Во 2020 година, со фанфарите без да знаеме влеговме во зоната на опасната и се уште не до крај позната болест. Во следнава година влегуваме со скромна надеж дека е најдена вакцината со која привремено ќе ја релаксираме борбата проти ковидот-19. Двете ситуации ги поврзуваат обичните луѓе кои научија на да се прилагодат на секоја од шокатните сцени на сеприсутноста на болеста и смртта и да го одржуваат тој dance macabre- тие велат дека заработуват колку засеге и најблиските и дека не треба да им ги рушиме системот во кој тие си ја имаат своја крава за молзење
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Чекајќи да ми мине последниот ден во една скопска болница, после една од многуте битни на средно заболените од ковид-19, ја следев со големо внимание емисијата во кој готуваше д-р Нико Беќаровски. Тој ја раскажа приказната за својот познанинк – самостоен вршител на професија (занаетчија, нели) – кој секој ден ден со авотобус оди на работа, до својот дуќан, врши услуги и си заминува дома на крајот на денот. Заработува таман колку што треба да преживее и речиси е тоа премногу секодневна и здодевна приказна ако во себе не крие некаков „штоф“ како за хорор на Стивен Кинг.
Имено, овој скопски берберин бил болен „до даска“ од ковид подого време и на барање на лекарот одбил да се подвргне на лекување! Заболениот рекол дека барањето на лекарот е насочено против егзистенцијата на нетовите најблиски и дека тој им потпишува небаре смртна пресуда ако го го „осуди“ на престој во болница. Кој ќе работи тогаш – било потпрашањето!
Значи за овој сограѓаин, какви што има илјадници, можеби и на десеттици илјади, секој ден влегува и излњегува во нашите задуќливи автобуси, ја пренесува заразата во таа а,тмпсфера несомнено. Потоа ги стрижи и бричи своите муштњерии низ пороцесдура која подразбира близок физички контакт, значи и супер лесна трабснисија на ковидот. Можеби и егзекуторите на Роберспиер секој ден мирно ги пакувале своите работни торби и заминува на своите „секојдневни должности“?! Тие научиле само едно: дека за да не станеш жртва треба да замижеш над опна што секој ен го работиш: еде, пет, десет помалку меѓу живите ама затоа ти си „свој на своето“. Еднставно, што да се правиш, нема правда и се така … во еден континууум во кој луѓето стануваат бројки на заболени и починати.
Во меѓувреме во општеството се создава драматика од кој боли глава, се делат цели семејства и улици, онака „политички“- имало или немало правилна здравствен политика, зошто бројот на креветите е не доволен, каде ни заминаа лекарите и сестрите…Мотиви за сериозни кавги секако имаше во изминатите осум месеци колку и да сакаш, но нашиот бербер мирно си сднува секое утро на своето автобуско седиште, ако има слободни, ако нема ќе дише некому во врат и ќе продолжи со својот дневен танец на општата загроза.
Зад политичката сцена, полна со страсти и емоции постојат нашите скопски бербери. Тие мирно си ја вршат својата работа. Како што вели Стивен Кинг- мирно почекајте работите да започзнат да се остваруваат. Послен сето тоа е се многу полесдно, верувајте!
Во лседната година е можно берберите да добијат силна конкуренцуија! Доаѓаат производитена некоолку фармацеутски компании. Навистина локалните наплатувачи на данокот на смртта и овој пат ќе ја имаат зад себе целата онаа маса на антиваксери, сеирџии и ширачи на скепса од било кој вид, особено оние кои во се ќе гледаат приватен бизнис па хаосот ќе има свои балансери.
Колку ќе можат здравстфвените власти и оној мал слој на објективни медиуми да ја пооодржат борбата против последнта ачума?
Во пропагандната битка власта засега ја изгуби првата серва. Но тешко е да се верува дека тоа објективно не прави како земја во реална добивка или зијан! Факт е дека македонските граѓани на почетокот на идната година, најверојатно во февруари или март, ќе можат да ја примат вакцината за Ковид -19. Вакцинирањето ќе биде бесплатно и на доброволна основа. Приоритет во вакцинирањето ќе имаат сите здравствени работници од ковид-центрите и оние коишто работат со заболени или сомнителни пациенти со коронавирус. Децата не се предвидени за вакцинирање.
Министерот за здравство Венко Филипче по состанокот со Координативното тело за вакцини за Ковид-19, неодамна инфомираше дека по здравствените работници и оние кои земаат брисеви и се изложени директно на зараза од коронавирус, на ред за вакцинирање ќе бидат граѓаните со над 65 години и пациентите со хронични болести, во делот на хронични белодробни и кардиоваскуларни болести, вработените во критичната инфраструктура и во транспортот. Забелешка: вакцината ќе се дава само на пациенти во добра општа здравствена состојба. И оние коишто го прележале коронавирусот ќе можат да се вакцинираат, но тие нема да бидат меѓу приоритетните групи. Целта е 60 до 70 проценти од популацијата да ја прими вакцината, што би било доволен процент за стекнување имунитет.
Според надлежните потребно ќе биде да се примат две дози од вакцината. по примањето на првата доза, ќе треба да помине 21 ден, по што ќе може да се прими и втората дома. По дваесет и првиот ден се очекува заштитниот ефект на вакцината. Заедно со вакцините, на почетокот на јануари во земјава треба да пристигнат и специјалните фрижидери во кои ќе се чуваат вакцините против Ковид-19 на минус 70 степени. Тие преба да пристигнат од САД.
Колкав ќе бед опфатот на бројот на вакцинирање?
Веќе се обезбедени 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани, преку Ковакс-механизмот на СЗО и на Глобалната алијанса за имунизација, а во кои учествуваат сите соседни земји, освен земјите членки на ЕУ, кои имаат можност за директен договор со компаниите кои произведуваат и дистрибуираат вакцини. „Дополнителна количина ќе можеме директно да набавиме од ‘Астра Зенека’ и од „Фајзер“. Добивме понуда и од Полска и од Грција, од каде грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му ги понудил на премиерот Зоран Заев и од нив се обезбедени дополнителни околу 800 илјади вакцини“, вели министерот Филипче.
Набавната цена на вакцината што ќе ја плати државата е 10 долари за доза.
„Епидемијата е се уште многу силна. Има голем број заразени. Пред нас претстои период на семејни собири и слави. Апелирам и замолувам сите да се воздржиме од прослави и собири. Сигурен сум дека следната година новогодишните и сите други празници ќе се слават како што тоа било порано, но оваа година сите да ги почитуваме мерките и да не се групираме заради тоа што тоа е најефикасниот начин на спречување на патот на заразата“, рече Филипче.
Кон иднината здравствените власти секако мора да гледаат со розеви очила. Оној споменат берберин нив не ги симнува од очите.