите кои не пијат кафе во Мериот.
Впрочем, истрагата „Империја“ која почна уште во 2018 година, каде што првообвинет за перење на над 15 милиони евра е Орце Камчев, а втор е Мијалков, заглави на вештачење кај професори на Економскиот факултет. Кога ќе почне ова судење, ако воопшто некогаш почне, овие поротници сега што се, сигурно ќе бидат пензионирани. И тие пак ќе бидат одложени. Дали треба да помислиме дека тоа е случајно и дека на вештачењето треба да се гледа благонаклоно?
Не може да се возхитуваме од тоа што некои судии како Кацарска ќе направат исчекор. Проблем е во тоа што засега кочничарите ги има многу и на сериозни позиции.