Сашо Башески од Прилеп е наш достоен преставник во финалето, виситнската кралица на натпреварот за оваа година Јованка Јо не доби доволно гласови од публиката по Фејсбуик. Се случи и скандал токму со гласањето – откриени се шпекулации со помош на хакери!
Како што се наведува во соопштение на продукцијата двајца натпреварувачи од редот на оние од првата полуфинална вечер на гласање по пат на Фејсбук се обиделе со помош на хакерски сервиси да добијат што повеќе гласови од публиката.
По хаосот што се случи во емисијата „Никад није касно“, кога водителот и уредникот Жика Јакшиќ даде изјава пред големото финале, тој не ги кажа имињата на оние кои пробале да добијат гласови со хакирање. Се знае само дека се работи за двајца натпреварувачи.
Подолу се имињата на седумте финалисти, но и бројот на освоени гласови, а она што е сигурно е дека првиот натпреварувач, кој е и победник на мрежите, секако не е дисквалификуван, иако не се доби некоја прецизна слика.
– Почитувана публика, анализата на полуфиналното гласање на Фејсбук откри дека двајца кандидати користеле хакерски услуги за вештачки да генерираат гласови со употреба на нелегални VPN услуги. На наше барање, анализата на гласовите ја направи швајцарската компанија NTH Media, која од платформата на Фејсбук доби детален извештај за секое пристигнато гласање со детален опис на времето, земјата, провајдерот и IP адресата од која пристигнал. Со дисквалификување на тие гласови добивме нов победник на гласот кој редовно освојуваше најголем број гласови, а тоа е Милош Радиќ Шеш, кому од се срце му честитам за заслужениот влез во финалето! – стои во соопштението.
Инаку ова е листата во која се и анонимните дисквалификувани натпреварувачи:
Милош Радиќ Шош 29,9 отсто од гласовите
Миленикот Војиновиќ 25,2 отсто гласови
Јована Јакимовска 18,8 отсто гласови
Ивана Стојовиќ 9,5 отсто од гласовите
Горан Миливојевиќ 8,4 отсто гласови
Златко Видовиќ 6,7 отсто гласови
Мима Орловиќ 4,4 отсто гласови
Последната натпреварувачка која го затвори ова полуфинале со прекрасна изведба беше нашата Јованка Јакимоска или Јованка Јо, која доаѓа од Скопје и има 47 години. По потекло е од Крушево.
Стручното жири на оваа специјална вечер го сочинуваа: Саша Милошевиќ Маре, Ана Бекута и Зорана Миќановиќ. Во својата кратка биографија, која тие имаа можност да ја прочитаат, Јованка напиша дека е разведена, а Зоран Миќановиќ се интересираше дали нешто се променило откако таа веќе се прослави преку музичкиот натпревар.
„Не е ништо сменето“ – кратко одговори Јованка, а потоа ја отпеа песната „Срцето уште не е уморно“ од Тереза Кесовија. Таа со овој настап ги воодушеви сите во студиото, а од жирито доби само пофални зборови.
„Јованка, пееш 20 години, и го зачувал тој прекрасен глас. Пеевте фантастичен опсег што е пеачка задача. Сакам да продолжиш понатаму, тоа го сакам од се срце“ – и рече Ана Бекута.
„Навистина браво Јованка, стварно уживав да те слушам, висиоките тонови што ги пееше беа одлични“ – кажа Зоран.
„Не го расипа просекот, само продолжи, ќе имаш прекрасна кариера“ – се надоврза Саша Милошевиќ Маре.
Жирито не ја стави во своите пет кандидати а гласањето најпрвин ја исфрли на второ место, но во ткот на денот дојде на четврто, па гледаме заврши на трето. Вистинска штета – таа беше дијамантот на овој натопревар и ако е некој оштетен, пред се од страна на жиритотоа е таа.
Но втората полуфинална вечер ни го попраи расположението. Сашо Башески од Прилеп (54) успеа да влезе во финалето по избор на стручното жири. Дознавме дека тој бил поканет на Валандово фест со што практично ги отворил вратата на флклорниот Пантеон кај нас.
Сашо од Прилеп во „Никогаш не е доцна“ ги воодушеви сите, и жирито и публиката со бојата на гласот, изборот на песните, но и со сталоженоста или како што беше речено со комплетната контрола на гласот.
Тој се опишува себеси како скромен човек кој навистина не ги искористил сите можности што му биле понудени во младоста кога е музиката во прашање.
– Со првата плата купив бас гитара веднаш штом се вработив и почнав како басист, а подоцна и како пејач. Не го гледам ова шоу како конкуренција, не мора да победувам, само сакам луѓето да ме слушнат. Да бев сега помлад, ќе ги искористев можностите што ми се укажаа тогаш, но не ги искористив. На пример, можности да се оженам – изјави натпреварувачот.
Само што излезе на сцената, Сашо ја поздравил публиката, а потоа призна какви биле реакциите на околината по првиот настап.
Нашиот прилепчанец во вториот настап ја отпеја песната “Да зна зора”, а со самиот избор на оваа композиција веќе предизвика позитивна реакција кај жирито и публиката.
„Феноменално, фантастично пеење, меко, средено. Се слуша дека можеш со гласот се’ што сакаш, а го користиш онолку колку што треба, тоа е голема уметност кога пејач знае да се исконтролира. Често имаме големи пејачи кои немаат таква мера, а ова е баш како што треба”, порача тогаш Маре.
Башески кој секаде оди со својот брат, со кого инаку настапува и со внукот (кој свири на иснтисајзер) напати ја носеше и мајка си, на која е особено горд. На псоледниот избор регираше мно0гу ладнокрвно, како човек кој контролира се во себе.