Демократите сега во САД имаат предност во Конгресот и можат да го „препрочитаат“ договорот за слободна трговија меѓу СА, Канада и Мексико. Важно е дека не е се слошо во преговорите кои ги водеше Трамп. Со цл да не му бега капиталот, тој издејствува скок на цената на трудот во Мексико, на пример
ЛОРИ М. ВАЛАХ
Новиот текст е веројатно најдобар во однос на пазарот на трудот. Една клаузула за пристапот кон олеснувањето на трговските договори содржи дополнителни барања во однос на исплата на вработените. На пример, во производството на возила кои ги исполнуваат условите за северноамериканскиот автомобилски пазар, меѓу 40 и 45 отсто од нивната вредност треба да бидат приофите за работниците кои ќе се платени најмалку по 16 долари (14 евра) по час. Во принцип, 75 отсто од вредноста на возилата што треба да се произведува во Северна Америка се врзуваат со цената на труот!?
НАФТА предвидуваше, кога се работеше за трудот, тој да вреди меѓу 45 и 62,5 отсто. Во отсуство на достапни податоци, не е јасно дали и до кој степен овие критериуми ќе доведат до зголемување на платите или ќе има преместување на производството, или дали тоа ќе влијае на синџирот на снабдување. (Претпоставуваме дека Трамп посакув ал мексиканските работници да добиваат повисоки плати, за сопствениците на капиталоѕ да ги вратат фабриките за автомобили во САД! – н.з.).
Во секој случај, Советодавниот комитет за труд сметаше дека овие мерки веројатно ќе го зголемат производството и вработувањето. Но, секако, мора да се запамети дека, за прв пат, откако синдикатите бараа за долго време, влијание на приходите, а воедно ако газдата бил „дарежлив“, тој ќе има царински олеснувања.
Покрај овие и некои други достигнувања, новиот договор презема многу од одредбите содржани во НАФТА. Така враќа бројни неоправдани правила во СТО, понекогаш ги прави полоши, особено во однос на заштитата на потрошувачите. Многу моќната индустрија на агробизнисот, успеа да ги наметне своите основни барања, а тоа да се исфрлат алармтие за потрошувачите за количтвото на шеќери во производот! Исто така може да се спомене правилата на монополот кои се доделуваат на фармацевтските компании (види член подолу), или дури и на новите правила за „дигитални трговија”, која, меѓу другите проблеми, забрануваат државите да бараат складирање на локалните податоци. Овие правила може да ја поништи сите напори на Владата да се заштитат приватноста и безбедноста на нејзините граѓани. Мерките за заштита на авторските права, исто така, бараат од Канада да го продолжи тековното времетраење на овие права на дваесет години.
Новиот трговски договор за Северна Америка, кој претставува микс на храбри намери и статус кво, ќе биде дебатирана од Конгресот на САД во 2019 година, а нејзината актуелна верзија веројатно ќе се смени. Победа на демократите во Сенатот или во Претставничкиот дом на Конгресот им даде можност да ги постават условите пред да го поддржат овој текст. Тие можат да ги покријат сите најтешки пропусти кои се видливи. Во секој случај треба да се направи обид да се подобрат одредени социјални стандарди, да се воведе клаузула за плати, за да се заменат арбитражните судови: достигнувања во овие области може да послужи како основа за идните кампањи, а не само во Северна Америка.
Од оваа гледна точка, отпорот кон сите придобивки на преговорите за овој Договор, заради мотивот дека тоа се случило во времето на претседателството на Трамп, ќе биде политичка грешка. Ова ќе им помогне на застапниците на неолибералниот статус кво, кои во истата кошница го прават изолационистичкото повлекување од Парискиот климатски договор и се противат на слободната трговија. Тоа подеднакво ќе ја поддржуваат идејата дека одбраната на НАФТА е единственото решение за Tрамповиот економски национализам, кој би го загрозила дваесет борбата долга 25 години на синдикатите. Претходниот бизнис модел на почетокот на 1990-тите години не беше толку ранлив. Толку многу што би било вредно да го убиеме.
(Лори М. ВАЛАХ е директорка на Public Citizen’s Global Trade Watch, Vašington).
(крај)