Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„ПО СВАДБА ТАПАНИ“ НЕ БИВА

July 31, 2018 Filed Under: Македонија

Само поништување на конкурсот ќе ја ублажи политичката штета. Повикување на екстра услови надвор од конкурсот во интерес на кредибилноста е она што во народот е познато „по свадба тапани“

ТЕОФИЛ БЛАЖЕВСКИ

СЕ БАРА ВИСТИНСКА МЕРКА Јован Деспотовски, директор на ФИТР

Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој даде изјава во врска со неодамнешниот прв конкурс за државни субвенции за компании во која сметаме дека има извртена вистина односно спин:

Спин: Ги повикувам сите 79 компании од првиот инвестициски бран, во рок од 15 дена да достават изјава во којашто ќе се изјаснат дали имаат во својата сопственичка структура лице коешто е носител на јавна функција, или член на негово потесно семејство. Фондот за иновации не е истражна агенција, сопственичката структура не е критериум за одлучувањето, меѓутоа во интерес на транспарентноста и кредибилитетот на целиот процес, ги повикувам сите компании самите да се декларираат дали имаат некој кој е носител на јавна функција. За оние компании коишто ќе го декларираат тоа, како директор на Фондот, согласно насоките што ги добивме од премиерот, ќе побарам од Комитетот за одобрување инвестиции, кој е независно тело, повторно да ги разгледа апликациите и да проверат дали апликантот ги исполнува критериумите.

Контраспин: „Не се прави Силвана Бонева и порачаа граѓаните на Цветанка Ласкова“ – е само еден во низата текстови објавени во медиумите во врска со резултатите од првиот конкурс за државни субвенции на Фондот за технолошки развој, кој беше тежок над 10 милиони евра.

Освен ова, социјалните мрежи, особено Фејсбук и Твитер, се преполни со негативни коментари во врска со тоа што меѓу оние кои биле избрани да ги добијат државните пари се и компаниите во кои делумни сопственици се вицепремиерот Кочо Анѓушев, пратеникот на владејачкиот СДСМ, Хари Локвенец и снаата на советничката за култура на премиерот Зоран Заев, Цветанка Ласкова.

Сосема е јасно дека директорт на Фондот за технолошки развој Јован Депостовски е ставен во непријатна ситуација, зашто да не беше откритието на медиумите за тоа дека меѓу компаниите добитнички на грантови има и такви кои се поврзани со носители на јавни функции, тој немаше ниту да размислува за построги критериуми за следниот круг грантови.

Но, наместо власта и тој како директор на Фондот чесно да ја признаат грешката во врска со поставените критериуми кои не подразбирале и критериум околу судир на итнереси, Деспотовски на прес-конференцијата во Владата на РМ вели:

… во интерес на транспарентноста и кредибилитетот на целиот процес, ги повикувам сите компании самите да се декларираат дали имаат некој кој е носител на јавна функција.

ПРЕМНОГУ БИЗНИСИ Кај вицепремиерот Анѓушев има премногу бизниси за да нема „очешувања“

Јован Деспотовски не е човек кој дошол туку-така на високо одговорна функција на едно помошно тело на Владата кое управува со големи средства, па да се правда дека тој не е оној којшто треба да каже дали имало судир на интереси или не во конкретните случаи. Тоа го покажува и неговото кратко CV ставено на сајтот на Фондот.

Токму затоа, тој нема што да размислува за судирот на интереси, за што, впрочем, постои и соодветен закон, туку во целиот процес на распишување на конкурсот, како прв човек на Фондот, требало да преземе чекор, мерка, да го спречи овој можен конфликт и сенка што падна врз чесна намера да се помогне домашното стопанство, иновативност и технолошки развој со не така малку државни пари. Иако, можеби таква веќе и постои и во постоечкиот Правлник на Фондот за управување со средствата за 2018 година, а ако не постои токму во тоа е и пропустот.

НЕ СУМ ФУНКЦИОНЕР Цветанка Ласкова како функционер тврди дека не е баш функционер

Затоа, зборовите дека сега наново ги повикува компаниите да се изјаснат дали имаат судир на интереси по основ на сопствеништво – критериум кој го немало во оригиналниот конкурс, а „во интерес на транспарентоста и кредибилитетот на целиот процес“, е извртена вистина, односно спин. Дотолку повеќе што која било компанија може правно да спори за наметнување на нов критериум…

Процесот во целина е веќе компромитиран, а за истиот истрага најави и Основното обвинителство за организиран криминал и корупција. И, ниту една друга мерка освен поништување на конкурсот, нема да даде поделотворни резултати, бидејќи на тој начин политичката штета ќе биде најмала, а вистинската штета ќе ја претрпат компаниите, кои ни криви ни должни ќе загубат некој месец плус за да ги добијат средствата на граѓаниите.

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.Опремата е на Глобус

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet