Лично ако мене ме прашувате, мислам дека актуелната мешовита комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ – рече премиерот. Оваа констатација секако веќе предизвикува негативни одгласи во Софија
Изјавата на премиерот Мицкоски дека ќе ја менува Историската комисија, бидејќи сегашната не ги штитела националните интереси хги возбурка духовите, како кај нас а уште повеќе во Софија. Навистина, премиерот негира дека промените имаат политичка заднина, но вели дека новата влада има право да направи нов избор. Со секој член на ова тело се прават времени договори кои сега истекуваат и ова е секако прилика за тоа новата влада да демонстгрира сила и по ова прашање што е повеќе од кадровско!
Премиерот Христијан Мицкоски на старот на неделата во изјава за медиумите најави дека во периодот што следи ќе има кадровски промени во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Според него актулниот состав на зедничката историска комисија од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси. Негира дека промените имаат политичка заднина.
„Лично ако мене ме прашувате, мислам дека актуелната мешовита комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ. Инаку, да – логично е кога имате нова влада да има и промени во одредени институции, не гледам тука зошто би имало политика. Нормално е дека нова влада, нови луѓе коишто управуваат со новата влада, да има и кадровски промени. Не гледам тука што е страшно“, изјави Мицкоски, која беше на манифестацијата по повод роденденот на Мајка Тереза.
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство потпишан на 1 август 2017 година. Во состав на комисијата се историчари и професори од двете земји. Македонскиот тим го предводи академик Драги Ѓорѓиев, член на МАНУ и професор на Институтот за национална историја (ИНИ) на УКИМ.
Ко-претседателот на македонската страна во Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања од македонска страна, Драги Ѓоргиев, потврди дека на 15 септември истекува нивниот мандат во мешовитата македонско-бугарска историска комисија и дека тој нема да потпише нов договор.
„Јас лично веќе и не би го продолжил договорот, но ете и очигледно е дека ќе има промени во Комисијата и дека Владата ќе назначи нови членови, според изјавите на премиерот. Но, искрено и малку се заситивме“, вели академикот во изјава за РСЕ.
На средината на август тој се сретнал со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за да го запознае со досегашната работа на комисијата, но како што вели, „на средбата не стана збор за промени во составот“. Во комисијата инаку има по седум члена од двете страни.
Комисијата годинава одржала три состаноци и засега нема напредок, се разговара околу прашањата врзани за Средниот век, а на средбите се дискутирало за содржината на учебниците по историја за основното образование кои го третираат периодот Среден век.
За разлика од некои медиуми, инаку провладини, кои тврдат дека Комисијата до сега немала промени треба да се каже дека тоа не е вистина. Имало и тие не биле мали. Најпрвин, Комисијата од лични причини ја напушти Дарко Стојанов кој го покриваше подрачјето на предисторијата и да речеме не беше дел од спорните прашања. Заради одење во странство тој замина. При еден преоден рок во Комисијата не остана ниту историчарот Александар Лешпавцев, кој џсе смета за стручњак за периодотт на Втората светска војна и оној потоа а на негово место дојде неговиот колега Исамедин Азизи. Потоа во Комисијата влезе и синот на литературниот критичар и теоретичар Атанас Вангелов – Огнен.
ПОбурна беше следната смена, кога министерот за надворешни работи Бујар Османи одлучи да се прекине договорот со професорот Ванчо Ѓоргиев, кој беше член на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања и кој претходно најави оставка од Комисијата, како што напиша, поради директни мешања на висок функционер од МНР во работата на Комисијата. Министерот Османи тогаш најави истрага во врска со обвинувањата на Ѓоргиев, а откако се покажале како неосновани, одлучил да го смени.
Како стручњак за доцно османлискиот период во Комисијата влезе и Димитар Љоровски. Инаку во составот на истата постои член кој ниту еднаш, наводно, не дошол на состаноците а не е историчар по професија!