Со првостепена пресуда кај нас ексдиректорите на оваа фирма добија по 8 години затвор. Иако имаше и своја меѓунаросдна епизода во САД кај нас слулчајот дремеше во судските фиоки
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/generalniot.jpg)
Дали гласовите за отворање на црната листа на корупцијата за наши вршители на јавни функции од страна на Стејт дипертментот го отори случајот со обвинението за корупција на тројца директор на „Маѓар телеком“? Најмалку две владеачки коалиции овој предмет го држеа неактивен, за сега, според сознанија на БИРН лицата Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас да се прогласат за виновни во случајот „Маѓар телеком“, од страна на Кривичниот суд. Сите споменати се неправосилно осудени на по осум години затвор. Обвинетите треба солидарно во буџетот да вратат еден милион евра, односно над 67 милиони денари затоа што несовесно работеле во службата.
Имено, според пресудата, тие го оштетиле буџетот и склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарска консултантска куќа.
Според медиумите кои го истражувале случајот овој предмет дремел во нечија фиока најмалку пет години.Кога почнало судењето во отсуство на Сендреј и другите обвинети, половина од закажаните рочишта се одложиле. Се смениле тројца судии и тројца обвинители.! Друга била приказната кога започнало да функционира сега згаснатото СЈО а предметот го зела обвинителката Лиле Стефанова.
Обвинетите, сосема јасно, не се достапни за судот и државата ги барала со потерница, но никогаш не ги обезбедила. Унгарија е секако добро позната на нашата јавност за тоа како „херметички“ ги чува своите граѓани, но и бегалци од земјава (афера Груевски).Многу е беројатно дека на пресудата ќе има жалба.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/sudewe-za-kleveta-vo-skopje.jpg)
Она што во овој случај е секако скандалозно е фактот дека интернационалната димензија на „Маѓар телеком“ имаше своја епизода во еден њујорши суд. За ова Глобус многу пати пишувал!, Особено заради сведиочењето на некогашниот поранешен полицискифункционер Слободан Богоевски, чие сведочење вов просториите на американската амбасада (екстериторијален простор) беше клучно за американските судии на кои не им се допадна наклонетоста кон давање на мито на рајководителите на оваа компанија, со свои филиујали и во САД.
Тој тврдеше дека тројца македонски политичари биле подмитени со 7,5 милиони евра за да не дозволат либерализација на телекомуникацискиот пазар.
Тие лица – македонските политичари „В.Б.“ и „пријателите од Тетово А.А. и М.Џ.“ – како што стои во нашите документи се именуваните во њујоршлкиот процес Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери, според нашите медиуми ќе се знае откако правосилно ќе заврши предметот на денес неправосилно осудените тројца Унгарци.
Но, факт е дека двајца од тројцата функционери сами ги отворија своите имиња за јавноста (Ахмети и Џафери) кога пред наши судови го обвинија за клевета Богоевски. Тој предмет исто така се влечкаше по судовите, но Богоевски го доби процесот лани! Ова секако јасно влиаеше во јавноста за раширеноста на корупцијата во земјава.