Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРАЗНА ГЛАВА И КРВАВА РАКА

October 27, 2021 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Враќањето на тие стравови не е симпатично откритие. Имаш впечаток дека уште еднаш околу тебе започнува ужасен заговор, за да те грабне и да те предаде на слепите сили на Колективноста и Историјата. Зборовите, поимите, се тогаш добива друго значење, моралот, науката, разумот, логиката, се се станува орудие на некоја друга доминантна идеја, се е обземено од тој вкус, сите сакаат да те освојат, да те запоседнат

Како тоа Европа-не онаа географската туку духовната – се уште го издржува туркањето на незаситните ферменти кои имаат пред себе само една цел: да се пробијат на Олимп, или да го уништат? И тоа има лош вкус-тоа што вишоста на духот и интелектот, плодот на развојот, не може да смета на внимание, почитување и благодарност, туку станува предмет на страстна желба, на дивата стрвност кои го сакаат неговото место и неговите почести. Непријатниот вкус на таа валкана работа која со мешавина на страсти и лаги го заменува посветениот напор за кој не се способни.

Бофл. Нека да додадеме, и нечуена наивност за која тоа „создавање на новите култури” – е лесно.

Гомбрович се сеќава како во возот од Виена до Тревизо, во 1938 година некои луѓе се опивале од крахот на трулата Европа и надоаѓачкиот триумф на новиот дух (како некои Македонци по првиот круг од локалните избори, м.з.). На немоќта пред другиот јазик, „нивниот” јазик. Таа зачуденост што бофлот може да биде така силен и нападен. И нападното стравување дека квалитетот на паролите, вистините, идеологиите, програмите, нивната смисла, нивната вистинитост, немаат тука никакво значење, зашто тоа не служи за нешто друго; освен на единствената важна работа – освен за собирањето на луѓето, на создавањето на маса, масовна сила, креативна сила. Ах, ах, да не се биде ништо повеќе, само свое „јас”- како е тоа убаво. Знаеш дека стварноста – е твоја стварност. Далеку си од пелтечењето, вревата, опијанетоста, лажењата, декламациите, теророт…

Враќањето на тие стравови не е симпатично откритие. Имаш впечаток дека уште еднаш околу тебе започнува ужасен заговор, за да те грабне и да те предаде на слепите сили на Колективноста и Историјата. Зборовите, поимите, се тогаш добива друго значење, моралот, науката, разумот, логиката, се се станува орудие на некоја друга доминантна идеја, се е обземено од тој вкус, сите сакаат да те освојат, да те запоседнат (Или да те убијат, како во Македонија 21). Каква е таа идеја? Залудно ја бараш, не постои, постои единствено самата Групноста, ништо повеќе, собирањето на луѓе, маса, суштество создадено од масата, кое ја изразува масата.

Главата на тоа суштество е празна, а неговата рака е спремна да убие во името на детството. Продолжетокот на глупоста за која тој фантазирал е окрвавен бајонет.

Filed Under: Колумни

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet