Претседателот на државата, како врховен командант вели дека тоа прашање не е поставувано и нема да се постави. Какви се светските искуства?
Една од вестите што прдизвикаа полемики, пред се кафеански е изјавата на началникот на ГШ на АРМ дека има потреба од враќање на воениот рок во Македонија, Генералот Ѓурчиновски оваа идеја ја изложи во гостување на ТВ 21..
„Категорично ќе кажам да, има потреба. Знам дека на одредена популација можеби ова нема да им е популарна мерка. Има потреба од причина што 3 или 4 месеци служење на задолжителен воен рок, на пример, за машката популација, доколку се воведе, не мора да стартува веднаш. Може првите година, две да бидат преодни, па да се започне од 2025 година на пример.
„Зошто да не и женскиот пол, доброволно, да може да служи три месеци воен рок“, рече Ѓурчиновски.
Република Северна Македонија има професионална Армија, согласно потребите на земјата. Стратешка одлука која ќе продолжи да се применува и во иднина, исполнувајќи ги обврските како полноправна членка на НАТО, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Тој во одговорот на прашањето на МИА, да го изнесе неговиот став во врска со вчерашната изјава на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој предложи враќање на задолжително служење на воениот рок, одговори дека државниот врв не ја разгледувал можноста за враќање на задолжително служење во Армијата, ниту во изминатиот период, ниту пак таква можност е отворена за во иднина.
Во катаректистичниреакции јаиздвојуваме онаа на „Охрид њус“ кој оваа идеја ја нарече по народната -„просо сонила гладна кокошка“, и објаснува и зошто:
1.Целокупната гарнизонска инфраструктура која АРМ ја наследи од ЈНА е уништена и, од тој аспект нејасно е на која локација би се сместувале „регрутите“?!
2.Реорганизацијата на АРМ кога целокупното гранично работење премина во МВР, како и укинувањето на задолжителниот воен рок и професионализацијата на АРМ, беа само мал дел од онаа западна теза дека на Македонија не и е потребна голема армиска бројка, мала држава сме биле и останато…
- Со фамозните три месеци обука државата освен што ќе претрпи финансиска штета, де факто нема да обучи ниту еден млад човек да биди добар познавач на воени вештини и доктрини. Изјавата на Васко Ѓурчиновски, дека истите тие регрути би биле вклучени во случај на пожар, поплави, земјотреси, секако вели медиумот е практично краток курс за Заштита и спасување, нешто за што имаме државна институција која е под раководство на Стојанче Ангелов.
Оваа идеја непосредно пред тоа беше ифрлена и од воените власти на соседна Србија, да се потсетиме. И таму младите луѓе не реагираа особено воодушевено, па и медиумите изразија скепса. Главниот уредник на белградскиот Недељник – Вељко Лалиќ ги изнесе следните аргументи: во Србија има 5,4 милиони граѓани кои би влегле како опција дадат регрути за враќање на задолжителниот воен рок. Во Србија има 2,7 милиони мажи на воена возраст. Од укинувањето на задолжителниот воен рок во Србија, 10.000 мажи и жени сепак доброволно отишле во војска!
Дали ви треба поголем коментар од овој? – прашува уредникот.
Бев во војска, иако кога бев регрутиран имав поголема диоптрија од сегашниот министер на армијата на едното око, а имам и женско дете, така што таа приказна не ме засега многу.
Единствено што ми пречи се глупостите што се кажуваат. Каде цела Европа служи војска? Зошто воените аналитичари не велат дека во Норвешка помалку од 25 отсто од регрутите се приклучуваат на армијата, а во Русија помалку од 20 отсто? Дали сакаме повторно да ги малтретираме најсиромашните и најчесните граѓани? Дали и вие како мене познавате еден куп луѓе, главно оние полни со патриотизам, кои платиле да не одат во војска? Или нивните мајки им платиле.
Како инаку да се соблечеме? Дали се преправаме дека сме луди или сме навистина луди?
Која е поентата на целосна мобилизација, ако не се подготвувате за светска војна? Не победи Хрватска во 1995 г. по американската обука, и таканаречената полковничка војна, во која командата се дава на терен, наспроти нашиот старомоден пристап на Генералштабот на ЈНА.
Што научи некој од вас во војска? Можам да мислам само на некое цик-цак трчање за да не го погодам тој пред мене, иако не би можел да го сторам тоа без грешка ако го повторам. Местење кревет се учи во градинка, другото дома, а денес ви требаат 20 минути на YouTube за да ги расклопите калашњиковите.
На крајот на краиштата, ние сè уште имаме воен рок! Не разбирам што е проблемот со овие 5,4 милиони луѓе кои се за враќање на задолжителниот воен рок, но кои очигледно го избегнуваат.
Во кои западни земји можете да аплицирате за воена служба наместо за професионална служба?
Зарем тоа не е проблемот на нашата армија? Ако е точно дека враќањето на задолжителниот воен рок би не чинело 100 милиони евра, тогаш тоа се по 10.000 евра за секој од 10.000 професионални војници. А што ако навистина се 700 милиони колку што пресметаа од Менса?
Дали би спиеле помирно ако ве чуваат регрути или професионална војска со плати од 2.000 или 7.000 евра?
Затоа што воопшто и беше целта на комунистичката армија, освен да го разбие индивидуализмот на секој поединец и да го подготви за колективот на авторитарниот режим – прашува Лилиќ.
Зошто да се туширате еднаш неделно, како да нема вода? Зошто затворска храна? Зошто да ги извршувате најглупавите задачи или да ги слушате политичките говори на воените комесари?
Никогаш не бев посреќен како кога легнав во креветот на моето прво отсуство. Тоа беше најчистиот, најубавиот и најголемиот кревет на светот. Затоа, за неколку месеци сфатив колку малку е потребно во животот. Не барајте повеќе, не протестирајте, не мавајте, не барајте…
Како да сте се вратиле од затвор, иако не сте направиле ништо во животот за да одите во затвор.
И уште нешто, ако Србите веќе толку масовно се за задолжителен воен рок, тогаш тој треба да биде задолжителен за сите! Како што некогаш Савиќевиќ и Панчев добија три дена одмор за мечот со Милан, така утре Вулин ќе мора да го испрати Никола Јокиќ во војска. Ако тоа е во ред со тебе, во ред е и со мене – заклучува тој.
Каква е атмосферата во другите европски земји по ова прашање? Констатација на аналитичарите – има многу причини зошто ретко кога се враќа воениот рок, а на прсти може да се избројат земјите кои ја укинале таа обврска, па се предомислиле, па дури и во оние каде таа обврска не е укината и кои се горди на својата воена традиција, младите особено се воодушевени што на тоа ја загубија својата најдобра година или две од животот.
Каква е ситуацијата, на пример, во Франција? За време на претседателската кампања, претседателот Емануел Макрон најави воведување, односно враќање на „универзалната национална служба“, според која сите 16-годишници ќе поминат обука во период од шест до девет месеци. Првата фаза би била задолжителна и би траела еден месец, а фокусот во тој период би била граѓанска култура, работа со добротворни институции и основна воена обука. Следната фаза би била на доброволна основа. Франција ја укина задолжителната воена служба во 2001 година.
Шведска ја укина задолжителната воена служба во 2010 година, но во 2018 година воениот рок беше вратен на околу 4.000 регрути годишно. Тоа значи дека вкупно четири отсто од младите служат војска.
Кога младите Австријци ќе наполнат 18 години, тие треба да изберат помеѓу шест месеци воена обука или девет месеци државна служба. Во 2013 година се одржа референдум за воведување професионална армија, а Австријците го отфрлија со 59,7 отсто гласови.
Како што може да очекувате, во Белорусија постои задолжителен воен рок и тој трае 18 месеци за младите без факултет и 12 месеци за оние кои завршиле факултет (како кај нас во последните години од постоењето на ЈНА). Во 2013 година, Министерството за одбрана на Белорусија се пожали дека не може да собере доволно регрути. Најпопуларниот начин да го избегнете е да одите во Русија на неколку дена додека бараат регрути. Е, сега тоа може да биде ризично.
Во Кипар постои задолжителната воена служба и таа трае 14 месеци.
Данска има воен рок трае од три дена до 14 месеци. Во 2017 година, 48 отсто од Данците беа ослободени од војска, а вкупно околу 20 отсто од данските мажи служат војска. Според анкетите на јавното мислење, околу 66 проценти од Данците се против укинување на воениот рок!.
Достра е построг системот во Финска. Таму постои задолжителен воен рок за мажи од сите возрасти. Околу 80 проценти од Финците служат воен мандат кој трае од пет месеци до една година. Според тоа Финска е на врвот заедно со земји како Израел, Јужна Кореја, Турција, Естонија и Северна Кореја.
И во Грција воениот рок е задолжителен, иако до пред неколку години се размислуваше за негово укинување. Постарите од мажите над 35 години кои од некоја причина о отслужиле воениот рок може да бидат ослободени од него доколку платат 8.500 евра.
Јасно, задолжителен е воениот рок за Евреите, Друзите и Черкезите, но арапските граѓани на Израел не смеат да се приклучат на војската. Околу четвртина од регрутите се ослободени од воен рок.
Норвешка формално има задолжителен воен рок, но реално тамошните воени сили примаат вкупно 10.000 регрути годишно, односно нешто повеќе од 27 отсто од потенцијалниот број на регрути.
Швајцарците се горди на својата воена историја, иако задолжителната обука (18 или 21 недела основна обука) ја завршуваат меѓу 60 и 65 проценти од Швајцарците, додека други ја избегнуваат. На референдум во 2013 година, Швајцарците го отфрлија укинувањето на задолжителниот воен рок. Оние кои поминале воен рок минуваат неколку викенди годишно на вежби!
Во Русија, актуелна со својата делумна мобилизација на оние кои минале обука има задолжителен воен рок трае 12 месеци, но многумина го избегнуваат бидејќи според локалните закони, отслужувањето воен рок може да го одложат или избегнат самохрани татковци, татковци на две или повеќе деца, старатели на малолетници… Од околу 150.000 млади мажи би требало годишно да облечат униформа но околу половина од нив го избегнуваат.регрутирање на некој начин, а помалку од една петтина всушност влегуваат во касарна!.