Видливо е дека во игра остануваат главно познатите писателски имиња, со многу мали исклучоци. Следната селекција треба да се случи последниот петок во месецов
Според соопштението на жирито на наградата „Славко Јаневски“ кое бира најдобар роман издаден минатата година направена е првцата селекција во која список од 38 дела е сведен на 20 наслови. Тоа се следните:
- „Молчи со отворена уста“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или -Или“
- „Александар и Клеофила“, Паскал Гилевски, „Панили“
- „Под друга капа“, Владо Јаневски, „Магор“
- „Црна шума“ , Симеон Јанков, „Ми – Ан“
- „Како станав Амадеус“, Трајче Кацаров, „Силсонс“
- „Правта на библиотеките“, Митко Маџунков, „Три“
- „Мрежата на Мамли“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
- „Пагански времиња“, Драги Михајловски, „Просветно дело“
- „Песот со тажен поглед“, Оливера Николова, „Матица македонска“
10.„Сивиот плоштад“ – Сашо Огненовски, ПНВ Публикации
- „Мемоари на задоцнетиот романтичар“, Божин Павловски, „Матица македонска“
- „Краста на душата“, Владимир Плавевски, „Магор“
- „Вилино“, Винка Саздова, „Три“
- „Последните денови на Ханс“, Михајло Свидерски, „Или -Или“
- „Цариградски емигрант“, Луан Старова, „Три“
- „Години од слама“, Братислав Ташковски, „Панили“
- „Аб’т“, Оливера Ќорвезироска, „Или -Или“
- „Вергина“, Јана Узунова, „Или -Или“
- „Ура, Арал!“, Тања Урошевиќ, „Темплум“
- „Приказни за госпоѓица Сит“, Билјана С.Црвенковска, „Чудна шума“
Како што се гледа во списокот се главно дела кои се од реномирани автори, речиси без исклучок. Може да се рече дека Билјана Црвенковска е своевиден дебитант кога се работи за книги за возрасни. Тука е и романот на Јана Узунова „Вергина“ кој е дебитантски, кој говори за еден измислен град што многу заличува на Скопје. Битолчанецот Михајло Свидерски влегува со својот втор роман ( „Последните денови на Ханс“) е млад човек кој ни доаѓа од Охајо, каде живеел едно врема, чиј прв роман „Бели и црвено“ беше преведен на бугарски!. Меѓу помалку познатите писатели кои влегоа во вториот круг е уште еден битолчанец- Сашо Огненовски, кој е драмски актер, но и автор на театарски ткстови (драми), но ова му е прв роман.. Дебитант кој влезе во вториот круг е и Симеон Јанков со „Црна Шума“
Следната селекција треба да се случи за десеттина дена, поточна на 28 февруари, кога бројот на избраните дела треба да се сведе на 10. Слдната „кастрација“ ќе биде по една недела кога ќе останат само пет романи за по една недела да се случи прес конференцијата кога жирито ќе ја соопшти конелчната одлука.
Да се потсетиме дека овогодишното жири го со члинуваат Николина Андова Шопова (претседател), , Милован Стефановски, Весна Мојсова Чепишевска, Славе Ѓорго Димовски и Катерина Богоева. Наградата изнесува 150 илјади денари и плакета која ја спонзорира Комерцијална банка.