Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПО ТРИ ГОДИНИ СУДЕЊЕ ЛИДИЈА ДИМОВА ДОБИ ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР

September 24, 2025 Filed Under: Македонија

Осудената процени дека пресудата од нејзината осуда имаат добивка и двете големи партии.

СУД Од обвинителниот акт за две кривични дела Димова е ослободена од едното а осудена за другото

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години.

Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, ги ослободи Димова за делото измама, како и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Димова со нестручно и несовесно постапување овозможила противправна имотна корист на трети лица со што е направена штета од 2,818 илјади денари на Европските фондови.

Во делот на измама на штета на европски фондови не е опишан начинот на кој е извршено делото и не е јасно наведено на кој начин, дали и како биле искористени лажните податоци. Без вакви елементи недостига основ на делото измама и судот беше спречен објективно да оцени дали обвинетата пропуштила и дала невистините податоци и со тоа предизвикала штета на фондови на ЕУ. Судот во тој дел беше должен да донесе ослободителна пресуда, рече судијката.

Застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.

Обвинението против Димова е поднесено во јуни 2022 година.

Според Обвинителството Димова, во периодот од 2018 до 2020 година, како одговорно лице – директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, со намера за друг да прибави значителна имотна корист, ја злоупотребила својата службена положба и овластување и постапила спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Непочитувајќи ги начелата на законитост, еднаквост и јавност, без да објави јавен конкурс, не постапила совесно, стручно и непристрасно и ги дискриминирала потенцијалните кандидати, овозможувајќи повластување на повеќе надворешни лица со кои склучила поединечни договори и ги ангажирала како соработници, експерти, обучувачи и др.

– Не сум многу изненадена, особено затоа што во последните две-три недели ги воскреснаа магарињата што се тренирани и мислам дека ова е уште една политичка игра, со таа несреќа што во овој случај двете страни и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат корист за тоа јас да бидам осудена – изјави Димова.

 

Filed Under: Македонија

МAKЕДОНСКИ БЛОК 2025: ДОМИНАНТНИТЕ НАРАТИВИ ПРОШИРЕНИ И НАДГРАДЕНИ
ФЕМИЦИДОТ Е ПОРАКА ДО ИНСТИТУЦИИТЕ
ТРАМП, АНТИФА И ХРВАТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА: ПОЛИТИЧКИ ТОП НАМЕНЕТ КОН НВО СЕКТОРОТ
КОТЕВСКА: „СИЛЈАН“ МЕ УБЕДИ ДЕКА НАЈДОБРО ЗНАМ ДА РАСКАЖАМ ПРИКАЗНА ЗА МАКЕДОНИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (145): ЗОШТО СЕ ПРОВОЦИРА НАТО?

Најново

  • МAKЕДОНСКИ БЛОК 2025: ДОМИНАНТНИТЕ НАРАТИВИ ПРОШИРЕНИ И НАДГРАДЕНИ
  • ФЕМИЦИДОТ Е ПОРАКА ДО ИНСТИТУЦИИТЕ
  • ТРАМП, АНТИФА И ХРВАТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА: ПОЛИТИЧКИ ТОП НАМЕНЕТ КОН НВО СЕКТОРОТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet